19.04.2013, 18:39 Едиторијал
Што се крие во општинските каси?
Иван Бојаџиски
Илчо Захариев, новиот штипски градоначалник, е познат како доблесен и чесен човек. Ја кажува вистината каква што е, не кокетира, не прави отстапки за крупните прашања. Познавајќи го како таква личност, штипјани, на мартовските избори, убедливо му ги дадоа своите гласови. Во градот не постои човек кој не е убеден дека колку што неговата победа е дело на владејачката партија, исто толку е резултат на личноста и моралните квалитети што ги поседува Захариев.
Од една таква личност која ја врши функцијата градоначалник на град кој дал најмногу политичари по глава на жител, можеше и да се очекува тоа што го направи тој. Прв помеѓу сите нови градски татковци да излезе во јавноста со отчет за финансиската состојба на Општината со која раководи. Захариев не сакаше да скрие ништо. Рече дека Штип моментно има долг од 2,7 милиони евра, а со кредитот од Светска банка од два милиона евра, оваа сума се искачува на фрапантни 4,7 милиони евра. Тоа е повеќе од годишниот општински буџет од околу 4,5 милиони евра! Захариев ја информираше јавноста дека во неговиот мандат нема дополнително да ја задолжува Општината ниту за евро, бидејќи не сака, кога ќе му заврши мандатот да остане запаметен како градски татко кој не водел сметка за финансиските можности на својот град.
Но, ако Захариев имаше доблест да постапи на вака одговорен начин, тогаш е факт дека неговата храброст и моралност го отвора прашањето за состојбата на сите општински каси. Особено, бидејќи постои мислење дека во најголем дел од општините пари нема, дека е доведена во прашање реализацијата и на само еден, а не на стотици проекти ветувани во предизборието.
Претходните градоначалници имаше од каде да ги полнат општинските буџети. Тие собраа големи суми од легализацијата на нелегално изградените објекти. На тоа се надоврзаа и парите од продажба на земјиштето за едно евро. Во многу општини, а Штип е можеби најдобриот пример за тоа, локалните бизнисмени кои имаат многу пари започнаа да инвестираат во градежниот сектор градејќи станбени згради, а Општината го здебелуваше своето ќесе со пари од комуналиите.
Што сега ќе продаваат и од што ќе собираат пари актуелните градоначалници? Не постои ниту најмало изворче кое ќе даде барем малку надеж дека ќе можат да се соберат пристојни пари за реализација на ветеното. А во предизборието се ветуваше се' и сешто, понекогаш дури и невозможното.
Она што го направи штипскиот градоначалник безусловно мора да го направат сите негови колеги. Тие мора да излезат пред својата локална јавност и да дадат отчет за финансиската состојба. Каква и да е таа. Ставањето на важните работи под тепих може само дополнително да ја усложни состојбата во општините, а градоначалниците заедно со општинските совети да се најдат на удар на оние што го дале својот глас токму за нив. Отчетноста е една од основните обврски на секоја власт. На народот да му се каже вистината е прашање на висок морален код на секој вршител на висока одговорна функција. Захариев беше јасен во својот став дека сега, откако е направена „завршната сметка“ од владеењето на претходната локална власт во Штип, и покрај празната каса и големите долгови, ќе направи се' Општината да функционира нормално. Штипјани се убедени дека нивниот градоначалник и овој пат ја зборува вистината.
Во неформални разговори, во муабети кои се шират по улиците на малите и на поголеми градови темата за финансиската состојба на општините е тема број еден. Основно е прашањето што се крие во општинските каси? Има ли пари, или повеќето од нив веќе фатиле пајажина? На градоначалниците е да ги „отворат“ информациите во однос на ова прашање и состојбата да ја споделат со својата јавност. Кон оние што општините ги оставиле без пари, а нивните наследници на најугледната функција во небрано треба да се преземат законски мерки ако парите ги трошеле незаконски и на криминален начин. Ако, пак, работата се остави за утре, тогаш нема да има ништо од ветените нови ликови на нашите градови и села, што беше услов народот на овие избори масовно да се определи за кандидатите на владејачката партија. |
Статијата е прочитана 1098 пати.
|
|
Испрати коментар
|
|
Коста Стоименовски, 20.04.2013 02:19:18 | Во поранешниот систем беше мошне актуелен терминот НЕПОКРИЕНИ ИНВЕСТИЦИИ! На времето еден висок екс-ју политичар тврдеше дека имале големи тешкотии да им објаснат на странците што значат непокриените инвестиции. Странците се чуделе, какви непокриени инвестиции кога се гледа фабриката за која се тврди дека е изградена со непокриени инвестиции. Со тогашните „непокриени“ инвестиции се градеа фабрики, електроцентрали, автопати, школи, амбуланти и болници... Сегашните дупки во државниот и во општинските буџети се всушност непокриени „инвестиции“, кои треба да ги отплатуваат идните генерации! Најголем проблем е тоа што сега нема непокриени инвестиции за такви објекти какви што се градеа во претходниот систем! |
| ivance, 20.04.2013 02:33:29 | Vo poveketo kasi ima PEPERUTKI !!!! |
| jovan, 20.04.2013 06:01:41 | Odgovorot na naslovot e DOLGOVI. A onoj Ilco Zaharievski ako mnogu e cesen, doblesen i mnogu zboruva, se znae naskoro sto ke go snajde. Ili ke propee nova pesma, ili ke go *snema*. |
| Stavre, 20.04.2013 06:52:09 | Општините се како трла без кучиња,ке дојде арамбашата ке си ги вработи сите роднини и приајтели на државниот буџет ке си лапне пари
од вработувањата,ке ги оплачка народните пари по сите можни основи ке си замине на бел коњ и ништо нема да му фали.Ако не верувате прашајте во една мала општина на Истокот од државата,неговото „Височество„ остави долг
кој нее конечен сеуште- над 250 евра по глава на жител,без да остави „дело„ зад себе.И види
чудо народот му се восхитува на херојството,а
иституциите на системот-дремат, ли дремат?!!!... |
| paljacio, 20.04.2013 07:10:18 | na kup zemeno, dupka od 1,5 milijadi evra. nisu to neke pare za nasu drzavu. |
| Nekoj, 20.04.2013 07:51:15 | Ke vidime, no kako sto trgnal nema daleku da stigne, se dodeka ne go vovlecat vo masinerijata.Tvrdam deka so negovoto ime nekakvi direktorcinja so uste pozolteni gaki, se falat deka lom ke pravele sega otkako dosol toj, bidejki bile sajka so Ilco.Ako trgne taka so Ilco, ke bide veselo. |
| milan, 20.04.2013 09:55:02 | Ovakov tekst ne vi trebase, pa ako vo site kasi ima peperutki,kako sto veli Ivance,vodstvoto na DPMNE ke go udri damla.Kako ke gi realizirat proektite, ta oni ostvaruvat neli,pa glasavme za dela No narodecot neka ne se sekira,zemjodelcite mirno neka si gi trosat subvenciite,(pak ke se zadolzime so edno 200 mil.evra) i pak ke bide kriv B.C. Zahariev e edini DPMNEovec za koj bi glasal i donekade uleva doverba, ama koga ke gi okacime gakite na stapot toa nema da ni pomogne.POZDRAV. |
| JAS, 20.04.2013 20:51:49 | Sve samo DELA |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 24°C
Ведро
|
Недела
Ведро
Макс: 21°C, Мин: 8°C
|
Понеделник
Претежно облачно
Макс: 22°C, Мин: 8°C
|
|
|
|
|
(ВИДЕО) Сто најдобри песни според „Ролингстоун“ |
|