Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Политика
19.04.2013, 19:51

Црвенковски нема да биде ни почесен претседател

На Кире Наумов не му се даваат сериозни шанси, засега се извесни кандидатурите на двоецот Зоран Заев и Радмила Шекеринска, Зоран Јовановски и Игор Ивановски

Горан Адамовски

Бранко Црвенковски најпосле заминува од политиката. Одлуката за повлекување им ја повторил на своите сопартијци на завчерашниот седница на Извршниот одбор на СДСМ. Било договорено Конгресот да се одржи на 2 јуни и тогаш ќе се избере новиот претседател. Засега се во игра три кандидатури: двоецот Зоран Заев и Радмила Шекеринска, Зоран Јовановски и Игор Ивановски.

Иако на „Бихаќска“ владее официјален молк, повеќе изв��ри од партијата потврдија дека Црвенковски се повлекува. Тој на сопартијците им рекол дека непотребно се напишале еден куп текстови околу тоа дали си заминува или не, се трошело премногу енергија во толкување на неговите зборови, а тој барем во четири наврати прецизно рекол оти нема намера да бара уште еден мандат.

Ќе си замине целосно или, пак, ќе биде лидер во сенка? Ќе биде ли избран за почесен претседател? Извори од партијата велат дека Црвенковски најавил целосно заминување од политиката. Според шпекулациите, дури и ќе биде пасивен при изборот на нов претседател.

„Ако навива за некој од кандидатите, тогаш се доведуваме во ситуација јавноста и нашите противници да го толкуваат новиот лидер како продолжена рака на Црвенковски и тоа да има негативен ефект. Затоа, како што сега стојат работите - тој нема да се меша во трката. Но, не како во 2004 година кога, исто така, рече секој да гласа по своја волја, а сепак неговите најблиски соработници во салата влегоа заедно со Бучковски. Не е одлучено дали ќе му доделиме некоја функција како почесен претседател, но, најверојатно, нема. Црвенковски и самиот не сака да се доведе во ситуација како што беше на времето во ВМРО-ДПМНЕ, кога почесниот претседател Љупчо Георгиевски примаше повеќе гости отколку Груевски. Од друга страна, Црвенковски, како поранешен претседател на државата, има свои простории во зградата спроти седиштето на СДСМ, значи кој сака може да дојде и во партијата и кај него“, тврдат нашите соговорници.

Според партискиот статут, актуелниот претседател ќе треба пред делегатите на Конгресот да реферира за изборниот пораз. Се очекува жестока дебата, оти во СДСМ признаваат дека грешки има кај сите - од раководството до месните комитети. Нема да има гласање за доверба, бидејќи на претседателот му истекува четиригодишниот мандат, а нов нема да бара. Интересно ќе биде како ќе се постават другите функционери во партијата. Тие велат дека не бегаат од преземање одговорност.

Сега на потег се општинските организации. Кандидирањето за нов лидер ќе оди преку нив. Досега, како што потврдија од партијата, се извесни три струи. Пратеничката Радмила Шекеринска има најголема поддршка од скопските комитети. Во тој случај Заев би бил претседател, оти кандидатурата мора да има едно име, а Шекеринска потпретседател. Тие ќе бидат тим, се укинуваат тројцата потпретседателски места. Координаторот на пратеничката група на СДСМ, Игор Ивановски е адут на Црвенковски. Предност на потпретседателот Зоран Јовановски му е економската стручност.

На ексдиректорот на Агенцијата за разузнавање Кире Наумов, кој самиот најави дека ќе се кандидира за претседател доколку се смени делегатскиот состав на Конгресот, не му се даваат сериозни шанси поради критиките кон актуелното раководство. Како притаен фаворит се споменува професорот Стево Пендаровски. Но, тој вчера ни рече дека нема амбиција да ја води партијата.

По седум едно по друго загубени изборни битки, СДСМ е пред сериозен испит како понатаму. На „Бихаќска“ апелираат до кандидатите да водат пристојна кампања и да внимаваат да не создадат раздор во партијата. Желбата е по 2 јуни, без разлика кој ќе победи, СДСМ да излезе како обединета партија.

Бранко Црвенковски е на чело на партијата од 1991 година. Единствено од 2004 до 2009 година, кога беше претседател на државата, на чело на СДСМ беа Владо Бучковски, Радмила Шекеринска и Зоран Заев, кој всушност беше в.д. претседател.


Статијата е прочитана 5677 пати.


Испрати коментар



В недела - Ќе се прегласува во Центар, Струга, Ѓорче Петров
Зошто ПЕИ си замина од „Сојузот за иднината“
Проблематична дигитализација
Притвор за Слободан Богоевски
Отворен патот за бизнис со Азербејџан
На Македонија и' остана само Рикер во Вашингтон
Грција за секој случај мавта со вето
Брисел ќе ја чека Македонија до јуни
Патот за Галичник непрооден веќе шест месеци
Поплавени викендички на Тиквешко Езеро
Хидросистемот „Злетовица“ стартуваше со проблеми
Иванов замина во Канада и Аризона
ПЕИ излезе од „Сојузот за иднината“



Mark, 20.04.2013 00:19:51
Ete, nokjnata mora na Gruevski - Wosiot Bwanko - ke si odi (barem zvanicno), tuku drugi zaeb..cii izlegoa!? Srbija i Kosovo se dogovorija, a dojde i samarcinata od Stejt Departmentot!? Kolku i da se cudevme na molcenjeto na Volers za site valkanici na Familijata covekot si ja brkal rabotata, prakjal izvestai i odgovorot od Vasington stigna! Sega Latasite i Kekenovcite kolku i da se napinjaat da go *denfuvaat* i nim a posebno na Gazdata im e jasno - *Odneo vrag salu*! Ne e veke Branko problemot - im ide *katil-fermanot od Stambol* - a po nego se znae sto sleduva..!!
Коста Стоименовски, 20.04.2013 01:50:34
Б. Црвенковски направи голема грешка кога реши да се врати на чело на СДСМ! Имаше импресивна политичка кариера, лидер на партија, во два наврати премиер, шеф на држава. Во својот дводецениски политички ангажман, за жал, правеше грешки и зад себе остави сериозни хипотеки (нерегуларна приватизација, ТАТ, голема невработеност, името на државата....). За разлика од хиперактивниот Н. Груевски, Б. Црвенковски беше и остана салонски политичар, султан окружен со полтрони и беспоговорни послушници. Доколку се повлечеше по завршетокот на претседателскиот мандат ќе направеше добро не само за партијата и државата, туку и лично за себе! Без потреба се изложи на тешко оцрнување од пропагандната машинерија на актуелната власт. Верувам дека неговите сопартијци, но и мак. јавност ќе го поправат впечатокот за Б. Ц. доколку се повлече достоинствено и не се меша во изборот на новото раководство на Партијата. Нека се ангажира на некоја регионална иницијатива по примерот на Жељу Желев.
edno dete, 20.04.2013 02:40:26
Црвенковски го има најнеславното враќање на политичката сцена во историјата на Македонија. Тој е истрошен политичар нема што да понуди повеќе .... време е да си замине и да остави не докажаните да водат и да раководат да им се даде шанса на тие коишто не биле а имаат капацитет да го сторат тоа . Тоа нема да биде ни малку лесно , но сдсм мора да се врати ,сјајот мора да му се врати , целосно реформиран . само така може да му се спротистави на дпмне , а инаку ако останат шеќеринска , ивановски ништо тоа е старата гарда на бранко ...
Опседнатост, 20.04.2013 06:07:57
Никако да разберам зошто сите, а особено симпатизерите на владејачката партија, се толку загрижени ��а водачот на опозицијата. Зошто е Црвенковски толку важен кога таа партија губи на изборите, сакаат некој да ги победи и симне од власт? Или пак од него најмногу се плашат, па оттаму и сите оцрнувања? И што ќе прават ако си замине, ќе немаме дежурен виновник за состојбата во државата.
analiticar, 20.04.2013 06:26:17
OPOMENA;do site idni i segasni politicari treba da da ucat od greskite na BC,od covekot koj go potceni svojot narod,koj go osiromasi so privatizacijata,preku bankite,so negovite reformi[LAGI].negovata arogancija,lazni vetuvanja,i kriminal nad svojot narod go dovede do najnepopularniot i najocrnuvaniot politicar vo RM.plackanjeto na narodot na smetka na pravenje na oligarsi,koi tie oligarsi denes se najgolemite finansieri za negovo crnenje vo javnosta si dobi sopstven kamen po glava.SAM se promovira vo oktopod,nadv..politika so ostapki,od tvrd stav kon albancite do najmek,ITN...
jovan, 20.04.2013 06:31:50
Iminjata spomenati kako mozni *naslednici* na Crvenkovski, nema da donesat apsolutno nisto, od pricina sto koj i da pobedi na drugata strana ke se pojavat eden kup nezadovolni. Vo SDSM i vo momentov veke ima eden kup*frakcii*, pa toa samo ke pridonese natamosno sitnenje, grupiranje, glupiranje.... Na SDSM mu treba licnost so cvrsta raka koj ke donese pravila, disciplina, plan, strategija, voedno treba da bide harizmaticen,*ubav i pameten*(smesno, ama i toa e veke potrebno)....sto ne znaci deka nema takvi licnosti, prasanje e samo dali nekoj takov ke se nafati toa da go odraboti. Vo sprotivno partijata ke padne vo racete na *Latas*, koj ednas na sala izjavi deka imal ambicii da bide pretcedatel na SDSM(vo sekoja sala ima malku vistina). Tamu veke ima*trojanski konji*koj uspee na VMRO da mu donesat 7 pobedi, pa zosto da ne uspeat sega otvoreno da si postavat i svoj covek na celo na SDSM. Na Makedonija pod hitno i e potrebna zdrava opozicija.
ФЕЛИКС, 20.04.2013 07:34:27
Овој потег на лидерот на шатевци преку некандидирање ќе предизвика двојни, тројни па и четворни чувства.Едни како мене ќе го поздрават потегот,оти тоа значи почеток на консолидација на опозицијата.Други пак ќе прават ,,дупки во водата,,докажувајќи дека се што доаѓа од Шатевска е се најубаво.Да остане лидерот,,така е,, да оди лидерот,,така е,, и слични одобрувања кој се примени по теледиригован пат.Додека третите ќе удрат во гласен плач,,не оди,ни требаш.Како тебе нема друг,, а четвртите по навика ,,добар беше,добро го најде,,Инаку тоа демек џабе се пишувало за (не)одењето не држи вода.Оти самиот лидер допринесуваше за недоумиците со ,,ви нема спас од мене,,И на крај председателскиот кабинет кој се наоѓа одспротива на седиштето на Шатевци ќе биде место од каде ќе се посматра ситуацијата,една врста извидничка кота.Како и да е работите полека се мрднуваат од умртвената точка кон подобро.
meksikaneca, 20.04.2013 07:39:18
Ne e pristojno ni blagodarno da se zastane nastrana od slucuvanjata i seirdjiski da se diskutira za covek, koj so svoite postapki gi napravi najznacajnite raboti za svojata zemja i toa vo cutot na svojata mladost.Kako covek toj postigna najpoveke sto mozi vo edna zemja.Kako politicar pomina hrabro niz mnogu premrezija bez da go izvalka ugledot na svojata zemja.Denes kako potpolno sozrean politicar prv primeti deka decata od Satorot vo koj strajkuvaja protiv nego,odkako ja zedoa vlasta vo svoi race,zemjata ja vodat vo opasna provalija.Tie deca znaeja i seuste znaat deka ne mozat da go stignat ili zamenat Branko.Zatoa od samoto dovagjanje svojot front go nasocija vo dva pravci.Edniot protiv Branko,drugiot za samoreklamiranje.Blagodarenie na parite,kupija i potkupija mnogu eminentni clenovi na SDSM i vladite so koi rakovodese Branko,kako Vlado Lopovski i dr.Branko vleze vo politikata na glavnata vrata i izleguva od neja kako covek koj surovo bese sprecen da mu pomogne na svojot narod.
robinhud, 20.04.2013 09:06:51
Од лошо полошо,ај да се некои нови личности ама со овие што се токмат од бетер побетер,наместо сите да си заминат за поразите што ги претрпеа тие се токмат пак.Па дали се нормални,нека им е со среќа ама се ќе им треба само среќа не...
Виктор, 20.04.2013 09:46:04
Единствениот што може да внесе нешто ново и авангардно во СДСМ е потп. Зоран Јовановски. Човекот кој до сега нема ниту една дамка, ниту една афера, мирен по природа, интелигентен, коректен.. Од друга страна и останатите кандодати: Заев, Шеќеринска и Игор Шема се луѓе на место, што би рекле, со сите нишани и потребни квалификации, но тие веќе добија прилика и доживееја порази. Сметам дека сите како тим предводен од Јовановски би функционирале беспрекорно од едноставни причини што на Македонија во моментов, најгорлива е социо економската состојба. На тоа поле Јовановски е доминантен, а во прилог му оди и тоа што народот го доживува како НОВ и надежен кадар, кој ќе врати надежта меѓу членството и неопределените дека има начин да се тргне од власт ВМРО.
Нов лидер, 20.04.2013 09:55:50
Најдобро решение за сдсм е Јовановски поради неговата стручност во ��кономијата, тоа што е фер играч, што не ги вреѓа противниците туку дискутира аргументирано поткрепено со факти. Најважно од се е што е чесен и нема ниедна афера позади себе, за разлика од Заев кој беше осуден,па аболициран од Бранко. Игор ја има поддршката од Савова,така што ако го изберат него ќе биде исто ко да го избрале Црвенковски. А Шеќеринска си влече 2 огромни изборни порази од минатото. Затоа мислам дека Јовановски е најдобрата опција!
Caki, 20.04.2013 10:29:07
Mark , do koga so tie detinski ismejuvanja na govorot na Gruevski , neli e toa govor na omraza? Shto se odnesuva do Volers...pa neli PRV pat javno kazha deka krizata vo parlamentot ne e vistinska kriza t. e. deka e mestenka na opozicijata.
Konecno, 20.04.2013 10:57:27
Konecno nesposobniot zaminuva. Da ne bese negovata tvrdoglavost za insistiranje na izbori vo 2011 godina, VMRO ke padnese kako krusa na izborite edna godina podocna
Ајван Доктор®, 20.04.2013 11:20:55
Аvтwуистот Бwанко,најпосле си заминува!Колку ми е познато,неколку пати јасно истакна дека не се кандидира ниту за парламентарни,ниту за локални избори,но гужвата околу него продолжи,а СДСМ не успеа да ги амортизира нападите од владеачката каста,веројатно заради инволвираноста во истите напади на најблиските околу него!Кога сме кај прашањето за негов наследник,најисправно би било тој да биде сличен на пастиwот,примитивен,полуписмен и неук,полн-со-себе-тип!Таков сурат најубаво би и’одговарал на истородната владеачка гарнитура во земјава со што веднаш би прекинале нападите врз опозицијата,а веројатно таа на таков начин најпосле би станала опозиција по желба на власта,или government friendly opposition!Ш’о убаво ќе ни биде потоа!Ем,волците сити,ем,овчичките прекуброј!Најпосле во Македонија ќе може да потече мед и млеко,бидејќи Гwујокио&фамилија ќе го немаат „најголемото зло“отспротива!Кој ли ќе им биде новиот виновник за неуспехот?Повторно,Бwанко?!
Од некој од Охрид, 20.04.2013 11:42:27
Најдоброто за сдсм би било да го донесат и да го постават Стево Пендароски најдобрата комбинација ...
bezanec, 20.04.2013 12:12:04
Тоа што го сакаше позицијата на чело со фамилијата груевски и подржувачите на груевски го постигнаа. Бидејки никој така ревносно не се вгради како Бранко за партијата. Му даде шанса на Бучковски, но што се случи? И сега е критикувач на Бранко место самиот да се анализира што направи? Освен Бранко никој во СДСМ,што велат србите намаа муда. Груевски ја задолжи државата штоидни три поколенија не ќеможат да се исплатат а со тоа Македонија е на берзата за продажба, само сечека моментот. Бидејкисите мегународни организации кажуваата никој мегу редови не чита.
Nekoj od nadvor, 20.04.2013 12:20:48
Zosto opsednatost so Branko prasa nekoj. Zatoa sto takva e coveckata psiha, koga ne moze da si gi resi problemite koi edino postojat vo sosptvenata glava, namesto da se sooci so sebe pocnuva da naoga ,,krivci,, ova e mnogu dobro poznato vo psihologijata... p.s. za Privatizacijata: jas znam fabriki vo koi vrabotenite imaa akcii i gi prodavaa na direktorite za gabe pari! Da ne e Branko kriv slucajno sto go pravea toa, trebase da otide doma da go sovetuva? NE E PROBLEMOT VO EDINKA (IAKO BARATE ZRTVA KAKO BRANKO) PROBLEMOT TUKU STO MAKEDONECOT NEMA ISKUSTVO SO KAPITALIZAM toa e toa
od bitola, 20.04.2013 12:23:24
do robinhud filikc jovan analiticar zosto tolky vreva krenafte koi ke bidi presedatel na opozicijata dyri ve vlecka nikola za noc nevi treba pozicija nikola i vie kako edno bebe koe ce pocne da zboryva so prvijo zbor mama taka i vie branko brane papa i pak brankoooooooo sto posle ke zboryvate filikce na sekoe otvorajne ystata otrof vrlas e zalam tvojata familija ako imas oti tisi stetnik i kaj sto stojs
apologet, 20.04.2013 13:21:54
Prvo i prvo SDSM nema mesni komiteti, a vtoro i vtoro koj go saka SDSM i koj saka i natamu da postoi, togas Branko mora da ostane, a tie sto ne go sakaat SDSM sekako sekojdnevno ke ocekuvaat vakvi tekstovi, koi se poveke po poracka napisani otkolku na fakti.Moj vpecatok e deka i ova e eden tokmu takov tekst.Osobeno kako dokaz na mojata pretpostavka e posledniot pasus od statijava.Klasicen nekrolog.
Ѓорѓи, 20.04.2013 14:46:31
За жал кандидатите малку доцна се поднаместија за претседатели.Б.Ц. најмалку 3 години водеше разурнувачка партиска и кадровска политика за која секој од сегашниве негови потенцијални наследници не проговори ни збор.Значи сите се со психолошки профил на зихераши и опортунисти.Што може да се очекува од ��ив? Единствено да побараат некаков моќен центар кој ќе размислува место нив и ќе им праќа директиви. Лидерот се препознава по решителноста,доследноста,имањето на визија,способноста да обединува,јасен државен и национален интерес и стратегија (а не од околу да кажуваат дека се спремни да го сменат името) ,интегритет кој нема да биде основан на нечија дезинтеграција (лична или општествена),оној кој авторитетот не го бара меѓу луѓето туку во Вистината. Требаше некој од овие кандидати со време да му покаже заби на Б.Ц. а не да кљанкаат по него како слепци. Сега е касно,не се станува првоборец во 45-та.
noknamora, 20.04.2013 14:55:28
Moj favorit e Igor Ivanovski.Em e mlad, neizvikan dosega,em e recit i borben.navivam za nego.
pece, 20.04.2013 15:05:47
Opasen politicar, ne saka ni pocesen da bide zosto da ne se spomenuva negovoto ime kogas ke se dade paraf za promena na imeto na drzavata. Pametan decko. Drug ke vlezi vo istorijata na Makedonija kako negativec.
Struma, 20.04.2013 15:27:09
So cel respekt prema Branko,no ako veke se povlekuva o.k. Vo SDSM pochnuva borba za lider,.Tamu gi ima mnogu koj mozhe da zastanat na chelo,.Respekt i prema Igor pa i prema Jovanovski,no celata podrzhka ja davam na dvoecot Shekerinska ,Zaev. Imaat dovolno iskustvo seushte se mladi,a hipotekite shto gi vlechat zad sebe mislam deka i ne postojat ,toa beshe se isfabrikuvano od kujnata na VMRO..Pozadi niv stojat golemi dela,to go imat dokazhano iljada pati na teren.Na SDSM mu treba lider TERENEC,a toa e Zaev i nikoj drug.
Danilo, 20.04.2013 15:34:06
Незнам кој ќе биде новиот лидер на СДСМ,ама знам дека СДСМ ниту имало ниту ќе има подобар лидер од Црвенковски. Успеа ВМРО во својата намерата да ја тргне најсилната карика во опозицијата. Без Бранко на СДСМ ќе му биде многу, многу тешко.
Makedonec, 20.04.2013 16:14:16
B.C. tolku ja uniste SDSM sto nema sega sila sto moze da ja izdigne na noze , tivko ke se unistuva partijata koj i da dojde. Mala revolucija protiv segasnoto rakovodsvo so intelegenten lider e edinstven spas . No nema da sluci takvo nesto, nema takva kriticna i radikalna grupacija. Se uste sdsmovcite mislat deka brane e najdobriot nivni vodac :) ironicna. Toj e samo eden manipulant i tolku .
Свети Спас, 20.04.2013 16:35:43
Читајќи ги коментарите , се гледа колку е голем стравот на дпмневчињата (феликси и остали тупамароси(0 се исплашенин од Бранко.Сеедно е дали тој ќе остане или замине,Спасот за Македонија е кога од политичката сцена ќе замине Груевски , случаен политичар , нуз-производ на Геориевски, човек заталкан на политичката сцена и марионета во туѓи раце!
BitolaHamiltonCanada, 20.04.2013 17:13:55
Zaev i Shekerinska,se dobri,iskusni,dobro ke ja vodat partijata.Megutoa,sepak mislam deka vo ovaj moment treba da mu se dade shansa na Zoran Ilievski.Glavnata borba na partijata sega e da gi privlechi neopredelenite gragani.Zoran toa mozhi najdobro da go napravi.Dvojkata Zaev-Shekerinska razbuduvaat nekoi neprijatni sekavanja od minatoto,dodeka Zoran prestavuva samo nadezhna idnina.A toa e najvazno za privlekuvanje na neopredelanite gragani.Neka ima razmena na demokratski kritikuvanja i razlichni mislenja,no koga ednash ke se izberi lider,treba site da zastanime zad nego i da mu dademe neogranichena poddrshka.Bilo toa da se Zaev-Shekerinska,ili Zoran Jovanovski,ili Igor Ilievski.
Политички неопределен, 20.04.2013 19:38:02
На следните избори мојот глас би му го дал на Зоран Јовановски затоа што е млад,образован,искрен,смирен,културен,не е покварен,не е арогантен и безобразен и не е преварант.Не би гласал за ниту еден од другиве затоа што:Заев беше осуден,па Бранко го помилува;Радмила имаше прилика да се докаже како лидер-претрпе 2 големи порази на избори;Игор (заедно со В.Ѓорчев и И.Димовски) е најарогантен,некултурен и безобразен,а таков човек не треба да ја води државата.
Caro-kann, 20.04.2013 20:23:07
Ех,бре г-дине Struma( ти пак внимавај со псевдонимот (шифра,ник) да не ги расипеш “розовите“ односи помеѓу нашата земја и Реп. Бугарија.Ќе ти сотури Андреј Ковачев (бугарски ЕУ-пратеник) некакво обландирано вето),г-ѓа Шекеринска и г-дин заев,немале зад себе хипотеки!!!!Па нели г-ѓа Шекеринска е “нашата Чичолина“ (лично и персонално аналитичко опсервирање од,довчерашниот средношколец,а сега веќе м-р,д-р на квадрат,може и факултетски професор,а според мене,непобитен странски шпион Омер Паша Латас!!! На г-динот Заев,веќе од поодамна му е прилепена хипотека на аболициран “криминалец!!!Дај најди некој трет,четврт (ако може и личност што воопшто не постои),па барем да се помачат да му закачат хипотека!!!Што друго му преостанува на г-динот “извинување без задршка“,освен тоа-лепач ( на плакати, етикети,хипотеки).Да не чекаш Ум да подели????????????

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

    


Site Meter


Време
Скопје, 8°C

Ведро

Сабота
Ведро
Макс: 19°C, Мин: 5°C

Недела
Сончево
Макс: 22°C, Мин: 8°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Вкусен агол
(ВИДЕО) Сто најдобри песни според „Ролингстоун“

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Ретровизор | Саботен магазин |