22 В недела - Ќе се прегласува во Центар, Струга, Ѓорче Петров
Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Политика
19.04.2013, 20:18

В недела - Ќе се прегласува во Центар, Струга, Ѓорче Петров

В недела, на 21 април, вториот круг од локалните избори ќе се прегласува на 29 избирачки места во скопската општина Центар, на девет во Струга и во едно во скопската општина Ѓорче Петров. Втор круг од локалните избори ќе има и во општината Долнени на 39 избирачки места.

В недела од 7 до 19 часот во општината Центар ќе се прегласува на избирачките места 2796, 2797 и 2799 во ОУ „Кочо Рацин“, 2802 во ДСУ „Д-р Панче Караѓозов“, 2805 во Детскиот дом „11 Октомври“, избирачки места 2806, 2808, 2810 и 2811 во ДСУ за рехабилитација и образование „Св. Наум Охридски“, 2815 во Дом на АРМ, 2817 во ОУ „Димитар Миладинов“, поранешно „Браќа Рибар“, 2822 во ОУ „Кирил и Методиј“, 2832 и 2833 ОУ „11 Октомври“, 2839 во Работнички универзитет, 2842 во Погонот на ЖТП на улицата „Христо Смирненски“ бр. 28, 2843, 2845 и 2847 во ОУ „Јохан Хајнрих-Песталоци“, 2848 и 2849 во ОУ „Гоце Делчев“, 2854 во Фудбалски сојуз на Македонија, 2855 и 2856 во Дом на градежниците, 2861, 2862, 2863, 2866 и 2867 во ОУ „Коле Неде��ковски“. Вкупниот број гласачи на овие избирачки места изнесува 22.939.

Во Струга ќе се гласа на избирачките места 1852 во Управната зграда на ХЕЦ „Глобочица“, 1857 во Управната зграда на Медицинскиот центар, 1860 во општинската зграда, 1877 во Основното училиште во село Радолишта, 1883 и 1884 во Основното училиште во село Октиси, 1904 во Основното училиште во село Бороец и во 1910 и 1911 во Основното училиште во село Подгорци. Во деветте избирачки места во Струга треба да гласаат 7.885 граѓани.

Во Ѓорче Петров се прегласува во избирачкото место 2588 во Културниот дом во село Волково. Запишани во Избирачкиот список на ова изборно место се 1.320 граѓани со право на глас.

Во Долнени ќе се одржи втор круг од гласањето на локалните избори. До општинските изборни комисии барање за гласање може да достават снемоштените, болните и оние во домашен притвор.

Од невладината „Цивил“ ги повикуваа сите учесници во изборната трка да го почитуваат изборниот молк, а на денот на прегласувањето да бидат фер и да се придржуваат кон законите и принципите на демократијата.

Хелсиншкиот комитет за човекови права отвори канцеларија, каде што граѓаните ќе можат да пријават повреда на избирачкото право за време на прегласувањето в недела.






Статијата е прочитана  пати.


Испрати коментар

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

    


Site Meter


Време
Скопје, 11°C

Делумно облачно

Среда
Ведро
Макс: 24°C, Мин: 9°C

Четврток
Сончево
Макс: 27°C, Мин: 11°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Вкусен агол
(ВИДЕО) Сто најдобри песни според „Ролингстоун“

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Ретровизор | Саботен магазин |