Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп Ретровизор Саботен магазин
Политика
19.04.2013, 19:45

Отворен патот за бизнис со Азербејџан

На вчерашниот бизнис-форум во Баку, компаниите од разни дејности покажале интерес за инвестирање во Македонија

Маја Томиќ

Компании од Азербејџан од областа на градежништвото, земјоделството, туризмот, информатички технологии и други, се заинтересирани за проширување на својот бизнис во земји од Југоисточна Европа, вклучувајќи ја и Македонија. Ова беше потенцирано на вчерашниот бизнис-форум во Баку, каде што владиниот економски тим, предводен од премиерот Никола Груевски, ги претстави можностите за инвестирање пред триесетина претставници на големи азербејџански компании. Форумот го организира АЗПРОМО, азербејџанска економска агенција, а го отвори министерот за економски развој Шахаин Мустафајев. Тој потенцира дека многу конзорциуми имаат интерес за проширување на инвестициите во други земји.

Според премиерот Груевски, Македонија го привлече вниманието на светската инвеститорска заедница со реформите со кои се подобрува бизнис- климата. „И покрај кревкиот раст на европските економии и падот на странските инвестиции на глобално ниво, Македонија го извлече максимумот во напорите за привлекување инвеститори и во последниве години им посака добредојде на ’Џонсон контролс‘ и ’Кемет електроникс‘, ’Кромберт и Шуберт‘ и ’Дрекслемаер‘, ’Виндтек интернешенел‘, ’Протек‘ и многу други компании“, рече Груевски. Тој потсети пред бизнисмените дека земјава има единствена стапка од 10 отсто персонален данок на доход и данок на добивка, ослободување од оданочување на задржаната добивка, драстично намалување на административниот и друго. Своја презентација имаше и заменик- претседателот на Владата, Владимир Пешевски, кој зборуваше за постигнувањата на макроекономски план, економските движења и предизвиците, како и за реформите во даночниот систем. Тој се задржа на важноста од гасификацијата, како и за можноста за наше вклучување во глобалните проекти на азербејџанските нафтени компании. Според Груевски, Азербејџан планира изградба на два гасоводни система, НАБУКО и ТАБ, кои ќе минуваат блиску до македонско-грчката граница и можат да бидат интересна алтернатива за Македонија во иднина.

Свои презентации имаа и министерот за привлекување странски инвестиции Бил Павлески и заменик-министерот за економија, Христијан Делев.

Груевски и премиерот на Азербејџан, Артур Раси-заде, вчера потпишаа

два договора, за избегнување двојно оданочување и заштита на фискална евазија на даноците од доход и данокот на капитал, и вториот, за поттикнување и заемна заштита на инвестиции. Овие документи треба да ги олеснат економските релации и да ги активираат инвестициите.

Инаку, Азербејџан е една од најбрзо растечките економии во регионот со огромни стапки на раст, што пред почетокот на светската криза доаѓаа и до 20 проценти, многу е богата со гас и со нафта и многу од парите што ги заработува ги инвестира во други бизниси.

Премиерот Груевски вчера во Баку ја оствари првата официјална средба со претседателот на Азербејџан, Илхам Алиев, на која се нагласиле добрите пријателски односи меѓу двете земји на секое ниво.


Статијата е прочитана 331 пати.


Испрати коментар



В недела - Ќе се прегласува во Центар, Струга, Ѓорче Петров
Зошто ПЕИ си замина од „Сојузот за иднината“
Црвенковски нема да биде ни почесен претседател
Проблематична дигитализација
Притвор за Слободан Богоевски
На Македонија и' остана само Рикер во Вашингтон
Грција за секој случај мавта со вето
Брисел ќе ја чека Македонија до јуни
Патот за Галичник непрооден веќе шест месеци
Поплавени викендички на Тиквешко Езеро
Хидросистемот „Злетовица“ стартуваше со проблеми
Иванов замина во Канада и Аризона
ПЕИ излезе од „Сојузот за иднината“



Itar Pejo, 20.04.2013 00:11:34
Nemam zborovi za da go opisam odusevuvanjeto od novite perspektivi koi sto se otvoraat so idnata sorabotka na site polinja pomegu makedonija i azerbejdjan. Iljadnici rabotni mesta se na povidok.
zapad, 20.04.2013 10:19:09
azerbadzan ziv asiromastija doadkjat na zapad begalci barat azil poradi siromastija rabotat bilo sto kako crnci.
kris, 20.04.2013 10:43:14
Се во стилот, демек еве работиме нешто...... повеќе се надевам ќе добиемо од Роуд Шоуто во Јужна Америка.......ако не друго барем банани ќе ни пратат од немајкаде...........
od bitolcanka, 20.04.2013 18:12:51
a dali ovie koj podpisavme da investira kaj nas ke ima pravo na glas ytre sigyrno nikolce odnese licni karti i pasysi makedonski za da ima pravo na glasa prevoz besplaten jadene spiejne zosto dane ex taja et demokratija makedonska
Трпе, 20.04.2013 23:55:56
На ова лажна,криминална пропагандна власт и останува уште инвеститори да побара од Антартик.
Баба Евда, 21.04.2013 14:21:10
Тефљони , тука си?!

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

    


Site Meter


Време
Скопје, 25°C

Делумно облачно

Среда
Делумно облачно
Макс: 24°C, Мин: 9°C

Четврток
Сончево
Макс: 27°C, Мин: 9°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Вкусен агол
(ВИДЕО) Сто најдобри песни според „Ролингстоун“

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Ретровизор | Саботен магазин |