Број 3397  сабота, 02 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил








Site Meter
Култура

Распишан конкурсот за наградата „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ за 2010

Од 1 до 31 октомври е распишан конкурсот за доделување на државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ за 2010 година, со која се оддава признание за остварувања во областа на публицистика и новинарство.

Наградата „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ се доделува на поединци, на група творци, екипи, установи, трговски друштва или на здруженија на граѓани, а под одредени услови може да им се додели и на странски државјани или институции. Во една година е можно да се дадат само две награди, а иницијатива или предлог за кандидатите до Министерството за култура можат да поднесат: установи, трговски друштва, здруженија на граѓани и граѓани.

Иницијативата или предлогот треба да содржат образложение, како и податоци за остварените резултати во одредената област, а треба да се достават во 15 примероци, додека книгите или публикациите во најмалку два примерока.

Наградата ја доделува одбор од 12 члена. Врачувањето на оваа награда е предвидено за 21 декември, датум на раѓањето на Мито Хаџи Василев-Јасмин, а таа се состои од диплома и паричен износ или од диплома и плакета ако се работи за установа, трговско друштво или здружение на граѓани. Наградата „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ се доделува од 1969 година. (С.У.)


#
Статијата е прочитана 360 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Култура
Бела ноќ 006
Замина Артур Пен, режисерот на „Бони и Клајд“
Глигор Чемерски го носел постмодернизмот во гените
„Шехерезада“ вечерва на сцената на МОБ
Објавени добитниците на „11 Октомври“






Pollution from Hungarian toxic sludge disaster spreads
Merkel to follow the Pope as honorary doctor at Romanian university
Macedonian name issue in a coma