18.04.2013, 18:40 Интервју - За мене гласаа и вмровци и сдсмовци
Одлуката да се оди на избори со задоцнување од 15 дена беше погубна за опозицијата, вели Стевчо Јакимовски, градоначалник на Карпош
Александра М. Митевска
Чии политички бои ќе ги браните во третиот градоначалнички мандат, што формално го добивте како кандидат на Српската напредна странка?
Искрено верувам дека овој мој пристап е широко прифатен и има голем број симпатизери и во другите општини во Македонија, не само во Карпош. Во тој пристап, приоритет се националните интереси кои обезбедуваат напредок и благосостојба на сите граѓани во државата. Со тоа се менуваат приоритетите што досега се презентираа пред граѓаните, и во прв план избиваат интересите на граѓаните, а во втор оние на политичките партии. Со ова се иницира платформа за соработка помеѓу граѓаните на индивидуално, општинско и на ниво на политички партии, како и глобално, на ниво на државата. Со тоа треба да престанат дводецениските кавги и расправии кои не се патот на просперитетот на државата.
Во новиот општински Совет, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ имаат по девет советнички места, така што одлучувачки за мнозинството би требало да бидат петте мандати на СНС. На која страна очекувате да натежнат гласовите на советниците од партијата што Ве кандидираше на изборите?
Советот на Општина Карпош веќе одржа конститутивна седница на која беа верификувани мандатите на советниците од трите партии кои партиципираат во него. По девет советници имаат советничките групи на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ, а петмина на Српската напредна странка во Македонија. За изборот на претседавач и на телата на Советот постои законска процедура и таа ќе се почитува и во овој случај. Процесот на консултација ќе го водат советниците кои се од мојата опција, односно од СНСМ. Во тие консултации и меѓусебно запознавање верувам дека ќе се изнајде вистинското решение за претседател и за телата на Советот. Тука ќе дојдат до израз вештините и знаењата на советниците од политичките партии кои имаат по девет советниците, колку поуспешно може да ги остварат сопствените интереси, кои се надевам дека ќе бидат насочени и, пред се', во интерес на граѓаните на Карпош. Можам да тврдам дека квалитетот на избраните советници од мојата листа гарантира дека ќе имаме големо влијание врз политиката на општинскиот Совет. Конечно, јас сум градоначалник, а како ќе функционира Советот не зависи од мене, туку од членовите на Советот.
Во вториот изборен круг, Вашиот резултат се зголеми за околу 2,5 илјади гласа, за разлика од Андреј Петров, чие салдо се намали за илјада гласа. Дали тоа значи дека добивте поддршка од гласачите на ВМРО-ДПМНЕ?
Во вториот изборен круг мојата кампања беше насочена да добијам поголем број гласови од граѓаните на Карпош. Успеав во тој дел да ги зголемам гласовите од избирачи од сите политички партии, вклучително и од СДСМ и од ВМРО-ДПМНЕ, ДОМ, Партијата на слободни демократи, како и кај гласачите од албанските политички партии. Вториот изборен круг покажа дека граѓаните излегоа и ми дадоа уште поголема поддршка. Во наредниот период ќе направиме подетална анализа колку гласачи сум придобил од ВМРО-ДПМНЕ, колку од СДСМ и од другите политички партии.
Сепак, многу поиндикативно е што вториот изборен круг покажа дека Андреј Петров во Карпош освои помалку гласови и од Јани Макрадули. Односно, Петров освои 8.780 гласа или речиси двојно помалку од Макрадули, кој само во Карпош освои 14.288 гласа. Со тоа се потврди моето тврдење дека Андреј Петров има случајна политичка кариера. По ваков дебакл, политички коректно, дури и нужно, е Андреј Петров да си поднесе оставка и како секретар на партијата и како пратеник. Тој ја загубил поддршката, за која јас тврдам дека никогаш и ја немал, дури и од својата матична Општина, Карпош. Тогаш што останува за цела Македонија. Затоа треба да си поднесе оставка и во парламентот, затоа што нема никаков кредибилитет за таа функција.
Додека бевте во СДСМ, Вие, можеби, најгласно се залагавте за учество на локалните избори? Од оваа временска дистанца, би се согласиле ли дека промената на одлуката за бојкот, сепак, беше поразителна за опозицијата?
Тоа е повеќе од јасно. Моето залагање да се донесе навреме исправна одлука за учество на локалните избори беше со цел да не се случи токму ова што сега го доживеа целата опозиција. Или накратко, моите залагања беа во насока како опозицијата да победи на локалните избори. Затоа одлуката да не се оди на избори беше погрешна, а одлуката да се оди на избори со задоцнување од 15 дена беше погубна за опозицијата.
Како се случи опозицијата да доживее речиси целосен дебакл на територијата на главниот град, по толку интензивна кампања, во текот на летото и по големиот митинг на плоштадот „Македонија“?
Успехот не се постигнува со краткорочна кампања и размислувања и одлуки во политички кабинети, туку со разбирање на потребите на граѓаните и постојаната комуникација со нив, преку нудење конкретни решенија со кои тие се согласуваат и ги сметаат за важни за подобрување на нивниот живот и работење. Успехот не се постигнува само со критикување и со инаети. Суштината на политичкото дејствување е да се водат граѓаните кон остварување на нивните цели и потреби, а не да се остваруваат потребите на политичките партии и нивното потесно раководство, кое очигледно нема слух за потребите на граѓаните.
Во кампањата настапивте со многу амбициозни ветувања? Како планирате да го реализирате сето тоа во наредните четири години?
Не ми е прв пат некој да ми кажува дека давам преамбициозни ветувања. Но, сите граѓани, цела јавност, првенствено граѓаните од Карпош, се сведоци дека успевам да ги остварам дадените ветувања.
Се надевате ли на подобра соработка со централната власт, сега кога веќе не сте член на раководството на СДСМ?
Во Македонија постојат уставно воспоставени институции за чие успешно функционирање се залагаат и се определија граѓаните на Македонија. Соработката меѓу тие институции, посебно на институциите на локално и на централно ниво, е дефинирана со закони. Успешноста на соработката зависи од почитувањето на таа регулатива, а не од волјата на политичките партии. Како и за се' друго, и во оваа област успешноста на соработката зависи од квалитетот на кадрите во општинската и во централната администрација. Од интерес на секој граѓанин и на секоја политичка партија е институциите на Македонија како држава да функционираат ефикасно и да ги остваруваат националните цели и интереси. Јас и досега успешно соработував со институциите. |
Статијата е прочитана 5255 пати.
|
|
Испрати коментар
|
|
jovan, 19.04.2013 00:21:08 | Dosta moderen i snaodliv politicar. Steta sto SDSM na nekoj nacin go izgubi. I ne e samo Stevco, imaat oni *zagubeno* i drugi, koj namesto da gi iskoristat, oni gi ostranuvaat. No, oni si znaat. Strvco go napravija sestra Stefka zatoa sto resil da izlezi na izbori, a utredenta i oni izlegoa. Nikola Popovski ne dozvoluvase arcenje drzavni pari za zaposluvanje partiski vojnici so urgencii, tie go napravija predavnik namesto da svatat deka drzavata ne e partijata. Denes najmnogu VMRO go kritikuvaat zatoa sto arcele pari za vrabotuvanje partiski vojnici, a Nikola Popovski go izbrkaa zatoa sto ne zaposluval partiski vojnici. I bezbroj drugi *cudni* primeri. SDSM od damna se vo haos, i se uste mislat deka drzavata se samo oni, i ako ne se oni treba se da propadne. Na taa partija i treba temelno osovremenuvanje, sto podrazbira golemi i bolni promeni. |
| Opozicioner, 19.04.2013 00:24:17 | Neprijatel mog neprijatelja je moj prijatel! Ovaa poznata srpska pogovorka ja zavrshi rabotata vo Karposh. I kako sega da se svati sorabotkata so Sitel, odnosno Latas i Sarma? Neka ti e so sreca mandatot, no flekata ke ostane. I ne samo taa! |
| JORDAN, 19.04.2013 05:55:01 | STEVCO -STEVANE Brate ja licno te predlagam za idniot PREDSEDATEL na namacena i ispatena drzavicka Makedonija .Ako mozes da soberes okolu tebe i za tebe da glasav MAKEDONCI Makedonski SRBI.BUGARI.TURCI.VLASI.ROMI i po nekoj ALBANEC i da te izaberev za Grado Nacalnik pa zosto istive luge ni bi mozele da te izaberev za Premijer ili Predsedatel na nova i prosperitetna MAKEDONIJA . |
| Sdsmovec, 19.04.2013 06:13:34 | Sekretarot na SDSM vednas da si zamine,ostavka e najmalku po vakov poraz i da zaboravi na SDSM.
Dosta bese od zalutani i slucajni tipovi kako dosegasniot sekretar.
Deckoto nema ni harizma nitu e prestavitelen za takva funkcija,sto e mnogu mnogu ,abe ednas da se nasmeese .
Stevce cestito.
|
| mark, 19.04.2013 06:41:45 | Stevce ubavo kazuvas no edno zaboravas da kazes a go znaat tvoite sopartijci kazi kolku e zadolzena opstinata a se milioni EU od pusti strav da ne dobie Jagnula i da ti gi otkrie dolgovite ti go napravi toa sto go napravi. |
| ФЕЛИКС, 19.04.2013 07:21:30 | Токму така како што пишува jovan,имаат Шатевци изгубено многумина ама затоа го добија оној кој како Рациновата Ленка,,ниже порази,порази зелени отрови,,Разликата помеѓу Ленка и другиот е во бојата на ,,отровите,,.Но да се вратиме на изборниот победник во Карпош.Тој во првиот круг видовме сите(сем заталкани поединци) изборно ги урниса и представникот на власта и екссопартиецот.За потоа до го докусури во вториот круг пак екссопартиецот. Не помогна ,,изливот на љубов,, на Шатевскиот кампус со кучешката променада.Не помогна обзнаната дека електоратот има избор помеѓу предавник и сјајен партиски апаратчик.Но електоратот таков како што го создал господ препозна нешто друго.Препозна партиско политикантско дунек однесување наспроти докажано успешен градоначалник.И на крај дали квази бојкотот а потоа кроткото изборно одигрување е на сопствена штета,тоа го знаат сите.Дури и втората група од детските градинки тоа го знаат.За првата група таму баш и не сум многу сигурен дека знаат,ептен се мали |
| Naumce Srbinoski, 19.04.2013 09:05:31 | Sestra Stefka ne mozese da zamisli da ne e na vlast, zatoa i gi menuva partnerite. Sega, kako sto veli , ke sorabotuva so site. Utre mozebi ke bide kandidat na nekija bugarska napredna stranka. Narodot ima dobra izreka za vakvi kako nego. Zatoa noviot parner DPMNE ja isprci j a g u l a Kunoska, za Stefka gi doie nejzinite glasovi vo vtoriot krug. DPMNE znaese deka Stefka e lesna cupa I deka ke odi na izbori I bez dosegasnite sopartijci, nisto cudno, ne moze covekot bez fotelja. I sega li najde da zboruva deka bil vo pravo, koga se pokaza deka vo ovaa drzava, so ovaa vlast, bojkot na izborite bese ispravna odluka. Bravo Branko, Stefco ne tie do kolena........ |
| ОД: Крива Паланка.....леле леле што направи...., 19.04.2013 09:19:48 | Многу си блиску до врвот, единствен човек кој има поголема енергија и знење од Груевски си Ти. Но, за врвот неможеш сам Ти требаат тим-(ови). А за СНС и Ти и Таа ``странка`` знаете дека само услуга ти направи, немој сега ``до гроба да јој будеш захвалан``.
Дали треба да формираш партија?
Да, треба! Аргументи има повеќе За, отколку Против. А главен аргумент е тоа што СДСМ ќе заглави уште повеќе во своите ``шеми (а)``, но ти ќе мораш и со добар кадар да се занимаваш малку повеќе....а има.....и млади и стари, и мажи и жени.....и албанци и турци и срби и власи и роми, а богами и македонци......од сите граѓани.
Подготви се за поголеми предизвици од Карпош, Македонија има дефицит во лидерството! А ВМРО и не е толку ``моќно`` и многу лесно е ранливо?! Моделот за победа е веќе проверен ......треба да се прилагоди и преслика......во останатите општини во Македонија! П.С. А за нападите од типот предавник или голем криминал или долгови и сл. ќе продолжат, а Ти ќе мора да ги демантираш! |
| ane, 19.04.2013 09:24:32 | За тебе гласаа наивци,Стевче! ТЕБЕ ТИ ТРЕБАШЕ САМО УШТЕ ЕДЕН МАНДАТ! Ти така прораручуна, тебе толку ти требаше! Токму уште еден мандат, за се да си средиш! Тоа лужето не го знаат, ама ке го дознаат! |
| S.P., 19.04.2013 09:24:58 | Graganite vo Karpos pokazaa deka koga stanuva zbor za lokalni izbori ne se glasa za partija tuku za covek koj ima sto da ponudi i koj znae da gi resi problemite koi lokalno gi zasegaat. Inaku G-dinot Jakimovski mene mi se cini deka so stavovite e poblizok do opoziciskata opcija otkolku do pozicijata. |
| jovan, vlada @, 19.04.2013 09:31:19 | Почитуван г-дин Јакимиовски, сега редно е г-динот Алексaндар Спасовски попознат у Скопје како Сарма (ии тоа посна :D) да го ставите за главен ПИ АР и порпарол на Општина Карпош пошо нели таму сега се пресели. Шо има везе бе шо сакаше да го тепаш и што му е...а се по список и мајка и шајка до трето колено. Ќе биде интересно во дневникот на Сител да видиме ваква ситуација:
Пред општина Карпош директно се јавује Саки во дневникот во 19 часот со експлузивна вест дека градоначалникот на општина Карпош добил награда за најбољи градоначалник на планетата Земја пошо ги обедини и вмровците и меките комуњари у Карпош а пак во вестите гостин Стефчо и тоа на Цаци која директно се поврзује со Саки и прават еден незаборавен прилог во прилог на Стефчо како този вмровец со меко В :D! Оф мори мајко кај отиде државава у п.м се отишло и со памето и со морални вредности. Епа да ти се п...м во тоа, боље да бити Лазар Темелков него стар. Поздрав |
| Maja -Karpos, 19.04.2013 11:57:24 | Mnogu me razocaravte gospodine Jakimovski a jas tipuvav na vas kako iden lider na SDSM .Nemam zborovi so koi bi go opravdala vaseto izdajnicko odnesuvane .Se zdruzivte i so crniot gavol samo da i nastetite na partijata koja ve naznaci na visoka funkcija vo gradot.Ve smetav za seriozen i odgovoren politicar a vie ste bile eden obicen sarlatan-. |
| Stojna, 19.04.2013 15:54:33 | Gospodine Jakimovski, zarem ne e navreda za vas da bidete gradonacalnik na srpskata napredna stranka koja sekogas bila radikalna vo pogled na Makedonija, pa i uste da ja proslavite pobedata so srpska pesna.Jas da vi kazam najiskreno, i pokraj toa sto ve pocituvav,se grozev koga gi gledav tie snimki.A,mislam i pogolem del od onie koi glasaa za vas.Zatoa ova e golem tovar sto ke go nosite do kraj na vasata politicka kariera. Zarem ne vi posaka dsusata i sekako dostoinstvoto da zapeete makedonska pesna, da bidete gradonacalnik na makedonska partija, bidejki ovaa ne ja smetam za makedonska, so ogled na toa sto Dragisa Miletik vo izminatiov period ne pokaza lojalnost kon makedonskata drzava.Se sramam kako Makedonka od vasite postapki. |
| Caro-kann, 19.04.2013 17:25:48 | Браво г-дине S.P. на коментарот!!! Бев со намера да испорачам коментар сличен на твојот,но ете си ме претркал.Сосема логично,граѓаните на општина Карпош,кој патем се граѓани во една од најурбаните општини во земјата,едноставно гласаа на ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ и ништо повеќе (за разлика од 95% од граѓаните на целата земја.
Ете,како со сосема краток коментар може да се погоди вистинската цел,за разлика од некои “извинување без задршка“,кој напишал цела статија,ама ни збор за темата-избор на градоначалник на општина Карпош!!!!!!!!!!!!!
п.с. Инаку да се разбереме,исклучувањето од редовите на СДСМ е сосема и регуларно и оправдано и со тоа самиот ќе мора да се носи
во понатамошната политичка кариера!!!
(Па и Дејвид Бекам беше огледало на Манчестер Јунајтед,а сега веќе повеќе
од фудбалер (медиумска личност),па на сер фергусон никој не му најде маана што му ја расцепи главата со копачката)!!!!!!!!!!!!!!! |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 2°C
Делумно облачно
|
Сабота
Делумно облачно
Макс: 21°C, Мин: 6°C
|
Недела
Ведро
Макс: 22°C, Мин: 8°C
|
|
|
|
|
(ВИДЕО) Сто најдобри песни според „Ролингстоун“ |
|