Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
18.04.2013, 16:02

(ВИДЕО) Слободан Богоевски уапсен за перење пари

Во акцијата „Агент“ шестмина се осомничени дека во 2009 година направиле злоупотреби од над еден милион евра

Љубиша Станковиќ

Поранешниот директор на Бирото за државна безбедност Слободан Богоевски (63), двајца адвокати и управителка на фирма се уапсени поради наводни малверзации со купопродажни договори за земјиште во близина на Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје. Полицијата се' уште трага по еден македонски и еден словенечки државјанин. Шестмината осомничени, според МВР, во 2009 година направиле кривично дело – перење пари во износ од над еден милион евра. 

Во полициска акција наречена „Агент“, вчеравечер во Дебар Маало, во неговиот дом е приведен Богоевски, а на истражните органи денеска беа предадени и адвокатите Васко Томановиќ (39) и Владимир Пешликоски (43), како и управителката Даниела Трајковска (30). Полицијата се' уште трага по Ален Јегени (29) и Митја Валич.

Шестемина осомничени се товарат за перење пари и други приноси од казниво дело, фалсификување исправа, употреба на исправа со невистинита содржина и злоупотреба на службената положба и овластување.

Од досегашната полициска истрага било утврдено дека малверзациите со откуп на државно градежно земјиште почнале уште во 2000 година кога како заинтересирани за купување на земјиштето, кај СЦ „Борис Трајковски“, со површина од 19.000 квадратни метри, се јавила кипарската фирма „Централ Балкан инвестмент - ЦБИ“, од Никозија.

Фирмата што ја застапувал адвокатот Томановиќ по цели девет години проблеми се откажала од купување на земјиштето и покрај тоа што се работело за сума од 62.855.196 денари, а за таа цел бил потпишан и договор со Министерството за транспорт и врски. И покрај тоа што договорот бил раскинат, тоа не му пречело на адвокатот, три месеци порано, да формира фирма која ја нарекол „Централ Балкан инвестмент ДООЕЛ“, со седиште во Скопје. Всушност, само еден ден по раскинувањето на договорот, на 4 март 2009 година, во игра за купување на земјиштето влегува фирмата „Инвестмент интернешенел“. Станува збор за компанија која е во сопственост на словенечки „Меркатор“, а која била управувана од сега осомничениот Митја Валич.

Словенечката компанија го купила земјиштето, но парите никогаш не легнале на фирмата од Кипар, туку на онаа која имала слично име и е со седиште во Скопје, а со која раководел Ален Јегени.

Откако парите легнале на сметката на скопската фирма, се пристапило кон склучување невистинити договори за наводно посредување. Договорите биле потпишани со фирмата „Интерпарт ком ДООЕЛ Скопје“, сопственост на адвокатот Пешликоски и со која управувала пријавената Трајковска.

Врз основа на вака склучените договори, на лична сметка на ексдиректорот на ДБК, Слободан Богоевски, во јули 2009 година, во два наврата биле префрлени 28.670.000 денари. Дел од средствата, односно 17,5 милиони денари, Богоевски ги подигнал во кеш, а потоа на сметката вратил 2,86 милиони, каде што останале осум милиони денари.

Осомничениот адвокат ваков договор склучил и со фирмата „Интерпарт ком“, но на оваа фирма и' биле префрлени 24,260 милиони денари. Управителката на фирмата, за да го реализира договорот, склучила договор со адвокатот кој е и сопственик на компанијата и кој требало да посредува во раскинувањето на договорот. За таа цел нему му биле префрлени 17.940.900 денари.

Во МВР велат дека со раскинувањето на договорите државата не претрпела штета, но дека постапиле по мислење на Обвинителството, кое смета дека во случајов има перење пари.


Статијата е прочитана 5184 пати.


Испрати коментар



Србија и Косово постигнаа договор во Брисел
Попоски - Македонија своевиден гуру на трпеливоста
„Македонски телеком“ откупи пет иновативни идеи
И по третиот круг Италија без нов претседател
Отворен патот за бизнис со Азербејџан
Уапсен Македонец за грабежи и киднапирање во Грција
Брисел ќе ја чека Македонија до јуни
На тендерот за ОХИС нема понуди
Од денеска почна да се врти вртелешката
Црна Гора го зголемува ДДВ-то од 17 на 19 отсто
(ФОТО) Промовирано првото мени на Брајово писмо
Ќе се зајакне системот за контрола на социјалната помош
Осомничените за нападот во Бостон се од Чеченија
Задолжителна употреба на биоразградливи ќеси
Иванов замина во Канада и Аризона
Владата ќе вработува 1.800 лица од социјални семејства
ПЕИ излезе од „Сојузот за иднината“
Убиен еден од осомничените за бостонските напади
Рен - Драго ми е што на Македонија и оди добро во економијата
Романо Проди за претседател на Италија
(ФОТО) Поплавени викендици на Тиквешко Езеро
ЕУ очекува прегласувањето да мине во слободна и организирана атмосфера
Инвеститорите од Азербејџан добродојдени во Македонија
Ројтерс по грешка објави некролог за Сорос
Трка на кеј во чест на жртвите на маратонот во Бостон
Мушараф уапсен за државна измама
ФБИ објави фотографии од двајца осомничени за нападот во Бостон
Груевски во посета на Азербејџан
Во експлозијата во Тексас загинале 14 луѓе
Полицаец убиен во кампусот на МИТ крај Бостон
Карл Билт - Најзагрижен сум за Македонија
Скопјанка ранета со пет куршуми, додека била на гости
Жерновски - Ќе се бориме до крај и ќе оствариме поубедлива победа



dolar, 18.04.2013 18:01:33
Zosto MVR ne go apsi i Goce Zelenkovski,gazda na firmite Zimeks i Konartis.Ovde MVR veli,deka drzav- ata ne pretrpela steta.Dodeka Zelenkovski ja Ostetil Drzavata,Banki i Fizicki lica.Neplateni Danoci,Komunalii grabez i Izmama na fizicki lica.vmesani i Sudii,Zelenkovski e vo begstvo so nad 10 milioni evra,MVR dali ke raspise Poternica po nego i ke bide kooperativna kako vo ovoj slucaj,ili Kriminalot se selektira?
JAS, 18.04.2013 20:16:15
MNOGU INTERESNA FIRMA CENTRAL BALKAN INVESTMENTS. CIJA E??? 1. CBI Central Balkan Investments Ltd. Cyprus investment in ALFA Television Skopje. Representing interests of CBI in preparing Share purchase agreements, company agreement in ALFA Television Skopje and in negotiations with ALFA television. http://www.lawyers-antevski.com.mk/experience.htm 2.GCP has approved the inclusion of Citigroup Venture Capital International Advisors (CVCI) in the consortium of Twelve Hornbeams /Avicenna Capital LLC, and the inclusion of Central Balkan Investments Limited (CBI) in the consortium of M1 International Ltd http://www.kosovapress.com/?cid=2,3,156130
meksikanec, 18.04.2013 22:01:28
Apsenjeto na Slobodan Bogoevski mi e mnogu simptomaticno od poveke pricini.Najprvo zatoa sto covekot bese visok funkcioner na Drzavnata bezbednos i vo poranesna Jugoslavija,kako i nasata zemja po osloboduvanjeto.Toa znaci deka bil mnogu informiran za mnogu tajni slucuvanja, kako vo poranesnata drzava,takai vo segasnata.Taka da ova e eden oblik, za da se,se drzi pod kontrola.Samata cinjenica da e uapsen so mnogu pomladi luge kako negovi sorabotnici polna e so neizvesnosti.Nivnoto atraktivno apsenje so blagovremeni snimci za celata operacija dava enigmaticna poraka.Vo sekoj slucaj vremeto koe dovagja ke otkrie i mnogu drugi nepoznanici koi nemaat vrska so konkretniot slucaj vrzan za perenjeto pari.Najvazno e toa sto na povidok e nova top scena koja ke gi frli vo ftor plan site drugi slucuvanja okolu nedelnite izbori vo opstina Centar i Struga.Sega pocnuva da stanuva jasno zosto i Todorovic go nema kako vo dupka da prpadna,a i Zernovski e zakjuten.Edino rengispilot na Koce, vrti ili vrti.
negotino, 18.04.2013 22:03:32
bogoevski ima napreveno mnogu zlodela,sega imaat moznost da gi doznaat vlastite od nego, a zlodelata mu se od minatoto,a toj znae od koga i od koj rezim...

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

    


Site Meter


Време
Скопје, 2°C

Делумно облачно

Сабота
Делумно облачно
Макс: 21°C, Мин: 6°C

Недела
Ведро
Макс: 22°C, Мин: 8°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Вкусен агол
(ВИДЕО) Сто најдобри песни според „Ролингстоун“

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Ретровизор | Саботен магазин |