19.04.2013, 14:53 На тендерот за ОХИС нема понуди
До крајниот рок не е пристигната ниту една понуда на јавниот повик за прибирање понуди за продажба на акциите на Република Македонија и акциите на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување во АД Органско хемиска индустрија Наум Наумовски – Борче (ОХИС), соопшти Министерството за економија.
Министерството, велат оттаму, во наредниот период ќе ја информира Владата за исходот од јавниот повик, со цел да се разгледаат сите можни опции и да се добијат насоки за изнаоѓање трајно ефикасно решение за постигнување целосна реформа на друштвото, стратешко партнерство со инвеститор и натамошно успешно деловно работење на ОХИС АД Скопје.
Крајниот рок за подигање на тендерската документација за јавниот повик за продажба на ОХИС истече во вторникот, а крајниот рок за доставување понуди денеска во 13 часот. |