19.04.2013, 13:40 Осомничените за нападот во Бостон се од Чеченија
Осомничените за нападите за време на маратонот во Бостон се од руски регион близу до Чеченија. Тие живееле во САД речиси една година и се браќа, јавија американски медиуми, повикувајќи се на полицијата.
Осомничениот по кој трага полицијата, е идентификуван како Џохар Царнаев, 19-годишен кој живее во Кембриџ, Масачусетс.
Претходно, полицијата во Бостон соопшти дека од безбедносни причини е запрен јавниот транспорт во градот и реонот околу него.
Мерката беше наложена во момент кога властите продолжуваат да бараат осомничен за експлозиите на Бостонскиот маратон. Полицијата рече дека јавниот транспорт е запрен до следната наредба, вклучувајќи и во Вотертаун, западно од Бостон. |