19.04.2013, 11:43 (ФОТО) Поплавени викендици на Тиквешко Езеро
Кавадарци - Преливот на водата во преливната шахта на Тиквешко Езеро заврши. Но, зголеменото ниво на вода поплави голем дел од викенд куќите кои се изградени на брегот на Тиквешко. Сопствениците на викендици велат дека не е прв пат овие куќи да бидат под вода, бидејќи при изградбата и не се водело грижа што ќе се случи доколку се зголеми нивото на езерото.
Од Водостопанство Тиквеш велат дека преливот заврши, но и понатаму будно ја следеле состојбата.
Зголемениот доток на вода во реката Црна деновиве придонесе таа да се излее и да поплави земјоделски површини во атарот на неколку села во Тиквешко. Беа поплавени ниви на неколку локации околу реката Црна.
Техничкиот директор на Водостопанство Илија Темелковски рече дека коритото на Црна можело да носи 120 кубни метри вода во секунда а деновиве имаш�� 160 кубни метри во секунда. (А.Д.)
|