22 Патот за Галичник непрооден веќе шест месеци
Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Политика
19.04.2013, 19:16

Патот за Галичник непрооден веќе шест месеци

КИРО КИПРОСКИ

Гостивар - Регионалниот пат за Галичник се' уште е затрупан со снежни наноси и е непрооден уште од ноември кога падна првиот снег на Бистра. Месната заедница на Галичник не е моќна сама да ги расчисти високите снежни наноси кои на места надминуваат и пет метри.

„Секоја пролет иста песна. Ги молиме надлежните, посебно ЈП ’Македонија пат‘, чија обврска е редовно да го одржува регионалниот пат Маврово - Галичник, но ништо. Со булдожерот на месната заедница успеавме да го исчистиме патот од селото до месноста Врчец, во должина од 5-6 километри. Меѓутоа, нашиот булдожер не можеше да се справи со големите наслаги снег. Од ’Македонија пат‘ побаравме доколку немаат тешка механизација побаравме да ни дадат два тона нафта, ние ќе ангажираме механизација од градежната оператива и ќе го расчистиме патот. Но, ништо не одговорија на нашето барање. За разрешување на проблемот се обративме и до Агенцијата за регионални и магистрални пати��та, но и од таму се' уште ништо“, разочарано ни изјави Митре Ажиевски, претседател на Месната заедница Галичник.

Месната заедница подолго време чука на сите врати на локално и на државно ниво за проблемот со снегот од регионалниот пат Маврово - Галичник да се реши трајно, а не секоја пролет да ги моли институциите чија надлежност е токму одржување и на овој патен правец.

„Жално е во 21 век патот да биде затворен за сообраќај поради навеви на снег и тоа во средина на април и на делница од околу 5 километри“, вели Коста Граоркоски и потсетува дека во времето кога во Галичник живееле неколку илјади жители галичани со лопати го чистеле патот.

Галичани и љубителите на Галичник се лути на државата, која не презема мерки овој патен правец да биде прооден, особено во овој период од годината, па да можат да уживаат во убавините на регионот. Сепак, тие се оптимисти дека ќе се изнајдат можности и претстојните велигденски празници ќе ги минат во сопствените куќи и викендички во Галичник.


Статијата е прочитана  пати.


Испрати коментар

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

    


Site Meter


Време
Скопје, 25°C

Делумно облачно

Среда
Делумно облачно
Макс: 24°C, Мин: 9°C

Четврток
Сончево
Макс: 27°C, Мин: 9°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Вкусен агол
(ВИДЕО) Сто најдобри песни според „Ролингстоун“

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Ретровизор | Саботен магазин |