Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
20.04.2013, 18:10

Стејт департментот со критики за собранискиот инцидент и медиумите


Објавен извештајот за праксата за почитување на човековите права, во кој се содржани бројни забелешки за состојбите во Македонија

Извештајот за праксата за почитувањето на човековите права на американскиот Стејт департмент за 2012 година содржи забелешки за македонската полиција, пред се за случајот Нешковски, потоа за владењето на правото и почитувањето на собраниските процедури, за состојбата во медумите, условите во македонските затвори, статусот на Ромите во оштеството, и други области.

Според извештајот, со кој Стејт департментот годишно ја следи состојбата во државите низ светот, за Македонија најсериозните забелешки се во областа на владеењето на правото, преку прекршувањето на собраниските процедури во случајот со инцидентот во Собранието на 24 декември.

Извештајот, јави известувачот на МИА од Вашингтон, наведува дека владејачкото мнозинство прескокнало неколку чекори од процедурата за гласање на буџетот, по што опозициските пратеници физички ја блокирале говорницата на спикерот, и биле отстранети од собраниското обезбедување заедно со новинарите од галеријата. Стејт департментот додава дека, по опозицискиот бојкот што следеше, Собранието изгласало неколку други контроверзни законски решенија.

Стејт департментот оценува дека во работата на полициските сили е присутно чувство на самоволие, наведувајќи го убиството на Мартин Нешковски, кое беше централна забелешка на минатогодишниот извештај. Стејт департментот нотира дека полицаецот кој го изврши убиството на Нешковски бил осуден на 14 години затвор.

Зеја Узра, помошник државен секретар во Стејт департментот за демократија, човекови прашања и труд, вчера на брифингот за претставување на извештаите, коментираше и за изоставувањето на прашањето со амнестијата за воените злосторства од извештајот.

Неодамна, амбасадорот на Стејт департментот за воени злосторства Стивен Рап, чија активност потпаѓа под истиот сектор на Стејт департментот, во изјава за МИА кажа дека македонското законодавство треба да ги процесуира воените злосторства од 2001 година, независно од која страна биле извршени.

Помошникот секретар Узра на прашањето за ставот на амбасадорот Рап изјави дека фокусот на извештајот за македонија за оваа година бил на друго место, на прашањата на владеењето на правото, собраниските процедури, медиумите и судството.

- Навистина е предизвик да се обидете секоја година да ги сумирате настаните во областа на почитувањето на човековите права во секоја држава во светот. Една работа што ја правевме во изминатите години е да го фокусираме извештајот кон развојот на настаните во календарската година. За овој конкретен случај немам дополнителни информации да ви дадам, изјави Узра за прашањето на воените злосторства. Таа најави помош од четири милиони долари за засилување на судските и полициските институции и градење на граѓанската свест за прашања од областа на владеењето на правото за подобрување на состојбата со владеењето на правото.

Инаку, извештајот за Македонија го следи текот или разврската на неколку позначајни судски процеси, како тие против Владо Бучковски, Васил Тупурковски и Љубе Бошкоски, за кого се наведува дека е обвинет за ново дело, двојно убиство во 2002 година. Во извештајот се наведува дека извори блиски на Бошкоски тврдат дека ова е политички мотивиран процес против него. Во извештајот се наведуваат и тврдења на одреден број претставници на судските власти дека Владата врши притисок врз нив, преку буџетските средства за судството.

Во сферата на медиумите, извештајот го наведува затворањето на телевизијата А2 поради неисполнувањето на потребните услови за работа согласно Советот за радиодифузија, оставката на главниот уредник на весникот Дневник и собраниските настани од 24 декември.

Во извештајот на Стејт департментот за соседна Грција се наведува дека грчките власти продолжуваат да го спречуваат регистрирањето на македонски и турски здруженија и организации. САД наведуваат дека Грција не го признава постоењето на македонското, како и на сите други малцинства во земјата, освен на муслиманското малцинство, како ни правото на употреба на македонски јазик од страна на нејзините граѓани, Македонци, за кои се вели дека се соочуваат со силни притисоци од сограѓаните - Грци. Наведен е процесот пред Европскиот суд за човекови права поради забраната на Грција да го дозволи отворањето на Домот на македонската култура во Лерин.

Во извештајот на Стејт департментот за Албанија, пак, е забележан инцидентот предизвикан од, како што се вели, крајно-националистичката група Црвено-црна алијанса, која во ноември упадна во гратчето Пустец извикувајќи про-албански пароли.

- Групата наводно влегла во општинската зграда и во етничко македонско средно училиште, заканувајќи им се на локалните граѓани. Групата ги покрила македонските имиња на уличните знаци, а потоа објавила фотографии од овие нејзини активности на фејсбук, пишува во извештајот за Албанија.








Статијата е прочитана 2009 пати.


Испрати коментар



Хепенинг за Европската недела на имунизација
Иванов - Нема компромис за достоинството
Се намалиле работниците со скратено работно време
ДИК - Одѕивот до 10 часот изнесува 10,89 отсто
Најмалку 203 луѓе загинаа во земјотресот во Кина
Џохар Царнаев е ранет во врат
ЦИВИЛ - Прегласувањето во Центар почна со нерегуларности
Одбележување на Денот на планетата Земја
Денеска се прегласува во Центар, Струга и Ѓорче Петров
Џорџо Наполитано избран за претседател на Италија
Сарачини ја презентираше владината програма за развој на општините
Петгодишно девојче киднапирано и силувано во Индија
Нова спортска сала за универзитетот „Св. Кирил и Методиј“
МОСТ со 130 монитори ќе го набљудува гласањето
Ставрески и Богов задоволни од разговорите во ММФ и Светската банка
Первез Мушараф останува во притвор уште две недели
Уапсен и вториот осомничен за бомбашките напади во Бостон
Најмалку 70 загинати во земјотрес во Кина
Гласаат изнемоштените и болните лица
Иванов - Македонскиот модел на мултикултурализам е пример за нашиот регион
Србија и Косово постигнаа договор во Брисел
Попоски - Македонија своевиден гуру на трпеливоста
„Македонски телеком“ откупи пет иновативни идеи
И по третиот круг Италија без нов претседател
Отворен патот за бизнис со Азербејџан
Уапсен Македонец за грабежи и киднапирање во Грција
Брисел ќе ја чека Македонија до јуни
На тендерот за ОХИС нема понуди
Од денеска почна да се врти вртелешката
Црна Гора го зголемува ДДВ-то о�� 17 на 19 отсто
(ФОТО) Промовирано првото мени на Брајово писмо
Ќе се зајакне системот за контрола на социјалната помош
Осомничените за нападот во Бостон се од Чеченија
Задолжителна употреба на биоразградливи ќеси
Иванов замина во Канада и Аризона
Владата ќе вработува 1.800 лица од социјални семејства
ПЕИ излезе од „Сојузот за иднината“
Убиен еден од осомничените за бостонските напади
Рен - Драго ми е што на Македонија и оди добро во економијата
Романо Проди за претседател на Италија
(ФОТО) Поплавени викендици на Тиквешко Езеро
ЕУ очекува прегласувањето да мине во слободна и организирана атмосфера
Инвеститорите од Азербејџан добродојдени во Македонија
Ројтерс по грешка објави некролог за Сорос
Трка на кеј во чест на жртвите на маратонот во Бостон
Мушараф уапсен за државна измама
ФБИ објави фотографии од двајца осомничени за нападот во Бостон
Груевски во посета на Азербејџан
Во експлозијата во Тексас загинале 14 луѓе
Полицаец убиен во кампусот на МИТ крај Бостон
(ВИДЕО) Слободан Богоевски уапсен за перење пари
Карл Билт - Најзагрижен сум за Македонија
Скопјанка ранета со пет куршуми, додека била на гости
Жерновски - Ќе се бориме до крај и ќе оствариме поубедлива победа



aleksandarmkd, 20.04.2013 18:36:35
Podobro Amerika da se zanimava samata so sebe i so nejzinata navodna demokratija , vo Makedonija ne se slucuvaa site onie raboti koi se slucuvaa vo Amerika od ubivanje so puskomitralezi vo kino sali do podmetnuvanje na bombi . Si se zaprasale li koa e taa pricina da sekogas se slucuva tie raboti ili vo Amerika ili pak vo Anglija
Albanec, 20.04.2013 19:01:58
se vo red ama ova so incidentot vo pustec mora nesto glupo da se dodade i nevistino. Eve kako site mediumi ja gubat profesionalnosta
Mihajlo, 20.04.2013 19:03:04
Izvestajot na Stejtot,e Realen. Ziva vistina e deka vo RM nema ,Pravosuds- tvo i Vladeenje na Pravoto.Sudstvoto kaj nas e Korumpirano.Primer Apelacioniot Sud, nikogas ne Odlucuva pred Strankite,nego se zatvaraat vo Kancelarija i Odlucuvaat kako im se sonilo,citaj kolku koj ke im Plati.Se Uste na Raspravite Sudiite gi diktiraat Izjavite na strankite,na mesto da se Snimaat iako Sudnicite se Opremeni.ne se Sudi spored Zakonot,Prvostepena Presuda dvapati vo korist na edna Stranka,Apelacija ja Rusi.svez primer Zlokucani.Znaci vo RM Sudstvoto e Mizerija.
istok, 20.04.2013 19:14:46
znaete sto e Makedonskata policija za razlika od amerikanskata: Miroven korpus. Da se slucese toa koga gi ubija decata na smilkovskoto ezero i namesto demonstrantite da ja podrzat policijata tie gi napagjaa, a gi skandiraa ubijcite. policijata raka ne digna a ima uste 100 primeri takvi. i departmantot so tie ocenki nalikuva na nekoja srednovekovna inkvizicija, nie gospoda ne sme padnale od mars za so takvi gluposti da ne ranete, ili toa namerno go ispustate za vo Makedonija da se javat pak nekoi t.n. borci za covekovi prava od tipot na teroristot od zajas alias ali ameti koj sto vie go sozdadovte itn.
ФЕЛИКС, 20.04.2013 19:34:55
Доста реален извештај од СД за се што се случило во 2012г.Критиката за владеењето на правото држи место.Критиката за партиските вработувања држи место.Критиката за настанот со медиумите на 24 декември држи место.Дека треба да се процесуираат воените злосторства сум за такво нешто,но се е пост фестум оти простувањето на злосторствата беа немо следени од меѓународната заедници,дури со доза на одобрување. Тоа за играта во чекори при носењето на буџетот е поради прикажаниот вандализам врз лажна основа.Ова го потврди ММФ и СБ дека земјата е ниско задолжена.Случајот Нешковски веќе беше опфатен 2011г. а 2012 убиецот осуден,па не ја гледам потребата од преповторување.И на крај САД се на 21 место по демократија,зад Боливија,зошто назадуваат демократски.П.С Евда сиротата и слични на неја веруваат дека detschland и Феликс се еден те ист.Ист е толку колку што Евда и сличните имаат шанса да станат лидери на опозицијата.А плус и не пишувам никако латиница кога коментирам.Истото важи и јован@ влада.
do alexsandarmk, 20.04.2013 19:43:44
alexsandare od mk amerika ima nad 250 miljoni narod a vie ste edvam 2 miljona i ako site se zabegani kako tebe nee ni cudo da ste kaj sto ste izlezete od luspata na omrazata kon svoite makedonci sto ne mislat isto kako vas i drugite okolu vas oti kako trgnavte so segasniov komunizam ke go izgubite itoa parce makedonija sto go imate.
Momir, 20.04.2013 20:45:23
Izgleda pocna da se blizi krajot na gwujo i kompanijata, za sreka na narodot. A komnentatorite sto tresat zeleni i stitat toa sto e neodbranlivo podobro da odat na kurs za opismenuvanje.
МИА, 20.04.2013 20:58:07
Република Македонија нема проблем со Грција. Државите немаат ексклузивни права на имиња. Менување имиња не влијае врз територијалните права и обврски на државите. Проблемот со името настанал со приемот во Обединетите нации под дополнителните услови надвор од пропишаните во Повелбата на ОН, изјави за ТВ интервју на МТВ, проф. др. Игор Јанев, творец на меѓународно прифатената теорија и доктрина на дополнителните услови при приемот во ОН. Според него, сега треба да се прави постапката за анулација на дополнителните посебни услови, надвор од член 4(1) на Повелбата. Постапката во ОН и Меѓународниот суд за легалитет на дополнителните (нелегални) услови, надвор од Повелбата на ОН, како што вели Јанев, може да се води и без раскинување на Времената спогодба или слични постапки. - Целата акција ја води Генералното собрание на ОН, а не формално Република Македонија. Значи, Спогодбата е нерелевантна за ваква акција, која Македонија треба да ја иницира во Генералното собрание на ОН. Никакви тужби

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

    


Site Meter


Време
Скопје, 22°C

Ведро

Недела
Ведро
Макс: 21°C, Мин: 8°C

Понеделник
Претежно облачно
Макс: 22°C, Мин: 8°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Вкусен агол
(ВИДЕО) Сто најдобри песни според „Ролингстоун“

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Ретровизор | Саботен магазин |