Почнува академската учебна година
На Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ денес, две недели пред вообичаениот термин, официјално почнува новата академска година.
Оваа генерација бруцоши од сите факултети од најстариот државен Универзитет во спортската сала „Борис Трајковски“ ќе има заеднички свечена манифестација на која ќе ги запознаат со работата, церемонијално ќе бидат претставени деканите на факултетите, а на по неколку академици од секој факултет ќе им бидат врачени индексите, со што симболично ќе биде одбележан влезот во високото образование на оваа генерација студенти. Свечената церемонија, која ќе почне во 11 часот, ја организира Универзитетот, а на неа ќе говори ректорот, проф. д-р Велимир Стојковски. (П.Р.)
|