Број 3086  вторник, 15 септември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Site Meter
Македонија

До крајот на месецов сонце па дожд

Во Македонија неделава ќе има променливо време, а максималните дневни температури ќе достигнат до 28 Целзиусови степени, прогнозираат синоптичарите. Во сабота и во недела временските услови повторно ќе се стабилизираат, а од понеделник влажен бран ќе донесе нестабилно време со дожд. Во средината на третата декада овој месец ќе следува сончев период, а дневните температури малку ќе опаднат и ќе се движат до 23 Целзиусови степени. Кон крајот на септември Македонија повторно ќе биде под влијание на влажна воздушна маса, што ќе донесе нови врнежи од дожд и повторно благо намалување на дневните температурите и благ пораст на утринските.

Денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со услови за повремен слаб дожд, а од утре следува преодно стабилизирање и ќе преовладува претежно сончево и потопло, со дневни температури меѓу 22 и 28 Целзиусови степени.

„Задутре ќе има зголемување на облачноста, а кон крајот на денот и поинтензивни врнежи од дожд со локална појава на грмежи, особено во западните делови од земјава. И петок ќе биде врнежлив, а температурите ќе опаднат и ќе бидат во интервалот од 15 до 23 Целзиусови степени. Претежно стабилно ќе биде во деновите од викендот кога дневните температури ќе се движат меѓу 20 и 27 Целзиусови степени. До средината на третата декада од септември ќе следува период на сончево време со умерена облачност и со слаб умерен северен ветер“, вели Панче Трајановски, дежурен синоптичар во Управата за хидрометеоролошки работи на Македонија. (Сн.К.)


#
Статијата е прочитана 2183 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Македонија
„Дубина“ утре ќе го извлекува „Илинден“
Македонија првпат со претседавачка улога
Почнува академската учебна година