Број 3397  сабота, 02 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил








Site Meter
Култура

Глигор Чемерски го носел постмодернизмот во гените

Укажувајќи и на публиката дека опусот на сликарот Глигор Чемерски е толку голем што не може да се собере ни во двата амама во Старата скопска чаршија (Даут-пашин и Чифте-амам), академик Митко Манџуков на отворањето на ретроспективната изложба на последната вечер од септември, со голем пиетет кон неговиот 50 годишен ликовен опус, ги нарече ремек дела, мозаиците во Претседателската палата на Водно и на „Споменикот на слободата“ во Кочани. „Таквите дела според некој внатрешен автоматизам го прават излишен нашиот сомнеж во смислата на уметноста и нашиот страв од залудноста на сопствениот труд. Прашања кои се поставуваат во секоја средина која има креативен потенцијал, но нема маса која ќе ја спречи неговата ентропија“.

Ликовниот критичар Златко Теодосиевски, автор на каталогот и на монографијата која треба наскоро да биде отпечатена, пак на отворањето во Чифте-амам го акцентираше сликарството на Чемерски како „предвесник на постмодернизмот кај нас“, а самиот автор како „сликар кој азбуката на постмодернизмот ја носел директно во гените многу години пред таа да се 'појави' на европската сцена!“ (К.Б.)


#
Статијата е прочитана 518 пати.

Испрати коментар


Најди! во Утрински
Култура
Бела ноќ 006
Замина Артур Пен, режисерот на „Бони и Клајд“
„Шехерезада“ вечерва на сцената на МОБ
Објавени добитниците на „11 Октомври“
Распи��ан конкурсот за наградата „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ за 2010






Pollution from Hungarian toxic sludge disaster spreads
Merkel to follow the Pope as honorary doctor at Romanian university
Macedonian name issue in a coma