Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп Ретровизор Саботен магазин
Политика
19.04.2013, 19:48

Поглед

Проблематична дигитализација

Сања Наумовска

Веќе цела година трае дебатата за висината на таксата која телевизиите треба да му ја платат на новиот дигитален оператор „Оне“

Дигитализацијата на телевизиите, која треба да стартува од јуни, отвори голем број прашања. Како и во секој процес кој прв пат ќе треба да започне да се реализира, најзасегнатите чинители, националните и локалните телевизии, граѓаните, кои треба да бидат крајни корисници, па донекаде и надлежните институции, моментно се соочуваат со голем број нејаснотии и проблеми.

Процесот, според најавите од Агенцијата за електронски комуникации, дефинитивно, ќе започне во предвидениот термин и за тоа се веќе создадени сите предуслови. Сепак, телевизиите не го делат мислењето на АЕК. Веќе цела година трае дебатата за висината на таксата која треба да ја платат на новиот дигитален оператор „Оне“. Националните телевизии секоја година, за да бидат пренесувани преку дигиталната мрежа, ќе треба да плаќаат по 150.000 евра, а локалните кои имаат обврска да станат регионални по 20.000 евра. Многу е веројатно дека корекции на цената пред почетокот на дигитализацијата нема да има, барем според најавите на АЕК. Имено, регулаторот има надлежност да интервенира во тарифникот на дигиталниот оператор, но дури откако ќе започне процесот и откако ќе може да се согледаат реалните трошоци и на медиумите и на „Оне“.

Но, не е само финансискиот момент проблематичен. Главоболки на телевизиите им создаваат и техничките подготовки пред почетокот на процесот на дигитализацијата, како и несогласувањето со начинот на одржување на системот во иднина, за кој сметаат дека ќе биде уште поголем проблем за медиумите од финансиското оптоварување со високата такса.

И на крајот, тука се и граѓаните, кои треба да бидат крајни корисници во процесот. Дигиталниот сигнал би требало да биде бесплатен за сите, но, сепак, оние што немаат дигитален телевизор или соодветен ресивер ќе треба да инвестираат или во едното или во другото. Ресиверите чинат околу 10 евра и се поевтини. На одредени социјални категории граѓани ќе им бидат доделени бесплатно, но повеќето граѓани, за подготвено да ја дочекаат дигитализацијата, ќе треба да си платат.


Статијата е прочитана 653 пати.


Испрати коментар



В недела - Ќе се прегласува во Центар, Струга, Ѓорче Петров
Зошто ПЕИ си замина од „Сојузот за иднината“
Црвенковски нема да биде ни почесен претседател
Притвор за Слободан Богоевски
Отворен патот за бизнис со Азербејџан
На Македонија и' остана само Рикер во Вашингтон
Грција за секој случај мавта со вето
Брисел ќе ја чека Македонија до јуни
Патот за Галичник непрооден веќе шест месеци
Поплавени викендички на Тиквешко Езеро
Хидросистемот „Злетовица“ стартуваше со проблеми
Иванов замина во Канада и Аризона
ПЕИ излезе од „Сојузот за иднината“



Ајван Доктор®, 21.04.2013 10:31:39
Бидејќи и националните и локалните телевизии ќе треба да плаќаат „пренос“преку дигиталната мрежа (сумата од 150.000 и 20.000 евра не е за занемарување)се поставува прашањето како,од каде и со што ќе го покријат трошокот!За каков „бесплатен дигитален сигнал“говориме?Очигледно дека цифрата ќе треба да ја покрије крајниот корисник - граѓаните на РМ!Од ова произлегува дека може да очекуваме поскапување на цените на кабловските оператори,но и поскапување на радиодифузната такса,освен,ако власта не ги покрие трошоците на телевизиите!

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

    


Site Meter


Време
Скопје, 11°C

Делумно облачно

Среда
Ведро
Макс: 24°C, Мин: 9°C

Четврток
Сончево
Макс: 27°C, Мин: 11°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Вкусен агол
(ВИДЕО) Сто најдобри песни според „Ролингстоун“

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Ретровизор | Саботен магазин |