19.04.2013, 18:37 Мислења
Тиранијата на политичка економија
Дени Родрик
Зошто политичките елити блокираат реформи кои би поттикнале економски раст и развој? Бидејќи растот и развојот би го поткопале нивното држење на политичка моќ
Постоеше време кога ние, економистите, избегнувавме политика. Сметавме дека нашата работа е опишување како работат пазарните економии, кога тие пропаѓаат и како добропроектирани политики можат да ја подобрат ефикасноста. Анализиравме размени меѓу конкурентски цели (да речеме, праведност наспроти ефикасност) и пропишаните политики да ги исполнат посакуваните економски резултати, вклучувајќи прераспределба. Од политичарите зависи дали ќе ги прифатат (или не) нашите совети и од бирократите да ги имплементираат.
Тогаш некои од нас станаа поамбициозни. Фрустрирани од реалноста дека голем дел од нашите совети останаа игнорирани (толку многу слободно пазарни решенија се' уште чекаат да бидат прифатени!), ние го свртивме нашиот аналитички комплет алатки на однесувањето на политичарите и самите бирократи. Почнавме да го испитуваме политичкото однесување, користејќи ја истата концептуална рамка што ја користиме за потрошувачки и произведувачки одлуки во пазарна економија. Политичарите станаа снабдувачи на политичка наклонетост со максимални приходи; граѓаните стана лобија за собирање наем и посебни интереси; а политичките системи станаа пазари каде што гласовите и политичкото влијание се тргуваат за економски бенефиции.
Така беше роден теренот на политичка економија со рационален избор и стил на теоретизирање дека многу политички научници лесно го имитираат. Очигледното подмирување беше дека ние сега можеме да објасниме зошто политичарите направија толку многу работи кои ја прекршија економската рационалност. Всушност, не постоеше економска неисправност што двата збора „лични интереси“ не можеа да ги објаснат.
Зошто толку многу индустрии се затворени за вистинска конкуренција? Бидејќи политичарите се во џебовите на службеници кои ги собираат наемнините. Зошто владите подигнуваат бариери за меѓународната трговија? Затоа што корисниците на трговската заштита се концентрирани и политички влијателни, додека потрошувачите се дифузни и неорганизирани.
Зошто политичките елити блокираат реформи кои би поттикнале економски раст и развој? Бидејќи растот и развојот би го поткопале нивното држење на политичка моќ. Зошто постојат финансиски кризи? Бидејќи банките го освојуваат процесот на креирање на политиката, така што тие можат да преземаат прекумерни ризици на сметка на пошироката јавност.
За да се смени светот, ние треба да го разбереме. И овој начин на анализа се чинеше дека не' пренесува на повисоко ниво на разбирање на економските и политичките резултати.
Но, постоеше длабок парадокс во сето ова. Колку повеќе тврдевме дека е објаснувачки, толку остануваше помал простор за подобрување на ситуацијата. Ако однесувањето на политичарите се одредува од личните интереси на кои тие се обврзани, залагањето на економистите за реформи на политиките е на пат да биде игнорирано. Колку е покомплетна нашата општествена наука, толку е поирелевантна нашата анализа на политиките.
Тоа е местото каде што се губи аналогијата меѓу хуманите науки и природните науки. На пример, односот меѓу науката и инженерството. Како што научното разбирање на физичките закони на природата станува пософистицирано, инженерите можат да изградат подобра мостови и згради. Подобрувањата во природните науки ја зголемува, наместо да и' пречи, нашата способност да ја обликуваме нашата физичка околина.
Ако ви се чини дека дека нешто не е в ред со ова, вие разбирате нешто. Во реалноста, нашите современи рамки за политичка економија се полни со неискажани претпоставки за системот на основните идеи на работењето на политичките системи. Ако тие претпоставки станат експлицитни, решавачката улога на личните интереси испарува. Идејата на политиката, политичкото раководство, и хумани агенции се враќаат во живот.
Постојат три начини на кои идеите ги обликуваат интересите. Прво, идеите одредуваат како политичките елити се дефинираат себеси и целите што ги следат - пари, чест, статус, долговечност на власт, или едноставно место во историјата. Тие прашања за идентитетот се централни за тоа како избираат да дејствуваат.
Второ, идеите ги одредуваат ставовите на политичките актери за тоа како функционира светот. Моќни бизнис-интереси ќе лобираат за различни политики кога тие веруваат дека фискалниот стимул дава само инфлација, отколку кога тие веруваат дека создава поголема вкупна побарувачка. Владите гладни за приходи ќе наметнат понизок данок кога тие мислат дека може да се избегне отколку кога мислат дека не може.
Најважно од аспект на анализа на политиките, идеите ги одредуваат стратегиите за кои политичките актери мислат дека можат да ги следат. На пример, еден начин елитите да останат на власт е да ја потиснат целата економска активност. Но, друг е да се поттикне економски развој, а во исто време да се внесе разновидност во сопствената економска база, воспоставувајќи коалиции, негувајќи државно-управувана индустријализација, или следење на разни други стратегии ограничени само од имагинацијата на елитите.
Политичката економија несомнено останува важна. Без јасно разбирање кој добива, а кој губи од состојбата статус кво, тешко да се сфати смислата на нашите постојни политики. Но, преголем фокус на личните интереси лесно може да не се пренасочи од критичкиот придонес што може да го направат анализата на политиките и политичкото претприемаштво. Можностите за економски промени се ограничени не само од реалноста на политичката моќ, туку, исто така, од сиромаштијата на нашите идеи.
(Авторот е професор по меѓународна политичка економија на Универзитетот „Харвард“. Пишува за „Проект синдикејт“. „Утрински весник“ е дел о од
мрежата на„Проект синдикејт“).
|