22.04.2013, 18:33 Мoe ќоше
Гудбај, Америка
Ерол Ризаов
Стејт департментот нарача пролетно будење во Македонија
Некој нарачал тревога за општа опасност во Македонија. Сирените пиштат, избезумен му вртам телефон на претседателот на државата Ѓорге Иванов. Ми вели не ми го троши бадијала роамингот јас садам дрво во Торонто, тука сум со нашинците, а до мене има и еден локален функционер од општината. Не ги вознемирувај граѓаните, нема никаква опасност за татковината. Се' е под контрола. Тоа што слушаш завивање на сирени не е тревога, тоа Америка ни' нарача будење, ми објасни набрзинка претседателот ни. Како што сум шубелија, веднаш му вртам на премиерот Никола Груевски. Не ни чека да го допрашам, вели јас сум во Аргентина на лов, не кревај паника, нормално е Србија пред нас да ги почне преговорите за влез во ЕУ и во НАТО. За тоа платија со територија речиси колку Македонија. Што ловите премиере го прашувам со олеснување. Капиталци, ми вели, фаќам богаташи, милијардери, разни други инвеститори кои ќе вложуваат големи пари во Македонија. Исто како што го фатив оној Субрата во Индија и Слим од Мексико. Затоа ќе скокнам до Бразил. Ама, пред Велигден сум дома. Бидете без гајле.
Чекај си велам да му свртам на Трајко Вељаноски, тој ќе знае да ми објасни човекот е ептен верзиран за вонредни и деликатни ситуации, особено кога има голема опасност. Каква узбуна човече, какви алармантни извештаи. Не ме вади од памет. Јас сум на Кипар, најизворно се запознавам со повеќе начини како да се реши економската криза, како се земаат пари од банките и од граѓаните без задолжување и како да се полни државната каса. Има повеќе варијанти да се убедат пратениците да не прават пречки при носење на Буџет. Мојата дискусија на оваа тема со лични искуства беше одлично примена. Добив силен аплауз. Америка, каква Америка, ми вели Вељаноски, нивниот Извештај е за лани. Кој сега ќе прави празни муабети за ланскиот снег. Американците доцнат. Ние сме многу понапред со таа фаза. Во ек се преговори за формирање Комисија за да се испита случајот. Оваа година ќе ја завршиме таа работа.Така што и догодина нивниот извештај ќе биде за лани. Постојано тој извештај е бајат.
Конечно ми текна. Чекај јас да си го прашам заменикот премиер и министер за финансии Зоран Ставрески, што сакаат америте од нас, што вака не' потресуваат. Зоран вели, јас сум во Вашингтон со гувернерот Богов. Ете си викам што е прав човек на право место. Во Вашингтон, ќе биде, ами каде. Им лепна ли во лице на Американците што не' плашат тука дека ни е лоша состојбата, прашувам. Нам состојбата ни' е како во рајот, ним не им чини изгледа работата. Ние сме нискозадолжени, а тие се најзадолжени во светот, ги цитирам домашните експерти и премиерот. Полека, ми вели Ставрески, не сум дојден за тоа, тука сум да ги подучам овие од ММФ како со нивни пари се добиваат избори. Додуша знаеја како направивме голем потег кога 2011 година во буџетот уфрливме 230 милиони евра пред избори. Тие пари ни ги дадоа што се вели за зорт заман. А, има ли поголем зорт од тоа да не се изгубат изборите. И сега така си правиме редовно пред секои избори. Уфрламе по неколку стотки во милиони евра заем во буџетот, ќе платиме се' што треба и кај треба и нормално победата е наша.Чудо прават парите, ако има паметна власт.
Си викам и овој ме вози, дај да му се јавам на Никола Попоски, министер за надворешни работи, фин човек, башка тој е близок со Американците ќе ми каже од прва рака. Вели, јас сум во Женева, водиме една многу стручна расправа за безбедност, колку ангели можат да застанат на врвот на една игла. Престанав да sвонам. Ме фати паника. Ако и министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска не е тука, си реков, отиде државата. Па ова ти било општа бежанија, никој од државниот врв не е дома. Сите се разбегале. Таман помислив дека тоа и не е така лошо, кога ми звони Гордана, лично. Вели џабе се радуваш. Погрешен ти е заклучокот. Тоа што го помисли не е доказ дека на Македонија не и треба раководство, туку дека толку е стабилен системот што функционира и без нив. Вџашен што знае што мислам, се вадам, ама останавме обезглавени, никој нема дома, од што толку се уплашија. Како никој нема, па јас сум тука, тука е и Али Ахмети, а и Талат Џафери само што се врати од Косово. Тоа е доволно за здрави и стабилни системи.
Нема друго чаре му вртам на Обама. Му велам како можевте претседателе на светот толку да не' оцрните. Никогаш немало полош Извештај за Македонија. Претеравте. Велите има корупција во Владата, тврдите дека не се почитуваат законите, нема правна држава, се крши Уставот, во парламентот се тепаат пратеници на опозицијата, велите, дека и судовите и полицијата ги кршат законите, дека селективно се гонат само политичките противници, тврдите дека за никаде била работата со медиумите, биле целосно под контрола на власта, ��ека имало цензура и самоцензура, имало меѓуетничка напнатост и дискриминација, дека Владата ја користи лустрацијата за напад врз политички неистомисленици, велите дека Македонија не е демократска земја. Па, и ако е и од вас многу е, што мислите вие.
Обама возвраќа, кажете што не е точно дали нашиот Извештај, или вам ви е за никаде работата. Е, па сега господин Обама ќе видите вие што е слободно и критичко новинарство кога ќе ве подберат нашите храбри перјаници за заштита на ликот и делото на Владата и лично на водачот Никола Груевски. Ќе зажалите што воопшто сте ја спомнале во тие ваши извештаи Македонија. Вие ли ќе ни кажувате нам што е демократија, а што им направивте на Индијанците и на црнците. Ќе ве прашаат утре нашите патриоти.
Е, па драги мои што да ви кажам. Сам треба да си одработам, кога фатиле сите магла. Работата е збогум Америка, добро утро Македонијо, разбуди се. Тоа би бил најкусиот мој коментар по последниот Извештај на Стејт департментот за човековите права во Македонија. |
Статијата е прочитана 5802 пати.
|
|
Испрати коментар
|
|
Nekoj od nadvor, 23.04.2013 00:20:34 | Ha ha ha, bash me nasmeavte... neka neka shetaat. Samo zalnoto vo seta prikazna e sto nikogas ama nikogas Makedonija ne uchestvuvala seriozno vo kreiranjeto na svojata sudbina i ja ostavala rabotata vo tugi race. Sega znaete zosto? |
| Itar Pejo, 23.04.2013 00:29:07 | Erol e kako crno vino. Kolku e postar tolku e podobar. |
| Telefonist, 23.04.2013 00:37:08 | Erole na pogresni telefoni vrtis zatoa nikoj ne ti odgovara. Probaj kaj SDSto dodeka se seuste zivi od tamu sigurno so zadovolstvo ke ti odgovorat se sto sakas i kako sto sakas pa sledniot pat pisi ni pak da citame so zadovolstvo i nie. Zav tebe nema da e problem imas ti jaki i bliski vrski i mozes direktno na tvojot Brane da se javis ne samo na rabota i na mobilen i doma ako sakas. |
| Drzava li e ova ili panadjur?, 23.04.2013 00:39:42 | Ne znam dali ne USA ili sam Bog chuva, ama znam deka ovie shto ne toboze vodat i se zadolzeni da ne chuvat, ama bash oko ne im trepnuva. Posebno e karakteristichna sostojbata vo drzavata pri odsustvo na premiercheto. Voopshto, koga se neshto problematichno sluchuva, toj na vreme *kida udesno*. Ednostavno, go snema! Ako e sega prichina porazot vo Centar, sose site zaebancii, a bogami i otchetot, dobro ce da e! Da ne e neshto postrashno, nedaj boze vojna. E od toa se *golemite makedonci* plashat. *Branko nered/vojna ke pravel, a ja da go glasam? E ne moze!*??? PS: Srbin (vo sluchajov *makedonecot*) rado ide u vojnike, dvajca ga vuku, a trojca tuku. Naravuchenie! |
| milan, 23.04.2013 00:42:36 | G-dine Erol, ako dobro slusnav na kanal5 predsedatelot Ivanov rece deka Makedonija e Kanada na Balkanot. (nekoj porano rekol deka e Shvajcarija na Balkanite) Potoa Grujo ke ni ulovi bogatasi od Argentina i Brazil,Trajko se zafatil so krizata vo Kipar,red e da mu pomogneme na Kipar,a Stavre vo lice ke im zameri na Amerite sto sirat dezinformacii.!!!!!! Me nasmeavte Erole ama rabotata e za placenje.Porano predsedatelot K.Gligorov zaplaka -neka mu e lesna zemjata-ama sega e na nas red. Vo vremeto na Kiro i Branko ne se desi vo drzavata ednovremeno da bidat otsatni predsedatelot na drzavata, predsedatelot na vladata ili predsedatelot na sobranieto. POZDRAV. |
| jovan, 23.04.2013 00:54:03 | Selo gori a nema ni baba da se cesla. Otisle kud koj mili moj. Nie si se zezame, no situacijata ni e strasno neizvesna. Ovaa bezanija mi mirisa bas na bezanija, sto na kraj ili ke zavrsi so vistinska bezanija, ili ke gi fatat za vrat, ke napravat nekakva siroka koalicija ili tehnicka vlada, pa ili ke potpisuvaat, ili ke letaat glavi, ke se parci teritorija...i da ne kazuvam mozni crni scenarija. Pa ne za dzabe i Branko ne saka da bide ni pocesen pretsedatel. Namirisal toj star volk deka ke ima nekoja krupna desavanka ovde vo koja toj ne saka da ucestvuva. Ne e toj covek tolku naiven tuku taka da se *isplasil* od Grujo pa da se povlekuva vo moment koga partijata mu e bukvalno pred raspad. Ke se vrati on koga site ke bidat politicki mrtvi. |
| A za Dzeronimo?, 23.04.2013 01:27:46 | Erole , si trebalo da zazvonis i kaj onie vladini telali; posebnoi kaj Mirka, Latas ,Janko pa i Milenko, a moze i Zoro. Mirka vece gi zasucila rakavite i pisuva osvetnicki tekstovi za genocidot vrz indijancite, buntot na Apacite i Dzeronomo i surovosta na amerikanskata voska so niv , a i za dovezuvanje na crno robje vo Amerika vo 17 i 18 vek Ce gi napravci puzder amerite i ne ce znaat vo koja dupka da se skrijat od nasata Mirka.A za ona sto seto rakovodstvo e razbegano,kud koj mili moj, ic da ne se sekiras. Podobro ni odi koga ne se tuka. Kamo sreca tamu da ostanata kako imigranti, ama ne gi primaat i na zalost pak ni se vracaat od tie patuvanja. |
| zik, 23.04.2013 02:17:25 | ovie se novokomponirani noevi.glavata ne im e vo
pesokot tuku pesokot vo glavata |
| Oho!, 23.04.2013 03:04:16 | Erole, da bev profesor, a ti da bese moj student, ke ti pisev cista desetka! I fala ti sto me raspolozi vo ovie sitni saati :-) |
| Donka, 23.04.2013 03:20:33 | Kako i sekogas blagodaram sto mi go razubavivte denot so Vasata kolumna! Pozdrav! |
| Arangelkovic, 23.04.2013 03:21:58 | Erole, sto ti trebese takov napis. Telefonistot jok te napravi. I taka ti treba oti so polna svest go izostavi Crvenkovski!? |
| pile, 23.04.2013 03:29:48 | Vakviot odnos kon izvestajot na Stejt departmentot na SAD, bez bilo kakov komentar od strana na Vladata na familijata i Gruevski kako i odnosot kon delegacijata na NATO alijansata, za kratko vreme Gruevski ke go cini mnogu poveke od toa sto mozje da pretpostavi.Vo eden komentar pred priblizjno edna godina, napisav deka sto porano Gruevski i familijata zaminat od vlast podobro i za DPMNE a i za Republika Makedonija.Vo edna izjava za veke zgasnat nedelen magazin Lj.Georgiervski pred vonrednite parlamentarni izbori 2011 godina javno prasa,Gruevski neli ti bese dosta.Znacenjeto na ocenkite vo izvestajot na Stejt departmentot na SAD za 2012 godina za demokratskite vrednosti vo Republika Makedonija, dobro im se poznati na site seriozni investitori vo svetot.Sepak na lagite im doagja krajot.DOSTA BESE,NAPRED. |
| oslo, 23.04.2013 06:14:55 | kolumnataje zanormalni kojarazbiret ovije vmro ovci tijese nepismeni ovije stose navlast dovcera nemaja gasti iskinati noseje sega imse pruza prilika put oko svet muse ostvari decij sontoaje vistinata koga imat vmro ovci takatijetoa tijese slepci |
| STOJAN., 23.04.2013 06:41:51 | SKOPSKI EFENDIJO me iznenadi i me zacude. Pa dobro bre Efendijo stom tolku si se izmacil barajki makedonskive drzavnici rastureni niz cel svet po GOSTI i nivna licna rabota pa duri si mu se javil i na BARAK OBAMA pa zasto togas ne go zamole gospodine PREDSEDATELE imamo tamo u amerika nasa MANGUPARIJA i KRIMINALCI ti se molam ako mozes stajgi za malko vreme u zatvor da zdivne od niv narodov i togas Efendijo uste eden fon kol ovde u Makedonija do nekoj penzioniran VODNIK ili DESETAR slusajte brako Makedonci makedonija momentalno je bez STOPAN TRLO polno so ovce a nema niti edno KUCE da gi brani od VOLCI morame da cinimo CARE mora nekoj od vas da se najde SAJBIJA a ti si se namucil si ostanal bez spiene a ovie mangupive ke se vrativ doma pred veligden so POLNI KUFERI ti go znaes mentalitetot na nasiot od rabota upropasten GURBETCIJA da im podfrliv na mangupive sto mozt pa tie mozda samo mozda ke im pomognale nekomu od familijata. |
| Миле, 23.04.2013 06:50:20 | Ај што се рашетале по светот трошејки народни пари - туку воопшто да не се вратат назад. |
| meksikanec, 23.04.2013 07:22:26 | Blagodaram,Nasevo rakovodstvo odkako gi zasmrdi rabotite so pratenicite i novinarite vo Sobranieto,namesto da propadne vo zemja od sram,zatoa sto vo poslednite sedum godini kako e na vlast nisto dobro nema napraveno,tie pocnaa da se prcat pred narodot,,pravdajki se so EU i Amerika,zatoa sto odma ne gi osudi.Ete poleka i EU,i MMF,i Amerika si go kazaja svoeto.Tie ne se kako Gruevski Horhe i nivnata novinarska garda Latas,Milenko,Mirka i Jadi burek da reagiraat odma-sto na um to na drum.Nivnata reakcija sekogas e proverena, milimetarski tocna,dobro detektirana,i hiruski precizna.Toa sto tie na koi im e nameneta, ja minimiziraat e druga rabota.Taka se odnesuvaat i sprema porazot vo Centar, preku koj se detektirani site malverzacii na izborite od koi namesto da se sramat,tie se falat.Opravduvajki gi site nedozvoleni sredstva so koi javno go ponizi svojot narod,pravejki go nedoveten.Veke pocnaja da go laziraat izvestajot za Skopje 2014.,a vlasta kako da se rastrca niz svetot po zasolnista. |
| deutschland, 23.04.2013 07:37:41 | Go citam gos.Erol i mu zaviduvam,kako nemu taka i na nekoi drugi opoziciski novinari!Zosto?pa gledate li moi sogragani sto vi e toa DEMOKRATIJA na kvadrat ma na kuben metar vo Makedonija,glavnite kriticki nastroeni novinari koi pisuvaat protiv Vladata gi imaat privatnite tel.broevi na Precedatelot,Premierot i site Ministri od Vladata i im se javuvaat koga sakaat i so niv si razgovaraat koga ke si posakat!!!Ako toa ne e DOKAZ za DEMOKRATIJA neznam sto e!!ednostavno BRAVO!Amerika e sekogas vo pravo,tuka nema mesto za razni igri,tuka nema prevrtlivost,nema interesi-Hello Amerika Forever!-se slozuvam so Rizaov deka USA e srceto na demoktatijata,ke ja sledime!!Kolku i da se pokusava da se obrnat ulogite edno e jasno-podrskata od USA ja ima vmro a ja nema sdsm!isto vazi i za podrskata od EU-ja ima bezrezervno vmro a ja nema sdsm,toa e FAKT!nikoj ama bas nikoj NE vidol tepanje na pratenici,teska ekonomska kriza,crnilo(ma kakvo crnilo od tursko e potesko)....OSVEN sdsm i nejzinite podrzuvaci.. |
| Pejo Glupaviot, 23.04.2013 07:43:38 | Se mislam nesto Erole: da ne se spremaat pak nesto da dojdat Predsedatelite na Kosovo i Albanija? Da slavat nesto ili uste povazna rabota planiraat stom site se razbegaa? |
| ФЕЛИКС, 23.04.2013 07:52:47 | Скоро се што беше опфатено со пролетниот извештај на СД држи на тежина.Од судство преку медиуми па се до партиските вработувања. И тука нема што да се додаде или одземе.Но има нешто друго препознатливо и постојано.Кога се добиваат негативни оцени домашниве Насредин -оџи знаат добро да ги прочитаат пораките кој ги добиле анамките тука.Но кога имаме обратна ситуација тогаш истите Насредин-оџи го губат талентот за читање,го читаат ненапишаното и плус ги збунуваат анамките. И на крај кога веќе изборите завршија,кога веќе нова изборна треска ги фаќа опозиционерите се прашувам дали авторот ќе смогне сили да се јави на партискиот опозициски телефон и да праша,,до каде сме,што правиме,,Па тоа да ни го прочита како аналитички одговор од своите.Или по навика вакво ,,ситно,, случување ќе помине незабележано.А можеби има и оправдување оти извештајот од СД треба да добие аналитичко сериско траење како АСИ. |
| seirdzija, 23.04.2013 08:02:12 | Liderot ke se izvlece,zatoa ke mora Pedro da visi eden den!!!A gi ima mnogu Pedrovci i kaj tebe kako komentatori koi so godini branat naludnicavi ludje za sitna para!!! |
| Stipjanec, 23.04.2013 08:03:01 | Erole, Erole ne popravli si. Ednas opozicioner-vecno opozicioner. Ne deka ne si vo pravo toa sto go pisuvas, ama tolku pesimizam? Pa za sekoja situacija ima resenie. Za prezadolzenosta, spomenicite, ringispilite i za se drugo sto ne kritikuvaat Amerikancite, ima resenie, i te kakvo. I toa mnogu ednostavno! Sega, dodeka e Pretcedatelot vo Kanada, ke trkne i do Amerika, i ke se vidi so Obama, ke mu namigne, a Obame siot sreken od namiganjeto, ke vozvrati: OK my dear friend, don`t wary be happy. Ete, toa e fintata na Macedonisen Cusdence. |
| Zvonko, 23.04.2013 08:03:02 | Odamna e recenoBy By Americauste koga Ljubco mu poraca na Bush deka Amerika e najteroristicka zemja i deka Bush e najgolem terorist,go pametite toa koga mu go kaza na togasniot Americki ambasador vo Makedonija.Na poslednite pretsedatelski izbori vo Amerika Grujo tipuvase na Republikancite(nekoj strucno mu go spusti),pa sega ke vrti okolu Amerika zasto vnatre nikoj ne go ferma.Arno ama zatoa ima prozorci kon svetot :Katar,Azerbejdzan i slicno autsajderi.Seikot od katar go prima so creven tepih i garda,a so delgacijata od EU si igra simultanka ko sto veli izbriceniot Milenko(Mirka) |
| ZEMJATA, 23.04.2013 08:07:36 | Vo normalna drzava spomenatava bulumenta ne moze da vodi nitu MZ.Samo se molam na Boga Pastirov da odi do kraj so inaetot za i nie da vidime nekoj sebap od Jenkive inaku nie otidovme kurban prekrsteni a Pastirot nafatiran odmara na nekoj egzoticen ostrov. |
| Branko, 23.04.2013 08:40:35 | Ocigledno, ministerceto za zdravstvo pod itna postapka ke treba da go zgolemi brojot na psihijatrite. Politicarite poulaveni, ni go poulavuvaat narodecot. A mladite se bi dale samo da pobegnat od ulavoto mesto. |
| Коста Стоименовски, 23.04.2013 08:51:12 | Мошне добра козерија, која некого може да го насмее, но и која кај оние што мислат со своја глава може да предизвика загриженост па и плачење. Во светот има многу мали држави кои се почитувани и уживаат висок рејтинг. Меѓутоа, кога една мала земја ја водат политичари кои си умислуваат дека се потомци на најголемиот освојувач во историјата и дека управуваат со неговата империја (до Хималаите) таквата држава, за жал, служи за потсмев во светот! Српските лидери жестоко работат за осигурување на и��нината на Србија и на српаскиот народ, подготвени да ги жртвуваат и своите политички кариери, успеаа да надминат еден мошне тежок проблем и дефинитивно да добијат термин за преговори со ЕУ. За разлика од нив, нашите политичари, со народни пари, си прават прошетки по светот и си уживаат. Па нели граѓаните им ја дадоа довербата за да можат да прават што сакаат?! |
| Miki, 23.04.2013 08:51:22 | ZAVRSI TINTRANJETO - DOAGJAAT SAMARITE! FAMILIJO MILA EM DRAGA - DRZ GI UCKURITE! |
| jovan, vlada @, 23.04.2013 08:53:39 | Еднно кратко и концизно прашање за „трансмитерот“ на оваа нарачно ќоше-Алоооооо Ероле, кога ќе се осветиш ти да не бидеш измеќар за ситени пари во форма на грантови, удобни фотељи за фамилијата а?? Ероле време е, за пари и одмаздољубие се продаваш, а уствари ти си тој што си! Поздрав до некој подобри времиња за неко друго новинарство во некое друго време со некои други нови дечки осолободени од разно разни грантови под превезот на демократија. Ех бре Ероле, ситни пари се ...... ситни..... |
| jana, 23.04.2013 09:01:34 | STEJT departmentot ubavo ni gi otvori ocite, ama nema koj da go prochita pravilno. VLADATA molchi, izgleda go pakuvaat izveshtajot kako za na svadba, za pred gragjanite. Ke go chueme Latas koga ke ni kazhe deka izveshtajot e odlichen so zabeleshki , opozicijata i Branko da bidat pokonstruktivni, da ne davaat Otpor- oti kaj nas se si funkcionira najdobro, pa duri i vo otsustvo na politichkiot vrv. Site pretsedateli kaj nas si se sigurni vo sigurnosta na drzhavata pa trgnaa na,, lov ,, po investicii. Eh, kako ne me zedoa i mene, dodeka tie lovea, jas malku ke proshetav niz RIO, Buenos Ajres, Meksiko, |
| Rezziloff, 23.04.2013 09:01:48 | Извештајот од Америка, кој за мене е само една гола форма на притисок во преговорите за името,му го стопли срцето на господинот Ризаов и сличните.Да не беше и авторот на ручекот на Жерновски со странските амбасадори пред изборите?Или такви работи не (треба да) се гледаат. |
| penzionerka od doma, 23.04.2013 09:26:08 | Erol, prijate; site si razotidoa koj-kade da si go berat caaireto.Nie doma vaka , preku tvoite kolumni *za placenje i smeenje* ke si se raduvame sto povremeno ni e super bez Vlada, oscen sto Beti ostana da ne laze,a veruva i se raduva deka takareci za bin-badava ni go smenija likot na Skopje.Pa uste ne ubeduva deka sega imame polno turisti!Pa ke imame; sakaat da se uverat na lice mesto sto bruka od grad ni napravija *prerodbenicite*. Samo ovie sto shetaat niz svetot, *u zla doba...* ne e tuku taka! Kanda, neli e son za nova pecalbarska emigrasija! A juzna Amerika, ha...tamu se povlekoa site nacisticki begalci, pa baraj gi posle za da gi kaznis.. Onoj vo SAD otide da vidi , dali ke mu dadat edno od rabotnite mesta kade beshe, po site uslugi sto im gi napravi na Bankata, na koja kako zalog i ja ostava cela ili rasparcena Makedonija. Samo onoj vo Nikozija ke( ne ) sredi,da go pomagame Kipar?!Nam ke ni ostane da go molime*Branko Vrati se*,da ne spasuva kako koga ja pravese Makedonija!! |
| ljupco, 23.04.2013 09:46:22 | gi citam site kolumni,od site ama vasive se ne za 5 nego profesor nemoze da ve otceni,za mene se sto pisite e realno kolku ,realnosta e svajket politicarive. |
| Vesna, 23.04.2013 09:46:49 | Informaciite za sostojbite Amerika gi gleda preku satelit, neka dojdat ovde Amerikancite da vidat kako e(ako smeat) ,vednas ke go smenat i mislenjeto i izvestajot. Nasive velat med i mleko tece, sto im gajle na tie nekoi si Amerikanci kako ni e na nas? |
| stojan, 23.04.2013 09:47:52 | Samo g-din Rizao ostana prav novinar vo ovie vreminja-nevreminja!Bravo!KOga ke se osvestime ke bide kako i sekogas mnoooooogu kasno,prezadolzeni,podeleni,ispokarani,so prodaden ELEM i sto uste ne.Ova e strasnooooo! |
| S.P., 23.04.2013 10:11:38 | Sto velite G-din Rizaov ovie da ne si pravat otstapnica???
Drzavata ni e bez kompas a nie ic gajle si nemame, ne ni bega sudbinata na Titanik. |
| wd40, 23.04.2013 11:11:22 | Drzava koja ne pocituva nikakvi megunarodni zakoni ne moze da deli soveti i um na drugite vo svetot...Erol sedni napishi neshto za Guantanamo Bay, Iraq, Afganistan, N. Korea, za tajnite zatvori na CIA, za nesposobnosta da sprecat dve deca da napravat rsum na Bostonskiot Maraton, napishi neshto za nivniot budzetski deficit pa posle sedni razmisli na kogo mu treba Proletno budenje |
| Caro-kann, 23.04.2013 11:19:00 | Eх бре jovan,vlada,ако е тоа што ти го бараш,останавме и без новинари и без новинарство!!!Можеби и нема толку да се познае и некој посебно да се возбуди,ако
г-динот Ризаов “...се освети (претпоставувам освести)“ и не биде “измеќар“ за ситни пари
(море батали ги ситните,што правиме за крупните),во било какви форми,но што правиме ако другите “се освестат“(иако и јас и ти не веруваме во тоа) и не измеќаруваат за значително поголеми материјални и статусни права.О��танавме и без електронски и без пишани медиуми,многу “експерти“ ќе отидат “јабана“,па ќе ни остане чисто медиумско поле!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!
п.с. Сеуште го чекам твојот одговор односно одговори и за “твоите мисли во мојата уста“ и за “caro-kann............СДСМ“!!!!!!!!!!!!! |
| ANE, 23.04.2013 11:53:32 | Абе луѓе, овие изгледа тргнале по азил....штом е така, ајде сите бегааај - кој кај ке стигне, ...спасуваааај се... |
| svet, 23.04.2013 13:05:54 | dobar den na site ,no deneska primetuvate kako FELIX i DEUTSCHLAND poranile ,samo me cudi kako pisuvaat vo isto vreme izmegu 15 min razlika a denes 10min,i sekoj den vo isto vreme , edniot ima dvojnik , i ne razbiram tolku arogantnost vo edno zivo sustestvo |
| od bitolcanka, 23.04.2013 15:25:49 | do telefonist pa ti zagreotka si deka nesi znael deka branko nee na flast nikogas opozicija i novinari nese zvoni inese prasva tie se brka od parlamento zaboravi li nee vazno kolky go mrazis rizov ti i mnogy kako tebe pak e najpoveke citan |
| Кодош напис во кодош медиум. Да ги збиеме редовите, 23.04.2013 18:39:23 | Сите на иста линија. И кодошите и Грција и Стејт извештајот. Да се сплотима во одбрана. |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 15°C
Ведро
|
Четврток
Сончево
Макс: 27°C, Мин: 11°C
|
Петок
Сончево
Макс: 28°C, Мин: 13°C
|
|
|
|
|
(ВИДЕО) Сто најдобри песни според „Ролингстоун“ |
|