18.04.2013, 18:06 Си велам
Отворете го пенџерчето...
Ерол Ризаов
Во што е разликата на пораките што ни ги праќале во „пусто турско“ и што ни ги испраќаат денеска
Имам една омилена приказна за Насрадин оџа која повеќе пати ја раскажувам и која идеално се поклопува со нашите денешни премрежија и патила, со нашиот примитивизам и провинцијализам. Ќе ви ја раскажам пак, па вие проценете колку е актуелна со нашата денешна реалност.
Еден ден, пред векови, во „пусто турско,“ кога само малку луѓе биле писмени, една анама му рекла на оџата: те молам оџа да ми го прочиташ ова писмо. Го зeл оџата листот хартија и почнал да чита: почитувана анамо еве после долго време решив да ви се јавам и да ве прашам како сте што правите. Како ви е семејството, дали сите сте добри, живи и здрави, како во оди работата..... во тој миг анамата спискала аман бе оџа ефенди што читаш, па тоа е тапијата од куќата. Оџата спокојно и одговорил: ти анамке рече писмо и јас го читам тоа како писмо, да речеше тапија јас ќе го читав како тапија. Ете така со апсолутен авторитет оџата ја скрил својата неписменост. Денес сите настани, пораки, писма, извештаи, пресуди, успеси, неуспеси, до сообраќајни несреќи.... се' што ни се случува во државата ни ги чита Насрадин оџа. Како сака, така и ни чита. Ако леди Ештон рекла државниот врв итно да го реши проблемот со името, или дека интеграцијата со Европа треба да почне од дома, нашиот оџа ова го чита како позитивен исчекор напред и како големо задоволство на европскиот комесар за надворешна политика Леди Ештон од напредокот на Македонија. Ако комесарот на ЕУ Штефан Филе во својот извештај не предлага препорака за датум за преговори со ЕУ, односно вели дека предуслов за тоа е да се завршат ветувањата од први март што му ги дале нашите водечки политичари тоа нашиот оџа спокојно ни го чита како негово големо задоволство од специјалниот извештај на Европската комисија со кој се потврдува препораката за почеток на преговорите. Оџата вели ние сме задоволни од Извештајот кој ги рефлектира реално нашите напори .... и ни дава надеж дека наредните месеци ќе има други позитивни придвижувања во правец на нашето европско интегрирање....
Да се разбереме, нашиот оџа не е неписмен како Насрадин. Тој си ги чита туѓите писма до нас како негови, а ние сме понеуки од анамата бидејќи таа сепак знаела да разликува што е тапија, а што е писмо. Ете така дојдовме до нашиот лажен свет, што Насредин го вика „јалан дуња“, а учените експерти и аналитичари сега го викаат виртуелен свет. Тоа е нашиот паралелен свет кој изгледа еве вака: на 24 декември лани немаше тепање на пратениците во Парламентот, туку обид за државен удар. Не беа избркани новинарите од галеријата, туку беа замолени да ги напуштат своите работни места од безбедносни причини додека се отстрануваат пучистите од Собранието. Оценката дека изборите се мирни и ненасилни со многу неправилности се чита како фер, слободни, демократски и скандинавски. Гласањето секоја недела повеќе од еден месец со развиен изборен туризам на туристи од сиромашен Пустец во повеќе општини и нивно населување со уредно издадени документи на иста адреса е врвен патриотски чин. Секој сомнеж дека тоа е злоупотреба на овие сиромашни и измачени луѓе е предавство, а херои се тие што ги корумпираат и им штанцаат лични кари на сиромашните нашинци од Албанија да гласаат на локални избори. Не поднел претседателот на Управниот суд оставка поради сомнителни пресуди на судот, туку поради тоа што е Албанец и поради Струга. Експертите од ММФ не кажале дека треба да бидеме внимателни со задолжувањето на државата и како да ги трошиме парите, туку биле многу задоволни од нашите економски реформи и вчудоневидени од нашата ниска задолженост. Тоа се чита дека ни е отворен патот за нови заеми и дека станува неподносливо за македонската економија таквата ниска задолженост. На повидок се нови кредити со кои успешно ќе ги враќаме старите долгови. Особено сме среќни што експертите од ММФ не ја кажаа својата улога во македонските парламентарни избори избори 2011 година кога пари за други намени во износ од 230 милиони евра дозволија да се вметнат во буџетот непосредно пред избори. За оваа коруптивна улога на ММФ е водена жестока дебата во бордот на директори, но финансискиот џандар на светот е доволно мудар тоа да го одмолчи и да го чува во фиока за друга прилика. Сега не е упатно да се меша во читањето на писмата на нашиот оџа. Затоа сега и на локалните избори власта додуша со малку ќотек на пратениците од опозицијата уфрли нов заем од 220 милиони евра во буџетот пред избори. Зошто би се менувала тактиката која дава одлични резултати на сите избори.
Не е коректно ММФ јавно да прашува во Скопје каде ги потрошивте парите, кога тоа прашање кај нас го поставуваат само неколкумина предавници. Зошто би било важно каде и како се потрошени парите и колку чини „Скопје 2014“ кога тоа народот го сака. Секое задоволство треба да се плати. Ќефот нема цена. Зошто некој би поставувал пршања каде се потрошија нашите пари и кој ќе ги плаќа борчовите кога на сите избори цели седум години потпишуваме бланко меница како жиранти на власта во која имаме неограничена доверба да ги арчи нашите пари на тони и тони бронза која се плаќа како да е злато, на врби, кораби, галии вртелешки, карусели, триумфални капии, која е таа будала што смее да праша колку чини нашето епохално открите дека Прометеј, Аминта трети, Александар Македонски, Филип Втори, Јустинијан и многу други антички јунаци се нашите славни предци. Ништо не се неколку стотици милиони евра да се чувствуваме подобро за новооткриеното славно минато што со децении ни го криеле комунистите, примитивни Словени.
Странските инвестиции растат во писмата до нас што секој ден ни ги читаат стотици клонирани оџи. Субрата Рој не бил сомнителен деловен човек под истрага во Индија, туку близок пријател на Македонија и на мајка Тереза кој штом заврши со клеветите во Индија ќе стаса да прави Лас Вегас од Охрид. Зошто би им се лутеле што нашите врвни политичари се сликаат со еден сомнителен милијардер кој вели дека имал само еден милион.Тој ги лаже нивните власти таму, а не не' лаже нас тука. Полн е со пари како танкер, и одвај чека да ги истури во Охрид. Ако некој му каже да не ја испушта нафтата во Охридското Езеро ќе го прогласиме за улав оти тоа што ќе го направи Субрата од Охрид ќе биде рај почист од изворите на Свети Наум.
Нема област каде што не живееме паралелно со писмата на Насрадин оџа. Ако барате податок колку факултетски образовани луѓе се без работа, колку средношколци чекаат вработување ќе ви кажат дека пред седум години за време на СДСМ имало повеќе невработени, цели 37 проценти, а сега се само 32 отсто. Тоа што европската статистика вели дека 52 отсто од младите со факултетска диплома се без работа и 38 отсто од средношколците немаат шанса да се вработат тоа е измислица. Тие што пишуваат дека сме најсиромашна земја и последни по квалитет на живеење во Европа и тоа е непријателска пропаганда. Не менува ништо што се работи за најрелевантен годишен Извештај на ОН кој светските медиуми го нарекуваат скала на најсреќните и најнесреќните народи.
Во сите овие наброени и ненаброени случаи на нашиот лажен свет во основа лежи недостигот на демократија. Македонија не е демократска држава. Таа е далеку под сопственото ниво од пред седум години. Дали мнозинството граѓани си ја сака таква татковината не знам. Но сигурно е дека само во таква држава може да има лажен свет. Дали ќе го отвориме пенџерчето да влезе чист воздух или ќе се угушиме зависи од тоа дали ќе научиме да читаме, или ќе ни чита Насрадин оџа. Ако тоа не го научивме сите овие години, како ќе го научиме за две недели како што запнале овие споулавени од Брисел.
Нема шанса.
Кликнете ОВДЕ за повеќе колумни од авторот |
Статијата е прочитана 4683 пати.
|
|
Испрати коментар
|
|
jovan, 19.04.2013 00:36:54 | Mnogu los tekst, bidejki e CISTA VISTINA. Sleden pat Erole, pisuvaj lagi, poubavo mu zvucat na ovoj narod. |
| odzence, 19.04.2013 00:55:14 | Si bil nekoj novinar. Pismen (ne kako Nasardin Odza nepismen). Lugjeto ne mu se obrakjale direknto (kako anamkata) ama mu gi citale pisanijata. No, nekoi citateli potpitnuvale sto kje bide so nas ako ni go smenat imeto vo Gorno Dolna, Severna, Slavo Makedonija so tocka, bez tocka so zapirka... , kje se smeni li identitetot? Kje ne bide li? Dodusa, ne e ni bitno sto potpitnuvale tie tuku kako da im se vsadi cipce koe kje gi napravi srekjni, onaka neosetno da se cuvstvuvaat blagoprijatno i pokraj toa sto im se pusta vrela voda pod cergata. Ne be lugje, sto vi vam, odgovaral toj. Ne odi toa taka. Vie ste si vie. Eve jas sum si novinar i da mi go smenat imeto! Ubeden sum deka uste povekje kje me citate pod drugo ime. I stvarno, site go procitale. I citateli i prijateli i prijateli i citateli. |
| ljupco, 19.04.2013 01:36:55 | so vasive pisuvanja treba da gi razberat i simpatizeri od vlas i opozicija.sekoja cest najspreman novinar vo mala makedonija.
|
| zoki poki, 19.04.2013 02:35:27 | Eve sega vladinite glasnogovornici i tuka vo forma i zbor na eden felix, jovan blada ili izgubeniot germanec ke se stavat zestoko nastrana da go demantiraat SETO ovoa sto vie tolku fino go nabrojavte. Koga ziveete vo svetot na informacii i ne ste spremni za nitu edna druga vistina osven svojata, vie ste tazni i ograniceni lugje. |
| MAKSIM, 19.04.2013 06:26:20 | EFENDIJO ova ti sto pisuvas neje za nasive MAALCI neje niti za nasive KOMSII pa i podaleko .Ova ti sto pisuvas moze da se razbere samo severno od LJUBLANA i GORICA.Gabe arcis vreme od AJVAN ne biduva KONJ.Znaes nesto EFENDIJO NASRADIN OGA-TURCITE ne POBEGNALE od BALKAN zabadijala imale muka da da rekov POBEGNALE dosle do VELES i tuka gi precekale SRBITE na miren nacin im gi predale ZNAMINATA i TEVTERITE gi zamolele dali ke ni napravite USLUGA dali ke prifatite od deneska pa ponatamo so ovoj narod-RAJA i teritorija vie da CEPITE GLAVA a nie sega zasega ke se vratimo od deka smo dosle malce da se odmorimo i zdivnemo . |
| Крт, 19.04.2013 07:10:27 | Што ако го отвориме пенџерчето кога на него се ставени решетки! Воздухот некако ќе го проветриме, ама може промаја да не убие Во ситуација кога незнаеме кај ќе ни биде крајот државата ни личи на РИНГИШПИЛ (не оној од плоштадот). Што повеќе не вртат толку ни е ,,поубаво,, од летот во место. Не е страшно што безочно лажат, болно и тешко е што мислат дека им веруваме. И на крај Настрадин бил еден и омилен меѓу луѓето, денеска ги имаме мноооогу повеќе и истите се опасни за опстанокот на државата. |
| meksikanec, 19.04.2013 07:25:13 | Blagodaram na seopfatnata i precizna kolumna,koja na rezimskite slugi i fanovi ne im se dopagja.No dali im se dopagja ili ne od surovata vistina ne moze da se pobegne.Site sme izmoreni od vladinite gluposti vo oblasta na skolstvoto,zdravstvoto,ekonomijata,sudstvot,odbranata,dodeka MVR ne potece zaedno so Ministerstvoto za pravda.Se prasuvam sto treba da se sluci,za da se izvrsi deportacijata na uapsenite ubijci od Smiljkovskoto ezero,koi momentalno se navogjaat vo zatvor vo Kosovo.Dali ne znaat jazik ili tolku se nepismeni pa nemozat da popolnat validen dokument za ekstradicija ili zatoa sto Ministerot za pravda e Albanec pa pristrasno gleda na slucajot,kako Gruevski so docekot na Tarculovski itn.Narodot mu kaza na Gruevski zosto Djaferi ne mozi da bide Minister za odbrana,ako gresi,zosto Johan ne go stavi za zamenik minister pa da tandemot bide kompletiran.So ovaa Vlast ke se nagledame i naslusame koj znae uste kolku lagi i stradanija,ubavo filuvani od rezimskite mediumi i novinari. |
| deutschland, 19.04.2013 07:29:28 | Erol denes ni napisal MNOGU dobra opoziciska kolumna.ete taka se pisuva opoziciski,protiv Vlasta so razlicno gledanje na nekoi raboti a sepak da ne se vpustate vo Manipulacii i Lagi(ima samo eden isklucok-nemase tepanje na pratenici,samo gi zamolija da ja napustat salata vo koja krsea i ne mu dozvoluvaa na mnozinstvoto da raboti za dobroto na MK).vie gos.Erole doagate od drug sistem i nemozete,nesakate da ja videte realnosta,vizijata na vladeackata partija vmro i Premierot Gruevski(isto kako vas 250.000-300.000 grarani ne se soglasuvaat so nacinot na vladeenje na vmro i e nivno demokratsko pravo).Jas na primer nemozam da ja vidam vizijata na sdsm i nivniot destruktiven VECEN istrosen lider-´´papa´´a jasno ja gledam na vmro i Gruevski(isto kako mene okolu 500.000 gragani se soglasuvaat so vmro i Gruevski i nivnite zalozbi).Vo edno demokratsko opstestvo kako naseto MORATE da ja pocituvate voljata na mnozinstvoto a NE da si izmisluvate deka ima,nema demokratija,rezim i slicni nevistini!!! |
| Marioec od Azija, 19.04.2013 07:32:58 | A da si ja smenime ovaa nedemokratska i diktatorska vlast,za taa od demokratskana i uspesna vlast od pred sedum,odnosno edinaeset godini,pa da si videme ubaini i rajski zivot,nikoj nisto netrebit da raboti se ce cvetat.Rizaov ne go potcenuvaj narodot toj negresi,nema izbor i go bira toa sto mora ne sto saka,badijala ti se spinuvanjata,aj da go pocekame majskio kongres mozebi ce ima novi likovi.Ps clenovite na tvojata partija glasaa protiv partijata od revolt,napisi ni pismo i procitaj ni go ti zosto bese taka. |
| ФЕЛИКС, 19.04.2013 07:45:31 | Најпроблематично е кога воопшто не се читаат пораките кој секидневно пристигнуваат на наша адреса.Па така се прочита од Филе дека нема датум за преговори а не се прочита да имаме напредок во сите сектори лоцирани од ЕУ.Па не се прочита намерно што кажа и напиша ММФ за ниската задолженост и доброто справување со кризата,што значи урнисување на буџетскиот напад кој авторот сериозно ни го презентираше.Не се чита немерно кој тоа во опозицискиот кампус има лидерски претензии,сите пишуваат,ние читаме само авторот не се труди тоа да го опише од препознатливи причини.Сите напишаа што мислат за вториот круг на изборите,авторот изостана со рецензирање на уметничкото изборно дело и т.н Инаку не би се сложил дека нема демократија во РМ,сите пишуваме,сите критикуваме,сите сме сатиричари,сите сме циници,сите сме партиски навивачи и други ,,сите сме,,Но пречи кога некој се задскрива зад божемната независност и непристрасност а всушност постојано презентира партиска склоност. |
| Mirko, 19.04.2013 08:02:48 | Dali e potreben nekoj komentar za ovoj tekst?Sto da napisam i dodavam e suvisno. Edinstveno mi preostanuva da kazam BRAVO majstore Rizaov! |
| Маркос, 19.04.2013 08:08:38 | Déjà vu! „Оџа„ према описот на г. Ризаов е „оригинал фалсификата„. Па, нели, Србите неодамна имаа таков „оџа„ (знаеме како заврши негов вакат). Али ни неговото не било оригинал. Господ знае „кој прв почнал„. |
| od ostrijot, 19.04.2013 08:09:18 | da togasniot odza pismata giotvaral pagi cital dodeka denesniot odza sodrazinata na pismata giznae unapred i narodot misli dae stvarno taka. |
| Zaslepeni, 19.04.2013 08:39:09 | Erole! Ovaj narod i ne zasluzildrugo osvem da mu citaat razni Nasradinovci onakvi pisma i slepo da si veruvaat. Pas so oavaa propaganda i polupismen narod se stvori lazen lik deka ete Nikola kako vitez se bori za imeto, deka zivotot ce go dademe imeto ne, deka kaj nas tece med i mleko. Seto toa go pravat razni plateni telali od tipot na Janku Milenko, Latas i sl. a slepcive si veruvaat. ne izlegle nadvor od ovaj temen vilaet da cujat sto mislat za nas , a i ako izledle izlegle kako slepci i kako sklepci se vratile.Di onaj@odzence@ koj prasuva sto ce se sluci ako imeto se promeni. Nisto , ama bas nisto!Nie i onaka imame ime za medjunarodna upotreba FIROM. Ednostavno imame samo sansa da vlezeme vo NATO i da se doblizime kon EU i eventualno da ja spaseme zemjata od raspad. Pa i onaka nie drzime samo 20-25% od geogravskata oblast Makedonija. Skopje, tetovo, Gostivar, Kumanovo i mnogu drugi meste ne se vo geogravskata oblast Makedonija. Ete tolku patriotu , kolku da znaes.I malku procitaj |
| Mark, 19.04.2013 08:52:25 | Moze da si kazuva i pravi nasiot Nasradin Odza se sto saka Erole - PADISAHOT MU DOZVOLUVA! Dodusa sega ne od Stambol tuku od Vasington - no e li nekoja razlika? A Nasradin si sozdade vojska od potkupeni podlizurkovci so koi ne tormozi (nekoi gi citame i po komentarive), Velikiot Vezir od Kaleto mudro si molci - PUSTO TURSKO, SEUSTE! |
| PATRIOT PO POTREBA, 19.04.2013 08:55:42 | Ероле......секоја ти чест,БРАВО !но....ние ке си тераме по наше па дури еве и на Насрадина ке му направиме споменик(во поверење, има вејке 5-6 готови -ПОЗЛАТЕНИ,чекаат фундаментите да се постават).Еден покојни политичар-македонски,ми рече:момче,народот е хорда, каде ке го поведеш таму и ке оди.За жал тоа е вистината но.....не очекував после толкав брз и ефикасен развој во времето на социјализмот,да остани толку,,неписмен,,народ.Можеби останало од,,пусто,,турско. |
| Cliffhanger, 19.04.2013 09:01:26 | Не се работи за недостиг на демократија, туку за недостиг на правна држава.
Ниту една влада сериозно не се зафати со предизвикот наречен воспоставување на правна држава. Последните надежи паднаа во вода со носењето на законот за амнестија. А потоа, тешко дека ке натерате некого да плати казна за плукање на улица или паркирање на тротоар. Луѓето едноставно си уживаат во кршењето на законите за ситни работи, кога на сторителите на најтешки кривични дела не им фали влакно од главата.
|
| do odzenceto, 19.04.2013 09:15:02 | Odzence, odzence, tebe svesta mi ti ja smenile, ne imeto. Ili mozebi si eden od klonovite na Nasradin odza, pa se obiduvas ti na narodecot da mu ja menuvas svesta. Demek ni go branat imeto, a zad toj paravan ne ograbuvaat i ni ja odzemaat idninata na idnite pokolenija. |
| Дали ММФ е Насредин оџа, Ероле?, 19.04.2013 09:20:33 | Ероле, дали си се запрашал на кого тоа му требаше 24-ти декември? Кој дојде пред Собранието? Кој провоцираше немири со денови пред тоа? Па сета таа циркусијада му требаше само на твојот Бранко да најде оправдување за да не излезе на локални избори и да се обиде некако го избегне дебаклот. Демек, не чинел буџетот, земјата била презадолжена. Види, види. А вчера убаво ви плесна во очи никој друг, туку ММФ. Независните, објективни, најголемите светски признати финансиски експерти. |
| Rezziloff, 19.04.2013 09:27:25 | Ако е и од Ерол Ризаов - многу е!Итно променете го името!Ризаов,претеруваш!Јас не сакам во некаква организација без идентитет (а идентитетот произлегува од името на државата) па макар да е тоа и света Европа!Како опстојуваат државите и народите кои не се членки во ЕУ и НАТО? |
| jana, 19.04.2013 09:31:36 | Erole, odlichno gi zabelezhuvash rabotite koi ni se sluchuvaat vo drzhavata. Ne deka nie ne go gledame seto toa ama Ti epten slikovito ni go prikazha ,osobeno shto ni ja raskazha prikaznata so anamkata. Pa, malku ida se nasmeeme, shto bi rekol MILAN, vashiot chitatel. E,Erole, nie gragjanite sme kako anamkata - se znaeme ama chitame pogreshno. E, do koga vaka ? Sigurno dodeka mislime deka chitame pismo, mesto tapija. I , vaka sakame da vlezeme vo Evropa. Dragi moi , koga nie ke vlezeme, site drugite ke izbegaat koga ke vidat deka ne znaeme shto e pismo, a shto tapija..... |
| stojan, 19.04.2013 09:33:24 | Glavnite prasanja se:1.Koga ke pukne ovaa tikva i ke trgne vozot po udolnicata(koga ke seknat kreditite) i 2.Dali ednas sdsm ke se osvesti i ke ja frli nastrana AROGANCIJATAi ke se simne megju narodot,ne se turka ovaa vlast so vodenje politika vo PLAY kafe,mnogu raboti se pomesteni i sdsm ne ke moze taka lagodno da se odnesuva nasprema disciplinata,kontrolata no i zastitata na clenstvoto sto ja praktikuva vlasta.Ednostavno pominaja tie vreminja koga sdsm kazuvaja deka se najubavi i najpametni a ovie drugite bile ne kapeni! |
| Danilo, 19.04.2013 09:42:18 | И така драги деца начинот на кој читаше оџата се пренесуваше од колено на колено,од оџа до еврокомесар.Школарината на запад кошта скапо,се плака.Сигурно и читањето не е без пари.Колку убаво прочита Ренцитирам од Дневник
Драго ми е што на Македонија и оди добро во економијата, изјави евро-комесарот за економски и монетарни прашања Оли Рен и остана се надевам жив. |
| jovan, vlada @, 19.04.2013 09:50:00 | Тие што пишуваат дека сме најсиромашна земја и последни по квалитет на живеење во Европа и тоа е непријателска пропаганда. Не менува ништо што се работи за најрелевантен годишен Извештај на ОН кој светските медиуми го нарекуваат скала на најсреќните и најнесреќните народи-WOW!Макеоднија, македонци, мизерија, беда, сиромаштија, безработница, партизација, фрустарација, несреќа, црнила, транзиција, бирократија, помор, режим, автократија, балканска вукојебина, шизофрена власт, забеган народ кој и кога е во право греши, назадување, анти-реформи, застој, колапс, трагедија, папокот на светот, неспосотбност, безрбетници, анти-нато и анти-еу, апокалипса, режимски новинари, поткупени интелектуалци, непсобна администација, партизирано судство, немање автонимија на високо обраование, леб, вода, пари, сок, патиџани, а и да г-дин Ризаов. Епа драг почитуван новинар, зар не ви се здосади овие погоре споменатие фрази да ги мантрате цело време 27/7 367*7 и резулатот на тое е 57:4??Уф упорни дечки се... |
| milan, 19.04.2013 09:51:45 | G-dine Rizaov, nasite anmki nemaat vreme svoeto pismo da go odnesat na odzata, a i toj ne se vrti doma nego e na pat po svetot. Sovremenite anmki go frlija feredzeto ama nisto ne citaat bidejki po cel den se na niva. Tie cekaat da im kapne subvencija pa da mislat kako nivniot trud e isplaten. A sto so vistinata? Vistinata im ja prezentira SITEL i K-5 i tie veruvaat.Nemat vreme da citat portali a da go citat vasiot tekst uste pomalku.Zatoa odzata sto ke rece toa e vistina. POZDRAV. |
| viki, 19.04.2013 09:58:51 | Cestitki Erole. UZIVAM koga gi citam tvoite kolumni. Steta sto golem del od narodot ne moze da te razbere. |
| Дебелогазец Храбар, 19.04.2013 10:24:23 | Текстот е маестрален и точен до срж. Драги ФИРОМЦИ, ајде да се кладиме дека Грујо ќе ви го смени името? Па од кога овој каков таков - никаков народ, стана волку патритически и борбен? Знаете ли кој ќе ја брани оваа вукојебина кога Арнаутите ќе се активираат по налог на Великиот Везир од Вашингтон? На кого му продавате патриотизам. Ве знам многу добро. Меѓу вас сум. Овој дел на народот кој денес се идентификува со македонски- кога ќе припукаат арнаутите- имам вид виделина да фати по плажите У Грчка и кој кај стигни. Ви го разбирам бесот. Најмлада нација во Европа и непризнаена од никого.. ама олку јунаци не знаев дека имало. Ероле напиши нешто за Султанот и селаните со слончето во наредната колумна- за овој народ да си ја свати борбеноста и државотворниот капацитет |
| Џони Вокер, 19.04.2013 10:33:13 | Помодерна паралела е новоговорот на Орвел. Предавниците станаа патриоти а патриотите предавници. Министерката за апсења, тепања и подметнувања секојдневно е во медиумите со песната за мирни и демократски избори и со запазување на законските процедури. Министрерството за мизерија стана министерство за благосостојба со секојдневни бомбастични најави за големи странски инвестиции. Скопје 2014 го врати Скопје во 1914 година. А да не збориме за безбројните роудшоуа каде премиерот „ многу покушава али ништо не постизава“. Пенџерињата уште долго ќе останат затворени и сите ќе чмаеме во темнина. |
| Лично Јас, 19.04.2013 10:37:31 | Кога една лага ќе ја повторуваш илјада пати, ќе стане „вистина„. Гвујо и неговиот „центар за комуникации„ успеа во ови 6-7 години, со уцени, корупција, притисоци, да ги стави под своја капа сите медиуми под свое - особено електронските. И сега што се случува: секоја вест која оди на штета на Гвујо анд фамили, се маргинализира до максимум:на пример оставката на претсед.на управен, само на ТВ 24 Вести беше саглам проследена и коментирана - Сител, Канал 5, Алфа (ги жалам) и останатите, ја објавија презентираа кратко, брифли како да се работи за „пукање на водоводна цевка во некое селсо маало„. Или се извртуваат вестите т.е. се презентираат онака како што ги чита и разбира „паметната„ Гвујова глава. Се додека е така, ништо во ова држава нема да биде како во една нормална држава. Но, јас сум сигурен дека се ова на Гвујо ќе му се удри од глава, ама тоа не ме загрижува - ме загрижува што сите ние ќе си добиеме по глава. |
| Nekoj od nadvor, 19.04.2013 10:52:18 | @Reziloff, Ми се смачи веќе од неписмени! Знаете бре вие што е ОН или не? Што е ЕУ? Знаете ли што е идетитет побогу. Ако тој ов...т навистина се грижи за името, што не го реши?! Зошто да не бидеме само Р.Македонија? Нека најде бе решение, не ме интересира, за тоа зема плата! Не ме интересира што Грција предлага име со географска одредница, ако го бидува нека најде решение! Никој од вас не бидува за ништо затоа Македонија е таму каде што е и тоа е единиот факт! Кога јас сакам нешто одам се борам и го добивам. Што направи Груевски? Зошто провицираше место со мудри потези да бара пријатели? Не го лути тој што треба да ти помогне. @Jovan vlada, Ерол повторува за да некои разберат, инаку доволно е да го видите бдп по земја е све е јасно. Ако вас ви се доволни патлижани за живот, некому не му се. Ако ве нервираат фактите, зошто читате Утрински? какви глупости.... |
| Nema ni spas Erole, se zazemaa i kontaminiraa, 19.04.2013 10:52:19 | Otvori go pendzereto, koga tamu Latas, a pozadi nego odzata Janko. Otvori ja vratata koga tamu Milenko, a pozadi nego anamijata Mirka, i taka redom. Crno ni bilo pishano, Erole! |
| svet, 19.04.2013 11:11:43 | Ubava kolumna samo koj razbira ,tuku NARODE,tret pat pisuvam deka FELIX i DEUTSCHLAND E edna osoba so dve E-MAIL,dali primetuvate deka sekogas pisuva so vremenska razlika 15 min do pola saat,kajvo licemerie ,bas na sekoja kolumna ,sto ocekuvate od takvi luge pravednost? Najdobro nikoj da nemu odvraka na negovite komentari ,pozdrav |
| nosferato, 19.04.2013 11:31:05 | е вики вики народот не е до толку глуп за да го разбира ерол титоистот упс извини бранковистот |
| bile, 19.04.2013 11:34:46 | eden den odzata ke se izmori od chitanje zosto kje nema na kogo da mu chita |
| почеток без крај, 19.04.2013 11:38:55 | Идентитетот како општ поим не се зацементира преку разни извештаи,писма,историогравски егзибиции и разно разни трансформации на белосветската историогеогравска архива.Идентитетот се чувствува преку сите сетила на човековото битие.Хендикеп за него,идентитетот, е што неговото поимање и чувствување зависно потребите се пушта низ фабричката лента за преку таквата трансмисија регенерира во сосема поинаков нузпроизвод.Нека биде така,ама за обичниот граѓанин да ги помине овие стотина години па после здравје.Зa политичката елита и нејзиниот ментор,историската наука,такви викенд излети и екскурзии се чисто поигрување со сопствената др��ава и крајно безкурпулозно мазохистичко толчење нејзино заради т.н. големото патење на овој народ.На таков начин нема ниту почеток ниту крај во градењто држава. |
| Vesna, 19.04.2013 12:40:32 | Gospodine Erol so zadovo;stvo gi citam tvoite kolumni i se prasuvam sto mu e na ovoj narod kolku poveke osiromasuva tolku mu e podobro.Molci kako riba i misli deka taka treba da bide samo veli zdravje neka ima .Bog da cuva izgleda nekoja posebna sorta sme . |
| x, 19.04.2013 12:42:55 | I taka , si bese ednas eden Nasradin i eden itar Pejo i eden Pejo Glupaviot i .... drugi barokni likovi so koi im e polna ustata na razni kolumnisti i komenato-agitatori koi znaat da citaat megju redovi i da baraat vlakna vo jajceto so cel da gi ispravaat so gumen cekan itn...itn... Samo taka prodolzete inaku ke bide monotono.Pozdrav i se cekame kaj vrteleskata. |
| od sofija, 19.04.2013 13:00:48 | filiks i mnogy drygi kako tebe ti javimy sekogas go citam gospodin rizof so razbirane se zboryva za imeto dali ke bidi firom fajrom ama pose izgleda ke bide bajram zivejam vo stranstvo 45god.davaja pasaporti i jas zedov kako rodena vo makedonja koj identitet repyblika makedonija pacos republic of macedonia passport republique de macedoine passeport kazetemi kade vo sveto ova go ima kakov dokyment ovaj et |
| SP, 19.04.2013 13:30:10 | Na nas ni treba tajfun za da izduvame se sto e kontaminirano a ne prozorce podotvoreno. Tuku podrzuvacite na gluposta sekogas mislat deka se najpametni ne se krivi tie tuku gospod sto tolku im podaril. Vi blagodarm sto pisuvate taka i nie ostanatite sto ne go razbirame Odzata si imame mal prozorec kon realnosta i vistinata. |
| kaktus, 19.04.2013 14:43:46 | E more Erole. Velish nemalo demokratija. Najdobar dokaz deka seushte ima nekakva demokratija si ti samiot i tvoeto pisanie. Seushte ne mi e jasno tvoeto opstojuvanje kako nekoj svetilnik vo Moronskoto More. Nejkam da te falam, ama kamo da imashe barem nekolku kauri kako tebe. Za sega prosechniot makedon e ponepismen od anamata shto ja spomnuvash |
| Срамотилов, 19.04.2013 15:26:29 | Идентитетот произлегува од името на државата?! Поголема глупост ниту Резилов не можел да смисли! Ако си Македонец во Канада , мора да си Канаѓанец.Или во Горна Волта Горноволтанец.Курдите немаат држава , како и Баските , Ромите и стотици други народи , па си го имаат идентитетот.А , вас , со крвна група ЕГ, што грујовстите ви го испраа мозокот , па мислите дека вие сте Грци , а Грците Црнци , може човек само да ве сожалува или да ви се смее , чеда Букефалови!Извадете ја главата од песокот , ноеви мои мили! |
| bez kniska, 19.04.2013 17:50:22 | tolku vistina na tolku mal tekst |
| Caro-kann, 19.04.2013 18:10:26 | Г-дине jovan,vlada@ (мислеше дека тука ќе се сокриеш!!!Е,нема криење г-дине тра-ла-ла-коментатору,се додека не се потпреш на некоја “задолжително извинување“ или слично),се си наброил,човече,буквално се,само себе си се изоставил,како оној вистински настан од мојот крај.Кога бил запрен од полициска заседа (некој вид полициски час) непосредно по !!-та светска војна или поточно по раскинувањето на СФРЈ со Коминтерната и Варшавскиот сојуз,човек од едно овдешно село кажал буквално се и кој му е татко и која му е мајка,от кое колено потекнуваат,која му е сопруга и кои му се деца,каде живее во селото и каква му е куќата,кои му се кумови,а кои старосватови,кој му е чичко и стринка и се,само заборавил да си го каже името и презимето.Ете,така и ти си набројал се што ти паднало на ум и нешто во корист на твојата определба и повеќе против неа,само си се изоставил како коментатор,која карактеристика е битен барометар и на нашите случувања и калта во која се наоѓаме и “темната“ иднина !!!!!!!!!!!!! |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 2°C
Делумно облачно
|
Сабота
Делумно облачно
Макс: 21°C, Мин: 6°C
|
Недела
Ведро
Макс: 22°C, Мин: 8°C
|
|
|
|
|
(ВИДЕО) Сто најдобри песни според „Ролингстоун“ |
|