20.04.2013, 18:57 Сарачини ја презентираше владината програма за развој на општините
Министерот за економија Ваљон Сарачини денеска на градоначалникот на општина Сарај Беким Мурати му ја презентираше владината програма за развој на општините.
Со програмата на Владата за економски развој на општините, Сарачини појасни дека може да се реализираат многу проекти кои ќе го подобрат стандардот на живеење за жителите на Сарај и ќе отворат нови работни места.
- Сарај има многу добри услови за развој на земјоделството, енергетиката и туризмот и е идеално место за инвестиции. Се договоривме, градоначалникот на општина Сарај наскоро да покрене иницијатива за формирање на првата индустриска зона, која ќе донесе многу нови инвеститори, а со тоа и нови работни места и поголем економски развој, изјави Сарачини.
По средба��а со градоначалникот, Сарачини ја посети месната индустрија „Ука комерц“, која е прва фабрика во земјава што има имплементирано Халал стандард.
- Веднаш по спроведување на стандардот Халал, „Ука Комерц“ го зголеми производството за 20 проценти, извозот до 15, додека бројот на работници за дури 20 отсто. Халал стандардот им отвори нови пазари за извоз, рече Сарачини.
Градоначалникот Мурати посочи дека општината има доволно земјиште, кое може да се отстапи во служба на домашни и странски инвеститори, а условите за бизнис се идеални.
|