22.04.2013, 18:57 Како Жерновски го порази Тодоровиќ
ВМРО-ДПМНЕ го изгуби Центар по 13 години владеење во оваа општина, а лидерот на ЛДП успеа да го ублажи поразот на опозицијата на централно ниво
Александра М. Митевска
Центар стана опозициска оаза во главниот град, откако претседателот на ЛДП, Андреј Жерновски, оствари убедлива победа над Владимир Тодоровиќ од ВМРО-ДПМНЕ, во т.н. трет круг од локалните избори. Од поодамна, повеќе сигнали упатуваа на тоа дека опозицијата може да се надева на успех во оваа скопска општина, чие опозициско расположение дојде до израз уште во 2011 година. Но, во овој политички момент, триумфот на Жерновски над Тодоровиќ заслужува посебна анализа, во контекст на големиот пораз што го доживејаа опозициските партии на централно ниво, вклучително со градот Скопје и другите скопски општини.
ВМРО-ДПМНЕ го изгуби Центар по 13 години владеење во оваа општина, со двајца градоначалници. И мнозинството во Советот на Центар сега е во рацете на опозицискиот „Сојуз за иднината“, кој освои 12 мандати, наспроти 11 на ВМРО-ДПМНЕ.
Резултатот во срцето на главниот град се толкува како порака од гласачите дека не го вреднуваат проектот „Скопје 2014“, онака како што на него гледа Владата. Тодоровиќ, кој пред доаѓањето на градоначалничката функција не беше сметан за личност со тежок политички багаж и со големо влијание во ВМРО-ДПМНЕ, јавноста наеднаш почна да го доживува како еден од главните креатори на споменичната инвазија, поради нејзината концентрација во центарот на Скопје. Од друга страна, Жерновски уште есента, кога беше промовиран за градоначалнички кандидат, најави ревизија на „Скопје 2014“.
Политикологот Владимир Божиновски, сепак, смета дека реакциите за овој проект немале клучна улога во поразот на Тодоровиќ. Според него, главен фактор за победата на Жерновски е незадоволството на граѓаните од зонското паркирање.
„Проектот ’Скопје 2014’, секако, дека има влијание на резултатот, но прашање е дали тоа е негативно или позитивно. Да беа реакциите за овој проект толку негативни, тоа ќе се одразеше и на ниво на Скопје и во другите скопски општини. Но, Коце Трајановски победи во Центар, а кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ победија во повеќето скопски општини“, објаснува Божиновски.
Тој смета дека Жерновски, ако сака да постигне повисок рејтинг, прво треба да ја среди состојбата со паркирањето, на задоволство на граѓаните на Центар. „За него ќе биде многу погрешно ако во текот на мандат се фокусира на централна политика, наместо да се занимава со локалните проблеми на граѓаните што му го дадоа мандатот“, вели Божиновски.
Жерновски успешно го положи првиот изборен тест по доаѓањето на кормилото на ЛДП - партијата за која, поради самостојниот изборен настап, завршија неславно предвремените парламентарни избори во 2011 година. Повеќе од три илјади гласови разлика ја потврдија победата на Жерновски наспроти досегашниот градоначалник Тодоровиќ. Посебно е индикативен податокот дека неговата предност порасна тројно во текот на прегласувањето - во 29 од вкупно 66 избирачки места.
Одлуката на Управниот суд за поништување на резултатите од 21 април се покажа контрапрудуктивна за Тодоровиќ, бидејќи мобилизираше уште повеќе протестни гласови, на што, веројатно, влијаеше и поставувањето нови споменици и реквизити од проектот „Скопје 2014“ во периодот меѓу двата изборни круга. По сличен принцип, сомневањата дека во гласањето се вклучени луѓе од Пустец и силната кампања што против Жерновски ја водеше владејачката партија се покажаа контрапродуктивни за нејзиниот градоначалнички кандидат во вториот изборен круг, но тогаш разликата беше близу илјада гласови, додека во првиот круг предноста на опозицијата изнесуваше околу1.400 гласа.
Тодоровиќ е единствениот градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ кој не успеа да се избори за нов мандат на овие локални избори, во ситуација кога тоа им успеа на повеќемина негови колеги кои и по трет пат бараа доверба од своите сограѓани. За разлика од 2009 година, кога против себе го имаше адвокатот Мирослав Вуиќ, кој дотогаш беше скромно политички експониран, овој пат бизнисменот Тодоровиќ, кој првично најави дека нема да се натпреварува за втор мандат, за противник го доби Жерновски, чија кариера во последната една и пол деценија е константно поврзана со политиката, прво во градот Скопје, а потоа и во парламентот.
Профилот на личностите кои се најдоа во директен судир во битката за Центар, веројатно, е еден од факторите што влијаеа на крајниот резултат. Во ова предизборие Жерновски манифестираше конзистентност, со тоа што до крај остана зад одлуките на „Сојузот за иднината“, за разлика од некои други поединци и партии што партиципираа во коалицијата. Освен тоа, тој со интензивна и инвентивна кампања, изразена и преку социјалните мрежи, успеа да ја придобие младата и критички настроената популација во Центар.
Политикологот Никола Спасов смета дека тоа што кампањата на Жерновски била една од подобрите на опозициските кандидати, е еден од елементите што придонеле за неговиот успех во Центар. Тој вели и дека опозицијата настапи со подобра стартна позиција, ако се земат предвид резултатите од 2011 година.
„Победата на опозицијата во Центар не е толку големо изненадување ако се имаат во предвид бројките од последните парламентарни избори. СДСМ освои тогаш 3. 000 гласа повеќе од ВМРО ДПМНЕ, а уште 2.000 гласа добија сегашните коалициски партнери на СДСМ, кои тогаш настапуваа самостојно, како ЛДП и ВМРО- НП. Ова претставуваше голема почетна предност на опозицијата“, вели Спасов. |
Статијата е прочитана 14817 пати.
|
|
Испрати коментар
|
|
Pero, 23.04.2013 00:07:39 | Pa dobro be, vie si igrate majtap so citatelite so ovoj ekspert Bozinovski?? Problemot bilo zonskoto parkoiranje???? Pa dobro be ne vi e sram da pisuvate vakvi gluposti?? Katastrofa ste stanale znaci. Esinatveno vas ve citav kako esinatven preoatanat medium, a vie ekspertot Bozinovski i zonskoto parkiramje!!! Pa prasajte go i d-r latas ili Milenko kako eksperti, najverojagno ke go lociraat problemot vo lanskiot sneg. Dajteve molam ne pisuvajte gluposti, ke prestanat luge i vas da ve citaat kako sto seslucuvaso dnevnik. |
| читател, 23.04.2013 00:21:56 | Што зборува овој адвоакт на власта ,,политиколог Ножиновски,,. Не било во прашање Скопје 2014 за поразот на Тодоровиќ, туку зонското паркирање. Станарите таму немаат поглед повеќе, немаат зеленило, се се узурпираше, освои од прекројувањето на историјата. Сега колите биле криви, ц.ц.ц... Не туку камионите кои носеа споменици. Како тоа Божиновски нека даде стручно миселње, победата во третиот круг на Жерновски стана поголема, по масовното ноќно поставување на нови 40 споменика, кои очигледно се чувале некаде во хангар, само уште повеќе го подгреа нездоволството на жителите на Центар. Па разликата дојде до 3 илјади гласа... Да колите се криви, што донесоа фантомски гласачи од Пустец.. |
| jovan, 23.04.2013 00:29:17 | Se tresese gorata, se rodi glusec, ili vo *prevod*, se po staro. Bukvalno ke si bide se po staro. Duri i sekretarkata na Todorovic nema da ja smeni, a ne pa spomenicite i drugo tamu. Ke sledi uste edno golemo razocaruvanje za SDSM, koj mnogu vetuvaa za Centar, a skoro nisto nema da se promeni. Isti luge, isti raboti, se isto ke si prodolzi, e samo neznam kako ke go objasnat toa. Dali pak ke iznajdat predavnik, ili pa ke si zakutat, ke vidime. |
| analiticar, 23.04.2013 00:30:06 | sekoj koga ide na nekoja funkcija,kazuva za nekoja revizija,a na krajot izleguva se tresese gorata se rodi glusec, |
| Трпе, 23.04.2013 01:17:45 | Ако за поразот во центар не е проектот Скопје 2014,тогаш сигурно се жалните врби или пајтонот со липицанерите.Ако на народот му се допага како работи актуелната турбо перална во РМ (разбира се за пари ) нека продолжи да си ги избира самобендисаните пропагандисти.Овој ваков таков народ што ке си зготви тоа мора и да си го крка. |
| Лесно!, 23.04.2013 01:37:28 | Не беше тешко да се порази Тодоровиќ бидејќи жителите на Центар беа незадоволни од многу работи. Пред се од загушувањето на просторот со градби и со уништувањето на зелените површини. На трето место е паркирањето. Со сила против волја на жителите се менувани ДУП. Квалитетот на живеење наместо да се подобри, се влоши. Живеам во строгиот центар, се што беше убаво во мојата околина е уништено, а без воздух ништо не вреди. Уништено зеленило пред Домот на АРМ, пред Бристол, на плоштад, пред МНТ, во паркот Жена Борец, како да имаат нешто против дрвјата и тревата. Еве и сега на заминување сечат (пред седиштето на ВМРО). Зад себе оставија пустош, ненадоместлива штета, ама свеста за здрава животна средина е на нула. Уште ако е направено за профит, тешко дека ќе видат среќа од тие пари, на туѓа несреќа не може да се изгради среќа. |
| Debar Maalo, 23.04.2013 01:49:41 | Presudno za pobedata na Andrej bese nekoruptivnosta na zitelite na Centar, barem vo najgolemiot del. Potoa, negativnite mislenj za SK 2014, politikite na vladata i nivniot potcenuvacki i aroganten odnos deka sekade moze da pobedat. Zernovski i primer kako treba da deluvaat politicarite vo idnina: korektno, realno, trpelivo i konstruktivno. Samo napred.... |
| razmo, 23.04.2013 05:15:16 | Ne e vo prasanje zonskoto parkiranje,prasanjeto e SKOPJE 2014 .Novata lokalna samouprava treba da raboti zaedno so graganite na CENTAR i zaedno da ja ocistat opstinata od prenatrupanite SPOMENICI i dobro da razmislat koj SPOMENIK trba da ostane a koj da se odstrani ,netreba da se brza kako prethodnite sto brzaa i samo za edno denonokie postavija triesetina spomenici .PRIMER; Koga se vleguva vo BOSTANOT se odbiraat najzdrelite lubenici i se kinat , za da se vidat na pazarot deka vredi da se kupat . So ovie spomenici rabotata e obratna so BOSTANOT ,treba ZELENITE spomenici da se odstranat oti pazardziite nema da gi kupat ...POZDRAV. |
| persa, 23.04.2013 06:39:30 | Ne za dzabe e kazano kakov narod takva drzava.vo centar pobedi Zernovski zatoa sto tamu ima samo intelektualna kriticna masa a ne gorstaci i seljaci i lazni doktori na nauki od tipot na Latas ,Bojo,Milenko ,Bozinovski..... i na tie od centar ne im e do pakingot posto si imaat kako da go reguliraat toa da si plata i fala bogu da ima mesto sekogas za parkiranje i toa e edna od retkite pametni raboti na minatiot gradonacalnik za da se zastitime od dopolnitelno zagaduvanje na naezda od gorenavedenite gjubrinja |
| Gjorgji, 23.04.2013 07:34:34 | Rankovce i Centar so ista politicka matrica. SUPER! |
| Ekspert nad ekspertite, 23.04.2013 07:54:40 | Експертот Божиновски????? Јуришник на Латас.
Не мора дури ни да се наведе неговиот исказ. Доволно е: го прашавме „експертот“ Божиновски, протести во Шведска, Здраааавооо.... |
| Богомил(ец), 23.04.2013 07:57:41 | Најнапред,треба да се забележи дека многу потценувачко ви е верувањето дека со толкувањата на некакви маргинални личности, треба да ни се разјаснат комплексни дилеми, како што е изборниот пораз на власта во Центар.Разни, штотуку инкубирани политиколози, недоквакани аналитичари, полни со себе, треба да ни бидат репер за тоа што се случува околу нас ,,ретардираните,, читатели. ТВ-кутиите ни станаа најодвратниот дел од мебелот, со тоа што од нив како бабароги се појавуваа се едно исти ,, мудреци,, сенилни професори, д��трајани новинарски вртикапи, политолози кои пелтечат, кои ни разјаснуваа со божемно високофречвентни мисли, прости математички операции. Во Центар, граѓаните, едноставно прочитаа дека е паркирана погрешна власт. Во центар не успеа изборната тортура на ВМРО со сиот пропаганден инструментариум. Во центар победи човечкото достоинство. Граѓаните го одбранија своето право на слобода. Ним треба да им се подигне споменик. Жерновски е екстрактот на отпорот кон бруталиталноста. |
| Џони, 23.04.2013 08:12:38 | БОЖИНОВСКИ Е КЛАСИЧЕН ВМРОВСКИ СПИН МАЈСТОР И НЕ ЗНАМ ЗОШТО ГО КОРИСТИТЕ. ТОЈ НЕ НУДИ БАЛАНС ИЛИ НЕКАКОВОП ЕКСПЕРТСКО МИСЛЕЊЕ. ТОЈ ТРЕСЕ ОНАКА БЕЗ ВЕЗЕ - ЗОНСКО ПАРКИРАЊЕ. АЛООО! |
| neutral, 23.04.2013 08:42:44 | Bozinovski e tvrdo krilo na VMRO DPMNE taka sto negovite analizi ne se objektivni odnosno najmalku neutralni. |
| sveti nikole, 23.04.2013 08:57:20 | Glasacite vo IE 3 i ovojpat im dadoa golema poddrska na VMRO-DPMNE i koalicijata, no...ako i ovojpat ne se napravi nisto za ovoj del na Makedonija,ako i ovojpat avtopatot Miladinovci-Stip ostane samo prazno vetuvanje..narednite izbori neka ne cekaat doverba!Poznavam golemi aktivisti na vladejackata partija koi velat deka dokolku ne se napravi nisto za sveti nikole (koe e mnogu siromasno i cija opstina tone vo dolgovi,a nema nitu investitori nitu prihodi od nikade)narednite izbori ili ke gi docekaat na privremena rabota vo stranstvo ili ke glasaat protiv svojata opcija-se so edna cel-da gi otreznat i vrazumat vlastodrscite vo Skopje koi ocigledno ne gledaat voopsto nakaj verniot istok! |
| Grujo, 23.04.2013 08:58:49 | Neznam, ama mi se ciini deka dotocniot Bozinovski nema prava prestava sto e pravata pricina za porazot. Glavnoto nesto e sto od Centarot napravia Panagur, ni go odzemaa Zeleniloto, Prostorot, Vozduhot, Duhot na gradot, a predi se Dostoinstvoto. Ni napraviia da nautro se budime i gledame vo Spalnite, Kujnite ili vo Dnevnite sobi na Komsiite. Naprosto ne zagusija. Barokot ne udusi, a od spomenici veke nema kade da se dvizime. Mu prepracuvame na Noviot Gradonacalnik da vnimava da nekoj od Sovetot ne bide kupen, posto Pobedata ke bide zaludna, i ke prodolzi LUDILOTO, taka da toj ke ostane kako Sam na Pust Ostrov. VNIMAVAJTE SOVETOT DA BIDE VO VASE MNOZINSTVO, i obavezno tie sto se ostanati od starata Adminstracija da gi zadrzite, ama na drugi mesta NIKAKO BLISKU DO VAS. Vi pozeluvam Uspeh i Upornost, Graganite od Centar veruvaat vo Vas, i zatoa go dobivte nivniot GLAS!!!!! |
| Борис, 23.04.2013 09:16:19 | Најдобронамерен совет до Жерновски:
Граѓаните го избраа исклучиво за да се обиде да го поправи она што систематски го уништуваше ВМРО со проектот 2014 во Центар - просторот, воздухот, зеленилото, а не да се бави со висока политика.
Гушкањето со политичкиот мртовец Црвенковски, зборувањето за предвремени избори му се првите големи грешки - со тоа само ќе собира негативни поени кај граѓаните, и ќе ја дозакопува СДСМ.
Во Центар се гласаше против монструозните проекти на ВМРО, а не за СДСМ!
|
| Витамин Б6, 23.04.2013 09:25:19 | Кој работи тој и греши, тој што не работи неможи да греши.
Нека му е честита победата на Андреј Жерновски
Центар е изграден тој можи сега слободно да ужива.Секоја чест за граѓаните на центар избраа прав господин што се вели како што му доликува на Центар плус нема потреба да се труди се е изградено...Така ти е во животот ова се можи само во Македонија народот рекол -јал не јал три ипол...Што му требаше на Скопје проект 2014 кога му е помила 1949, со среќа. |
| jovan, vlada @, 23.04.2013 09:30:20 | Многу експерти се пројавија за феноменот Центар, епа драги ем многу експертски настороени коментатори кој за се нешто сте екеперти една кратка аналогија.Па СДСМ зашто го изгуби Охрид после 12 години власт на СДСМ во оваа општина сакам вака овие експертиве да ми дадат една кратка анализа или одговор. А јас ќе ви кажам за Центар.
П.С
Дел од коментаторите ја фураат најглупата фраза неможеле да ги купат. Оф мори мајко, значи власта во овие 7 години и читај со (7) уште толку победи стана моќнен трговски центар кој води трговија. Абе ајде.... сега ми е јасно зашто е опозицијата во ваква беда пропадната и ќе биде уште неколку изборни циклкуси се додека нема вистинска смена на генерации. |
| se za lubov, 23.04.2013 09:41:39 | Svako cudo za dva-tri dana,velat srbite.Se si mislam deka i ovaj ke bide izbrkan kako i Stevco.
A za zitelite na centar i jas sum da se trgne se sto napravija ovie.i da se napravi goooolem plostad,za da se drzat paradi kako vo S.Koreja ima da se marsira to Skopija celo da se tressseee. |
| Centarec, 23.04.2013 10:55:08 | Do Jovan = analiticar.Не трескај глупости во смисла *сите се исти*.
Твојот коментар е само да се релативизира и обезведни победата на Зерновски.Туку твоето его и партиска послушност не ти дава реално да размислуваш. |
| ФЕЛИКС, 23.04.2013 10:59:25 | Има едно непобитно,,иземти победа,кој се базира на 58 порази,,Многу ми е весело што победата во Центар се глорифицира повеќе од страотниот вкупниот изборен пораз.Но од друга страна и разбирливо е да се слават победите,оти се премалку на број.И секоја 20-та победа е добредојдена.Центар испадна позначаен од градот Скопје,да не споредувам со Битола,Охрид,Штип и т.н Но сума сумарум Шатевци се на ќар,оти поразот изборен доведе до лидерски растовар.Нешто што е далеку повредно од победата во Центар,по мене вреди како да победиле во 47 општини. Со ваквата повлечена избалансирана паралела ќе се сложат сигурно и тефлонџиките ,,кои су нестали у познатом правцу,,плус нормално сопатниците од ист калибар. |
| wd40, 23.04.2013 11:26:30 | Резултатот во срцето на главниот град се толкува како порака од гласачите дека не го вреднуваат проектот „Скопје 2014“, онака како што на него гледа Владата
Spomenicite ne se na zitelite na Centar tuku na GRAGANITE na Makedonija a tie jasno kazaa 58:4.....Vas komunjarite ve boli sto vashata takanarecena elita lapashe kirii od starite zdgradi a sega postojat novi a tie gubat mnogu kesh toa e problemot |
| Ekspert ???, 23.04.2013 11:29:27 | Bozinovski, kako i negovite mentori, e prepoln so omraza kon Branko i SDSM, pa sekoj negov stav e nerealen i izvitoperen vo odnos na vistinata. Zatoa drug pat ne go ni konsultirajte, na strana toa shto vopshto i ne e ekspert. Shto se odnesuva za pobedata na Zernovski, ne moze da se kaze *tokmu toa*! Ima mnogu elementi, pochnuvajci od samiot kandidat, preku SK-14, pa se do Pustec. Istoto vazi i za sevkupnata *istoriska* pobeda na DPMNE. Ne moze da se kaze deka Pustec im ja donese pobedata, no glas od ovde, glas odande, se sobiraat. Kolku li glasovi dobija samo so subvenciite i so pokachuvanjeto na penziite pred samite izbori i korekcijata na istite pred vtoriot krug. Pa shto e toa nego kupuvanje na glasovi, i toa so krediti koi ke gi vracat i sdsm-ovcite. Pod kupuvanje na glasovi ne se podrazbiraat samo onie shto bile na *vozot*, odnosno direktno za glasot plateni. PS: Jovan@v aj proveri shto toa nocta vo ochi na izborite 200 i kusur ludje vo 02.00 h, rabotat vo shkoloto vo Sv.Nikole? |
| Дебармаалец, 23.04.2013 12:52:24 | Како жител на центар,а поточно во дебармаало, каде и што сум роден и веќе живеам 57 год. за мене а и за повеќе жители на овој дел најголемата глупост беше зонското паркирање, зошто од малите улички направија паркиралишта и само да се собираат пари. Замислете на жителите од зградите кои буквално немаат каде да си ги поркираат колите они им лупаат казни по 950 ден. и тоа на места каде се уличките двонасочни. И сега секој ден по 950 ден. па платата месечна не му е толкава, а каде да ја стави колата на тераса?! А за спомениците лично јас не сум против, сепак градот заличува на една убава метропола, а не како пред тоа уште овцички ни фалеа па да ги пуштиме да пасат на тревниците до плоштадот, а воедно тие места беа отворени јавни вециња и собиралишта на циганите. Но сеопак годините и генерациите што доаѓаат ќе си го кажат своето. Тогаш никој нема да каже е овој објект го направил ВМРО или СДСМ, него секој ќе гледа како на нешто убаво,урбано,историско и пред се туристичко место. |
| risto spaseski, 23.04.2013 12:55:35 | Жерновски ја доби победата заслужено што опозицијата стави поголемо внимание и контрола. не е логочно за центар да има победа, за град пораз тука е манипулацијата и кражбата на гласови, преправени записници и други марифетлоци што ги изведуваше власта на сите избирачки места, како и далавери со избирачкиот список и лугето од Пустец и други градови!!!!!!!!!!!!!!!!
|
| od bitolcanka, 23.04.2013 13:24:38 | do jovan vlada gresniky kako jovan vraniskoski ohrid go izgybija zato se sto kese napraese se necinese za pajtasite vamaroski a na sekoe stose falite 58-4 ne 104-58 sentar vazi za 100 so se policija sose syd se krenafte ama narodo e posilen iven vo mogila se fetija i pari i zakani samo nemy yspeja bitola e dobifte samo bybrego pelagonija go izgybifte |
| cacko, 23.04.2013 13:36:09 | ima nesto vistina so parkiranjeto,no kako sto citam na nikogo ne mu tekna da spomne deka LDP i zernovski podnesoa prestavka do ustaven sud vo vrska so lakrdijata so parnoto i strujata,za koja odluka silno se zainteresirani tokmu graganite na opstina centar. |
| Владо, 23.04.2013 14:03:19 | Точно така Борис, граѓаните на Центар не гласаа ЗА Жерновски, туку гласаа проти�� Тодоровиќ. |
| S.P., 23.04.2013 14:14:57 | Vo centar ne mozea da gi kupat lugeto zatoa pobedi Zernovski. |
| petre, 23.04.2013 14:47:26 | Za ekspertot. Sekade pobeduva opozicijata, kade glasacite mislat so svoja glava i ne dozvoluvaat nekoj (????) da gi vlecka so razni uceni da odat na glasanje. ALO... |
| elena, 23.04.2013 15:42:10 | една единствена причина што некој направил нешто многу, многу повеќе од сите тие силни титули(во Центар кои се најмногу и добиени по родителско наследство) е тие не можат да му простат успехот на Тодоровиќ. И затоа си одбраа
на себе сличен или ист неуспешен човек. |
| Баба Евда, 23.04.2013 16:49:48 | „Ништо не вреди ако ја добиеме цела Македонија , ако не го добиеме Центар“! Тефљони , познато ти е кого е цитатот?! Од твојот сопственик Н.Г. , на митингот на ДПМНЕ во Центар! |
| perro, 23.04.2013 20:20:55 | Izjava na godinata od ovoj Bozinovski. Komicar e on taka? |
| AL, 23.04.2013 21:19:34 | Nisto od toa,
Zerenovski bez policija i sudstvo nema instumenti da prevzeme nikakva aktivnost za suzbivanje na ova bezakonie koe vladee vo Centar
Samiot cin na izdavanje na lazni legitimacii od stana na MVR, nivnata direktna involviranost vo bezredieto so glasanjeto vo Centar. a kako li bese vo cela MK - kazuva deka doprva doagaat teski momenti za naseto makedonce
Ako na ova dodademe deka so denesniot den Grujo ja zadolzi drzavava veke 950mil evra prema nasive banki , skoro sledi Grcko - Kiparsko scenario |
| Дедо ЕФто, 23.04.2013 22:53:26 | Браво за мојата имењачка Баба Евда. Го измава „командант“ Тефљони со неговото пиштолче на вода. Погодок у Центар, се вика тоа. Го замислувам така покиснат.
|
| ekspert bez kredibilitet, 23.04.2013 22:56:09 | Ajde ve molam dosta vekje ne malttretirate so mislenjata na toj t.n. ekspert, V. Bozhinovski. Toj nema nikakov kredibilitet. njdete nekoji poseriozni struchni lugje za analizi. Postojano se edni isti lugje za koi odnapred znaeme shto kje kazhat |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 14°C
Ведро
|
Среда
Делумно облачно
Макс: 26°C, Мин: 9°C
|
Четврток
Сончево
Макс: 27°C, Мин: 9°C
|
|
|
|
|
(ВИДЕО) Сто најдобри песни според „Ролингстоун“ |
|