Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Коментари
18.04.2013, 18:04

Едиторијал

Омекнаа ли строгите монетарци

Нина Нинеска-Фиданоска

Можеби само тонот со кој беа изречени констатациите за клучните економски предизвици за земјава беше млак, или, пак, и самите тие беа недоволно прецизни, но факт е дека завршната прес -конференција на Мисијата на Меѓународниот монетарен фонд не ги исполни очекувањата, па дури и ги разочара многу од домашните познавачи на состојбите, кои со загриженост следат како Владата управува со економијата во последниов период. Или поконкретно, ако добар дел од овдешната економска јавност со право очекуваше многу пожестоки фондовски критики за брзината со која Владата ја задолжува државата, и уште повеќе, за целосно сомнителните намени за кои се трошат позајмените пари, екипата на ММФ ништо од тоа не сервираше како јасен став во својот финален извештај за Македонија.

За волја на вистината, доколку внимателно се исчитаат наодите на монетарците, можат да се пронајдат навистина сериозни предпредувања, каква што е на пример сугестијата оти „одржувањето на макроекономска стабилност е многу важен услов за раст, што налага постепено намалување на дефицитот и долгот со тек на време“. Шефицата на Мисијата Ивана Владкова-Холар оваа теза и ја разработи во неколку свои интервјуа, нагласувајќи оти македонската економија не може да поддржи високо ниво на долг. Сепак, острите пораки како да се изгубија во морето од дипломатски пофалби за Владата дека добро успеала да се справи со влијанијата од европската криза, па и дека едноставно морала да се задолжува за да му помогне на стопанството полесно да ги преброди надворешните шокови, давајќи му дури и карактеристика на нешто сосема нормално, особено во споредба со другите држави. Тука се вклопи и изјавата дека нивото на македонскиот јавен долг не е алармантно, а секоја споредба со грчките случувања, се смета за претерана.

Токму овде може да се бараат мотивите за разочараност што дел од експертската мисла во земјава ја испорача од монетарните поимања на македонската економска реалност. Сите што ги паметат некогашните мисии кои се истакнувале со директност и ослободеност од премногу дипломатски целофан кога треба да се пренесе загриженоста од одредени, главно трошаџиски владини економски потези, сега како да се затечени од благонаклонетоста и пријателскиот стил со кој ММФ говори за долгот и за буџетскиот дефицит. Но, овде не може а да не се спомене целосно изменетата светска економска сцена каде што делува и ММФ, а таа е должничката криза која потресе многу од државите за кои никој не ни сонуваше дека може да им се случат такви крахови. Затоа и монетарците сега се многу потолерантни, па можат и да замижат пред не толку драматични случаи, за каков што го сметаат и македонскиот.

Сосема друга работа, пак, е што првиот човек на македонската Влада, премиерот Никола Груевски, побрза внимателните оценки на ММФ да ги истолкува во полза на владините економски политики, нарекувајќи ги нив демант на опозицијата и на нејзината „долгогодишна пропаганда оти земјата оди во лош правец и буквално пропаѓа“.

Но, наместо препораките на ММФ да се користат за напади врз неистомислениците и за додавање на некој мал поен во својот рејтинг, можеби треба малку посериозно да се разгледаат деловите кои не се толку „популарни“, како на пример оној дека раст од два отсто се' уште има шанси да се оствари, но тој е подложен на значителни проблематични ризици. Дури и да се реализира таа стапка, ќе ви речат стручњаците, таа е далеку од доволна за да осигура намалување на невработеноста и сиромаштијата!

Она, пак, за што секако би требало да им се честита на луѓето од тимот на ММФ што овде две недели ги скенираше економските состојби, е што многу јасно го лоцираа клучниот проблем, а тој е каде се инвестираат буџетските пари, заедно со оние од земените кредити. Тоа секако треба да бидат железница, патишта, енергетски објекти..., прецизираше Холар, иако не сакаше многу да навлегува во коментари од типот дали било соодветно толку силни милиони евра да завршат во бетон и во бронза во скопското централно градско подрачје. И уште, порачаа монетарците, нема повеќе „екскурзии“ со ново трупање на долговите кон бизнис заедницата. А овие сугестии, никако не би смееле да се игнорираат.


Стати��ата е прочитана 925 пати.


Испрати коментар



Отворете го пенџерчето...
Избори што траат и траат...



jovan, 19.04.2013 00:46:20
MMF i Svetskata Banka se *pragmaticni* i se dodeka nivniot kapital/krediti koj se dadeni ovde se na nekoj nacin pokrieni(Makedonija vo stranstvo ima nad 2miljardi drzavni devizni rezervi), ke ne tapsaat po ramo i ke tvrdat deka sme *ekonomski tigrovi*. Oni do posleden den i za Kipar tvrdea deka bil stabilen, pa utredenta uste od sabajle im gi blokiraa parite na stedacite. Istoto bese so Argentina pred nekolku godini, pa Argentina bankrotira. Primeri ima uste mnogu. MMF si gleda kolku si *siguren* za niv, a dali odis napred ili propagas, ne im e mnogu gajle. I Jelcin koga bese na celo na Rusija, za niv Rusija bese prosperitetna drzava, pa Rusija dojde do pred bankrot. Da ne bese Putin, denes Rusija ke ja nemase.
Лазо Стефанов, 19.04.2013 06:56:43
Како да разговорите за економијата на РМ, се сведуваат само на едно прашање - јавниот долг. Многу погрешно и ограничено. Тоа е исто кога за нашите деца би се интересирале единствено за тоа - колкава е телесната температура.
Marioec od Azija, 19.04.2013 07:16:37
Ne se sekiraj tolku za ekspertizata na MMF,za sostojbata kaj nas,tie dobro ja poznavaat cela situacija i negresat tolku kako sto se nasite kvazi experti.Imam edno prasanje koga sme imale tolku dobri i uspesni eksperti,kako toa dvaeset godini drzavata ni se naodja na dnoto,skoro vo sve?Nemame konkurentno proizvodstvo za domasnio pazar,a da ne pomisluvame za stranskiot pazar,a ekonomski poznavaci kolku sakas.Pozdrav.
ФЕЛИКС, 19.04.2013 07:55:02
Нормално да ти биле ,,меки,, монетарците па и СБ оти испорачуваат позитивни оценки за економска положба на РМ во овие кризни времиња.Дури и се ,,премеки,, кога ја бодрат владата да продолжи,со укажувања за работи кој треба да се пресретнат да не би нанеле штета на економијата.Сосема го разбирам разочарувањето,оти се побиваат тези и синтези да економијата ние катастрофа.Се побива најважното да буџетот е лош,се побива сјајно штетната собраниска опозициска одбрана за презадолженоста и буџетското трошење и др. побивања кој ни ги презентира ММФ.Но знам ептен добро да имаше критики од ММФ е тогаш ќе имавме,,што ви зборувавме и што ви пишувавме,нашето се потврди и во право се и ММФ и СБ,,А сега вака имаме разочарувачко,,овие да не се премеки во оценувањето,,
meksikanec, 19.04.2013 07:57:33
Kolumnata vi e kratka,precizna i jasna.No toj sto trba da ja svati i razbere,ja svaka i razbira na svoj nacin,pa zatoa ne poceka ni da si odat monetarcite odma pocna da se fali so svoite uspesi,Da ja kritikuva opozicijata koja so zagrizenost gleda vo ekonomskata stabilnost i nezavisnost,i da tvrdi deka ne sme zadolzeni kako Grcka,Srbija i nekoi drugi zemji vo svetot.Ima li nekoj koj znae kolku e zadolzena ovaa Vlada ili toa ke go doznaeme po nejzinoto pagjanje.Na teritorijata na ovaa zemja se vodele site do sega poznati Svetsi i Balkanski vojni,pa ovaj narod preziveal.Toa znaci seuste sme daleku od toa vreme i deka od loso ima poloso.No koga mislat ovaj narod da pocne vistinski da zivee.Najtesko pagja sto,od falbite na Vladata ne mozi da si gi kazi svoite maki.Ovaj izvestaj i Ministerot Stavrevski i Gruevski go iskoristija, kako pofalba od MMF i moznost za novi zadolzuvanja sto doprva ke sledat.Na narodot edino mu preostanuva da sija pee pesnata LAZI LAZI VER ili SO MAKI SUM SE RODILA.
deutschland, 19.04.2013 08:16:33
Dobivme realen izvestaj od MMF.tie prvo si go gledaat sopstveniot interes pa potoa se ostanato.za niv najvazno e koga Drzavata moze bez nikakvi problemi da si gi vraka dolgovite.se drugo e politika na samata Vlada.nekolku zbora i za samiot izvestaj-toj bese POZITIVEN(imase i predupreduvanja) i bese MNOGU daleku od toa sto opozicijata se trudese da ni go pretstavi.uste eden od nizata udari koj gi dobi branko destruktivecot a pokraj nego i sdsm!!trgnete go sto podaleku od partijata i toa pod HITNO!!!!!!
od ostrijot, 19.04.2013 08:25:44
ne strogite monitarci ne omekna nego segane uste pumpat a posle nekolku godini koga blazata ke pukne togas i nije kego imame grckoto scenarijo.
ZEMJATA, 19.04.2013 08:56:44
Kade ke im odi dusata na site ovie koi so prikrivajne na faktickata sostojba vo drzavava mu davvat za pravo na Pastirot da ja dotolcuva opozicijata i da se izzivuva so narodot.
Milan, 19.04.2013 09:59:49
Што очкувавте ММФ да ни кажат остро дека трошиме многу ? Никогаш нема тоа да го направат бидејки им одговара да има такви глупаци кои ке ги користат нивните големи фондови. Па нели и самите гледаат дека ни ,,Калифорнија не ни е рамна,,!
Коста Стоименовски, 19.04.2013 10:24:13
Едно од најважните дипломатски правила е кога одиш на гости не треба да го пцуеш домаќинот! Нереално е да се очекува претставниците на ММФ да настапуваат како опозиција на власта на која било држава! Тие имаат конкретни и јасни критериуми како треба да се анализираат и да се оценуваат политиките на секоја пооделна земја и укажуваат што е добро, а што не е добро и треба да се корегира. Порано пертставниците на ММФ и СБ настапуваа далеку потранспарентно во оценувањето на политиките на мак. влада, а сега тоа го направија само на крајот на нивната мисија во Македонија. Пред повеќе години претставникот на ММФ во Македонија (ако добро се сеќавам на неговото име) Томпсон не се симнуваше од екраните на МК ТВ. Секоја власт настојува да ги нагласува само позитивните ставови и оценки на ММФ и да ги прикрива предупредувањата за нарационалното и расипничко трошење на буџетските пари и парите од странските кредити. Сепак, најважно е владата да ги разбере и да ги почитува препораките на ММФ!
od sofija, 19.04.2013 13:20:07
nemie jasno filex sto makedonija tolky proizvedyva na pazaro doma i nadvor pa tolky dae dobra ekonomijata kaj nas
@deutschland, 19.04.2013 13:56:02
Sto ima vrska Branko so izvestajot na MMF? Ne se zadolzi Branko. Kako sto spomena edne pred mene, treba da pravite razlika megu diplomatski jazik i ,,prostachki,, jazik. Nema MMF da dojde i da ni se razvika...treba da se chita megu redovi, no i da se znae deka niv im odgovara da ima zadolzeni zemji, od toa bre ziveat.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

  
Што прават
 


Site Meter


Време
Скопје, 5°C

Делумно облачно

Сабота
Делумно облачно
Макс: 21°C, Мин: 6°C

Недела
Ведро
Макс: 22°C, Мин: 8°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Вкусен агол
(ВИДЕО) Сто најдобри песни според „Ролингстоун“

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |