Број 3397  сабота, 02 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил








Site Meter
Култура

Бела ноќ 006

Вечерашното шесто издание на манифестацијата нуди експлозија од уметност, концерти, филмови и перформанси на уметници од Македонија, Холандија, Австрија, Германија, Грција, Словенија, Италија, Финска, Полска, Франција...

Невена Поповска


На повеќе локации низ градот во рамките на манифестацијата „Бели ноќи“ скопјани вечерва ќе можат да уживаат во изложби, театар, концерти, перформанси на уметници од 12 земји од Европа и од светот, меѓу кои Холандија, Израел, Австрија, Германија, Грција, Словенија, Италија, Финска, Полска, Франција...

Ќе бидат вклучени сите културни институции на градот: Културно-информативниот центар, Младинскиот културен центар, Музејот на Град Скопје, Домот на армијата, Зоолошката градина, Градската библиотека, како и отворените простори на улицата „Македонија“, плоштадот „Македонија“, Старата скопска чаршија, кафулињата.

Скопје е единствен град на Балканот во кој се случува оваа културна манифестација во исто време со светските метрополи Париз, Рим, Мадрид, Брисел, Рига... Низа културни, забавни, модни и спортски манифестации ќе му се случат на Скопје за време на шестата „Бела ноќ“ што ќе се одржи утревечер.

Во текот на целиот ден се предвидени ликовни изложби, претставување фотографски проекти, изведби на претст��ви и музички перформанси, модна ревија, дискоролеријада и хипхопијада, стритбол во Градски парк и одбојка на Градската плажа. Во Зоолошката градина в сабота ќе настапат многу македонски музички имиња, а за сите посетители влезот ќе биде бесплатен од 7 до 19 часот, додека на скалите во ГТЦ во 23 часот ќе се одржи модна ревија.

Кафулињата и рестораните ќе работат цела ноќ, а во кината „Милениум“ и „Фросина“ од 18 до 6 часот наутро ќе се одржува филмски маратон, со слободен влез.

Во Музејот на град Скопје, во 20,30 часот ќе се одржи колективен, тематски ликовен проект „ОГИН“, чии автори се: Еуген Борковски од Хрватска, Варвара Гуљаева од Австрија, Тања Дабо од Хрватска, Лена Виолета Лајтнер од Австрија, Ана Лазаревска од Македонија, „Диструктура“ од Србија, Катја А. Кремениќ и Неја Томшиќ од Словенија, како и презентацијата на перформансот „Скопски ѕид“ од Зоран Тодоровиќ од Србија.

Во Културно-информативниот центар програмата за манифестацијата, исто така, почнува во 20,30 часот со инсталацијата на Реем Ахарони од Холандија, а потоа следува презентација на делата на: Мета Мотус и Кјара Паса од Италија, Војчех Гилевиц од Полска, Марјан Црталиќ и Ксенија Јуришиќ од Хрватска, Александра Сандева, Хоџа Имери и Дита Старова од Македонија, а по нив ќе може да се проследи настапот на групите: „ Џуџи и Ноис редукшан“ и „Новиот почеток“

Во рамките на филмскиот маратон што ќе се одржи во Градското кино „Милениум“, бесплатно ќе може да се видат проекциите на следниве филмови: „Невини лаги“ во 18 часот, „Платеници“ во 20 часот, „Возрасните“ во 22 часот, „Приказна за играчките“ во 24 часот, „Убијци“ во 2 часот по полноќ и „Вилата на млечните заби“ во 4 часот по полноќ.

Во Младинскиот културен центар програмата за „Белите ноќи“ ќе почне во 20 часот со групната фотографска изложба насловена како „Рефлексија и одговор“. Ќе бидат изложени и фотографии на Зои – Кристина Параскоу од Грција и Виле Андерсон од Холандија, а Санда Миева од Македонија ќе ги изложи своите уметнички дела и Горан Шкофиќ од Хрватска ќе ја презентира видеоинсталацијата „Пасивен играч“.

Во салата на Младинскиот-културен центар точно на полноќ ќе се одржи диско-ролеријада, а во киното „Фросина“ од 18 до 6 часот по полноќ ќе се одржи филмски маратон со следниве проекции: „Ловец на награди“ (18 часот), „Легија“ (20 часот), „Шкафче на болката“ (22 часот), „Девет“ (24 часот), „Среќниот писател“ (2 часот) и „Браќа“ (4 часот).

Улицата „Македонија“ и плоштадот „Македонија“ ќе бидат домаќини на уличниот театар и перформансот на Анџелики Шатци и Константина Вафеиадоу од Грција, инсталациите од италијанските уметници: „Пронаоѓач на поглед“ од Емилијано Бјондели и Валентина Вентури; „Заплетканост“ од Паола Анзике и „Летоци“ од Даниеле Мафеис, како и создавање на графичкото дело „Монотопија“, во живо, на Маријана Шијаковска од Македонија и перформансот „Сапунска опера“ на холандските уметници:Богомир Дорингер и Дејв Кептејн.

На улица ќе сликаат и уметници во класата на професор Антони Мазневски и тоа: Алексовски Дарко, Зулејха Зубери, Димитар Торбаков, Симона Манчева, Симона Петкоска, Ѓорѓи Божиков, Паулин Јано, Конџели Фјола, Никола Голубовски, Стефан Поповски, Марко Јанев, Катерина Соколова.

Во Градскиот трговски центар во 23 часот ќе се одржи модна ревија, во Универзална сала ќе биде изведена претставата „Ќелавата пејачка“ во режија на Игор Ивковиќ, а предвидената програма во Домот на културата „Кочо Рацин“ почнува во 20 часот со францускиот филм „Џерико“ , а по него следува проекцијата на видеоартот „Краснаја ѕвезда“ – дело на Милица Ракиќ од Србија, филмот „Битиш“ од Љубљана и „Вистинската мета“ – видеоарт на Дарко Алексовски од Македонија.

Половина час подоцна ќе биде отворена изложбата на дела од Марија Светиева, а ќе следува концертот на Дамјан Пејчиновски, ДНО и перформансот на студиото за модерен балет „Ребис“.

Детскиот културен центар се придружува на манифестацијата со настапот на детските фолклорни групи од Словачка, Црна Гора, Словенија, Бугарија, Турција, Украина и Полска, како и осум детски фолклорни ансамбли од Македонија.

Библиотеката „Браќа Миладиновци“ традиционално е дел од манифестацијата, така што и годинава таа ќе додели 100 бесплатни членски карти на најверните читатели, ќе отвори изложба на дел од колекцијата на стари и ретки книги во сопственост на Библиотеката, а ќе настапи и диџеј Мирко Попов.

Градскиот парк ќе биде домаќин на „Street ball“, натпревар на средните училишта, кој ќе се одржи на плочникот на фонтаната во 17 часот, а во 13 часот на одбојкарското игралиште на песок на Градска плажа ќе се одржат финалните натпревари за прво и за трето место во женски и машки двојки во одбојка на песок на средните училишта на град Скопје. Вечерта во Градскиот парк е резервирана за „Хипхопијада“, која ќе почне во 21 часот со настапот на „Саф“, „Легијата“, „Токсикологија“, „Хипоплетика“...

На групната филигранска изложба во Музејот на Македонија ќе изложуваат: Илинка Поповска, Мима Пејоска, Марија Милошевска, Александар Милев, Ивана Јовановска, Катарина Дода, а во „Јавна соба“ холандската уметница Нена Фишер ќе ја постави видео/арт инсталацијата „Визуелно танцување“.

Во „Дамар“ во Стара чаршија во 22 часот ќе може да се проследи проекцијата на

Давид Маљковиќ, Немања Цвијановиќ, Ален Флоричиќ и Томислав Брајновиќ од Хрватска, а од 22 до 24 часот ќе има перформанс со храна под наслов „Експлозија од вкусови“ со диџејсет Нино Наумов и Дарко Марковски.


#
Статијата е прочитана 692 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Култура
Замина Артур Пен, режисерот на „Бони и Клајд“
Глигор Чемерски го носел постмодернизмот во гените
„Шехерезада“ вечерва на сцената на МОБ
Објавени добитниците на „11 Октомври“
Распишан конкурсот за наградата „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ за 2010






Pollution from Hungarian toxic sludge disaster spreads
Merkel to follow the Pope as honorary doctor at Romanian university
Macedonian name issue in a coma