„Шехерезада“ вечерва на сцената на МОБ
Балетот на Македонската опера и балет вечерва во 20 часот на големата сцена ќе ја изведе претставата „Шехерезада“- балет во еден чин, на Николај Римски Корсаков, по либрето на Александар Бенуа.
Кореограф на претставата е Михаил Крапивин од Русија, сценограф е Марија Ветероска, а костимограф е Маја Бурсаќ од Србија.
Во насловната улога на претставата настапува Александра Мијалкова во улогата на Забеида, а учествуваат солисти и балетскиот ансамбл на Македонската опера и балет. Оркестарот на Македонската опера и балет ќе го диригира Бисера Чадловска. (Н.П.) |