22 Поплавени викендички на Тиквешко Езеро
Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Политика
19.04.2013, 19:16

Поплавени викендички на Тиквешко Езеро

Кавадарци - Зголеменото ниво на вода во Тиквешко Езеро поплави голем дел од викенд-куќите на брегот на езерото. Сопствениците велат дека не е прв пат овие куќи да бидат под вода, бидејќи при нивната изградба не се водело грижа дека постои опасност од зголемување на нивото на езерото и какви последици би можело да има од тоа. Велат дека многу пати досега при пораст на водата во езерото тие трпат големи штети.

Од „Водостопанство Тиквеш“ велат дека преливот на водата во преливната шахта заврши, но тие и натаму будно ја следат состојбата.

„Веќе три дена нема никаков прелив преку испустната шахта, што значи дека е намален вкупниот доток на вода која се влева во езерото. Со еден збор вештачката акумулација ’Тиквешко Езеро‘ е стабилизирана и нема опасност од излевање на водата или, пак, правење штети по течението на Црна Река“, рече техничкиот директор на „Водостопанство Тиквеш“, Илија Темелковски, и нагласи дека не е запрена работата на турбините кои произведуваат електрична енергија и ХЕЦ „Тиквеш“ работи нормално со четири турбини.

Според информациите од претпријатието, моментално нивото на езерото е на 80 сантиметри под максималната кота за прелив и секој час се намалува за еден сантиметар. Во моментов во коритото течат 120 кубни метри вода, што е нормална количина на воден потенцијал, способен да биде прифатен и да не се причинуваат штети.

Зголемениот доток на вода во реката Црна деновиве придонесе таа да се излее и да поплави земјоделски површини во атарот на неколку села во Тиквешко. Беа поплавени ниви на неколку локации околу реката.

Коритото на Црна може да носи 120 кубни метри вода во секунда, а деновиве имаше 160 кубни метри во секунда. (А.Д.)


Статијата е прочитана  пати.


Испрати коментар

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

    


Site Meter


Време
Скопје, 25°C

Делумно облачно

Среда
Делумно облачно
Макс: 24°C, Мин: 9°C

Четврток
Сончево
Макс: 27°C, Мин: 9°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Вкусен агол
(ВИДЕО) Сто најдобри песни според „Ролингстоун“

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Ретровизор | Саботен магазин |