19.04.2013, 19:25 На Македонија и' остана само Рикер во Вашингтон
Некои од важните позиции во Стејт департментот стојат празни со месеци, па и години
Заменик-помошникот државен секретар на САД, Филип Рикер, е единствениот функционер на чија помош може да се надева Македонија околу преговорите за името во Њујорк откако помошник државниот секретар за Европа, Филип Гордон, си замина од функцијата, а не е именуван се' уште негов заменик. Според реакциите на конгресмените деновиве во Вашингтон, во Стејт департментот има неодржлива ситуација на штета на американската надворешна политика, бидејќи не само таа на Гордон, туку стојат празни со месеци, па и години некои од важните позиции. Тоа беше причина неделава државниот секретар Џон Кери да се најде на удар на критиките на конгресмените, а тој се правдаше дека проблемот не е во Стејт департментот, туку во кочниците за именувањата од страна на Белата куќа. Моментно, покрај помошник државен секретар за Европа и за Азија, недостига и заменик-државен секретар за менаџирање, специјален преставник за Пакистан и Авганистан, специјален пратеник за Судан, помошник државен секретар за демократија и човекови права, помошник државен секретар за Африка, помошник државен секретар за правни прашања, за дипломатска безбедност и од идната недела и помошник државен секретар за политички и воени прашања. Со толку празни фотелји во американската дипломатија, која и онака е се' помалку фокусирана на регионот, Македонија тешко дека е сериозно на „радарот“ на Вашингтон. За ваквата состојба Кери доби гласна порака од медиумите дека нема место за „човек-дипломатија“ во комплексен свет каков што е тој денеска. Со оглед на тоа колку време троши Рикер на преговорите околу Косово, и дека речиси постојано е во Брисел, Македонија може да се надева само на ангажманот на еврокомесарот Штефан Филе. (С.Ј.) |
Статијата е прочитана 1687 пати.
|
|
Испрати коментар
|
|
Nekoj od nadvor, 20.04.2013 02:26:44 | Makedonija treba da se nadeva na sama sebe, nikoj nema da ti pomogne ako prvo sam ne si pomognes. Vodi strasno losa nadvoresna politika koja ja odrazuva zigubenosta vo sekoj pogled. Makedonija treba da definira prvo sto saka i kako saka pa da moze da se kaze deka na nekade odi. Jas ne znam sto planira Gruevski? Znae li nekoj? Celo vreme vergla identietot, identiteot a pred toj da dojde na vlast toa ne se ni spomnuvase. Napravi ogromna steta. Jas licno smetam deka Makedonija treba da se bori na 2 plana, imeto vo ON i so EU ubavo da se razbere i dogovori da prodolzime pod referencata BJRM. Megutoa posle site gluposti i antikvizacii tesko e toa, pokaza deka ne e dobar sosed.. Vo denesno vreme samo na balkanov od cela evropa se uste se zboruva za etnicki granici a ne drzavni i za etnicki grupi nadvor od granicite.... Grcija ja koristi vakvata smotanost a samite tie se balkanci koi uste poveke se zaglaveni vo nacionalizam. Mozevme da bideme lideri i da im pokazeme na ostanative okolu, ama.. |
| pile, 20.04.2013 09:56:09 | Do novinarot i urednik na U.V.Prestanete da servirate notorni lagi deka na makedoncite, albancite,srbite, bugarite, vlasite, turcite i dr.od Gorna Republika Makedonija so vakvata politika od strana na aktuelniot Premier vo zaminuvanje ,dokazjanite sojuznici-SAD, uste dolgo ke ostanat posveteni na regionot. Edna izreka veli, koga baras pomos od prijatelot barem ednas poslusaj go.Sekoja Drzjava ima svoi legalno izbrani institucii, od Pretsedatel preku Premier itn, koi visoki Drzjavni funkcioneri ja pretstavuvaat zemjata vo svetot i se grizjat za imidjot i megjunarodnata pozicija na zemjata.Polupretsedatelskiot sistem na Ustavnoto ureduvanje na R.Makedonija toa go ovozmozjuva pri sto i odgovornosta za sostojbite e podelena.A kako ja pretstavuva Gruevski G.R.Makedonija vo svetot i kaj sojuznicite, so pres konferencija od trotoar vo Vasington, so beganje za Tunis od G-din Gordon,so izjava ,,zaminaa tamu kaj sto nema sto da baraat.VLADA NA NACIONALNO EDINSTVO e resenie i pad na Gruevski |
| Коста Стоименовски, 20.04.2013 12:09:18 | Американската дипломатија е максимално професионална и доследно ја спроведува зацртаната надворешна политика на својата земја, без оглед на кадровските решенија, па и тогаш кога некои места во СД не се пополнети. Во периодот на тн. Студена војна само САД, СССР и СФРЈ водеа глобална надворешна политика. По падот на Берлинскиот ѕид глобална политика водеа само САД. По доаѓањето на Путин, Русија ја зголеми својата активност на меѓународен план, но, води сметка првенствено за своите државни и национални интереси, без какви било идеолошки премиси. Во надворешната политика на Кина пак главен приоритет е економијата, поточно остварувањето на брз економски развој и зголемувавњето на извозот како незаменлив акцелератор на економскиот развој, како и зајакнувањето на својата позиција во регионот на Источна, Југо-Источна и Централна Азија! По распадот на СФРЈ настанаа банана држави кои се соочуваат со тешкотии за својот „гол“ опстанок! |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 25°C
Делумно облачно
|
Среда
Делумно облачно
Макс: 24°C, Мин: 9°C
|
Четврток
Сончево
Макс: 27°C, Мин: 9°C
|
|
|
|
|
(ВИДЕО) Сто најдобри песни според „Ролингстоун“ |
|