Број 3635  среда, 20 јули 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести

Насловна








Site Meter

Украдените деца на Шпанија

Режимот на диктаторот Франко ги одземал бебињата од левичарските и од републиканските семејства

СЕВИЛЈА – Неодамна Консепсион Родриго Ромеро (78) им се приклучи на се' поголемиот број мајки што презедоа правни мерки за ги потврдат неверојатните тврдења дека нивните бебиња биле меѓу илјадниците киднапирани и потоа најверојатно продаде��и за посвојување.

Г-ѓа Родриго Ромеро, поранешна шивачка, предвреме се породила во 1971 година. Лекарот и' рекол дека нејзиниот син бил мал, но „добар и способен да стане многу поголем“, вели таа во интервјуто.

Ниту лекарот ниту, пак, бебето повторно ги видела. Два дена подоцна, друг доктор во болницата му кажал на нејзиниот сопруг дека бебето било испратено во друга болница во Севилја за дополнителни контроли, но починало.

Таа болница се погрижила за погребот, навел лекарот, и телото е погребано во неодбележан гроб што семејството го посетил неколку пати. Сега мајката бара судска одлука за ексхумација за да се потврдат нејзините сомневања дека нејзиниот син никогаш не бил закопан таму. „Длабоко во себе, отсекогаш знаев дека мојот син е украден од мене“, вели таа. „Тој можеби беше предвреме роден, но беше соврешено добар и не може да умре само така“.

Во последниве неколку месеци, се појавија тврдења за тоа дека новороденчиња биле рутински киднапирани, во можеби најтешката судска истрага некогаш спроведена во Шпанија, која се' уште е потресена од теророт од нејзината граѓанска волја и диктатурата на генералот Франциско Франко.

Во прашање е исчезнување на илјадници новороденчиња во периодот од 1950 до 1990 година. По војната, според некои историчари и судии, одмазничкиот режим на Франко ги одземал бебињата од левичарските и од републиканските семејства.

Но, во последниве неколку месеци се насобраа стотици случаи, што покажува дека практиката продолжила и децении подоцна – со или без владата на Франко. Лекари, медицински сестри, па дури и калуѓерки наводно работеле во дослух со она што јавниот обвинител Кандидо Конде-Пумпидо, сугерираше дека се криминални мрежи што киднапирале бебиња и ги продавале за посвојување и многу години по смртта на Франко во 1975 година.

Шпанското судство беше принудено да реагира откако Анадир, асоцијација формирана да ги претставува родителите кои ги бараат исчезнатите деца, ја поднесе првата жалба кон крајот на јануари годинава. Конде-Пумпидо на 18 јуни најави дека 849 случаи биле истражувани, додавајќи дека 162 веќе би можеле да бидат класифицирани како кривични постапки бидејќи доказите посочуваат на киднапирања.

Конде-Пумпидо, кој изјави дека е невозможно да се процени уште колкав број на случаи ќе излезат на виделина, исто така, навести и тоа за првпат дека во ова се инволвирани мрежи на организиран криминал. Тој не откри други детали, само наведувајќи дека не верува оти „една организација“ ги планирала сите тие киднапирања.

Антонио Баросо, претседателот на Анадир, верува дека, со тек на време, Шпанија стана центар за банди кои водат меѓународна трговија, со многу новороденчиња продадени за посвојување во прекуокеански земји. Дали тоа е така е едно од многуте неодговорени прашања поставени на патувањето на долго време тивките родители и деца во последниве неколку месеци.



Баросо (42) ја основаше Анадир во февруари минатата година откако му било кажано од пријател дека и двајцата биле посвоени. Тој зел примерок од ДНК од жената која отсекогаш ја знаел како своја мајка и ја соочил со негативниот резултат. Таа му признала дека и платила на калуѓерка за бебе, и со децении го лажела својот син за неговото раѓање.

Баросо вели дека оттогаш тој ја има пронајдено калуѓерката, која работела во породилиштето. Неговата тужба – против калуѓерката и друг персонал во болницата – допрва треба да биде разгледана во судот, а тој се' уште трага по своите вистински родители.

Според Анадир, мал број посвоени луѓе успеале да ги пронајдат своите родители, но досега преферирале да останат анонимни.

И други случаи се движат кон разрешница, особено во Андалузија. Во јуни се случи прва ексхумација во Ла Линеа де ла Консепсион, по тврдењата дека новороденчињата тука биле погребани. Од канцеларијата на адвокатот во Мадрид соопштија дека ќе бараат медицинскиот персонал, вклучувајќи ги и кауѓерките, да сведочат пред судот за живеалиштата на некои од новороденчињата.

Како и во случајот на Баросо, неколку калуѓерки признале дека продавале деца, но без навестување дека биле дел од криминална мрежа. Лажните извештаи се во центарот на жалбата на Долорес Дијаз Серпа за наводното киднапирање во 1973 година. На г-ѓа Дијаз Серпа и' било кажано од страна на лекарот дек�� очекува близнаци. Таа родила ќерка, но медицинската сестра негирала дека родила и друго бебе. Секогаш сомневајќи се дека станува збор за лага, и откако слушнала за други родители кои трагаат по своите новороденчиња, таа побарала од болницата да и ја даде копијата од регистарот на родените за нејзината ќерка. Наместо тоа таа добила копија за родено момче. „Болницата имплицираше дека станува збор само за стара административна грешка, но никој не може да ме убеди дека за жал со децении сум била во право“, вели таа.



Законот за застареност на случајот врз повеќето од претпоставените кривични дела истече, поттикнувајќи ги адвокатите да расправаат дали може да се донесе специјален закон. Оваа контроверзност датира уште од крајот на 2008 година, кога Балтасар Гарзон, меѓународно најистакнатиот шпански судија, ја прошири истрагата за кривичните дела од времето на Франко за да се утврди дали Франко ја издал наредбата илјадници бебиња да се одземат од жените за кои постоело сомневање дека ги поддржуваат неговите републикански противници.

Некои двојки, како Хоакин Саез Наранхо и Мануела Санчез Синтадо од Севиља, водат неколку судски процеси. Тие загубиле две бебиња во сомнителни околности, во 1972 година и потоа во 1985 година. Во случајот од 1985 година г-ѓа Санчез вели дека лекарите извршиле ехо преглед и и' кажале дека на снимката се гледаат тестисите на бебето, и тој и честитал за синот. Откако се породила била информирана дека новороденчето веднаш е испратено во специјалниот оддел за да се надмине „малиот проблем“. На нејзиниот сопруг посебно му било кажано дека неговата ќерка починала. „Јас требаше да родам машко, а некој ми го замени бебето со мртво девојче“, се присетува видливо потресено г-ѓа Санчез Синтадо. „Ова беше бесмислена сторија како лекар да ми каже дека сум го скршила лакотот и потоа ми е извршена операција на зглобот“.

За време на режимот на Франко и веднаш по него, „вие едноставно не се сомневате во она што официјално лице ќе ви го каже“, вели Марија Луиза Пуро Родригез, поранешна работничка во фабрика за тутун, која тврди дека нејзиното новороденче било киднапирано во 1976 година во болница во Малага. „Сега, за среќа, живееме во општество каде е нормално да се сомневаме во она што ќе го слушнеме“, додава таа. „Јас ја научив оваа тешка лекција и сега сум подготвена да се борам до крај за да дознаам што навистина се случило“.

(Интернешенел хералд трибјун)


#
Статијата е прочитана 1433 пати.

Испрати коментар

Од: Чича Мите
Датум: 20.07.2011 09:26:31
Слични случаи имаше и во поранешна Југославија кон крајот на 70-тите и почетокот на 80-тите години од минатиот век. Многу, многу случаи пред се во Белград и Нови Сад , па и други делови на СФРЈ. Моја братучетка беше бремена со близнаци, но за едниот близнак и беше кажано дека починал. Значи Хипократ не важи за лекарите и другиот персонал во ова време на безетичност, н��морал и продавање на душата на ѓаволот.

Најди! во Утрински
Насловна
Тарчуловски го охрабри премиерот
Зошто мораа да заминат Милошоски и Наумовски
Цената на златото расте, изгубивме ли многу?
Кон кои дестинации може да летаме
Чарши-Џамија ќе се обнови
Боздоганот од вмровскиот штаб
Уставeн суд ќе свети во сите бои
Топењето на Арктикот ќе ги забрза климатските промени
Роднините на киднапираните на протест пред Владата
Ем газди ем без работа!
Внуката е прекрасна и се вика Арабела Роуз
Манчевски претседател на жирито на Сараевскиот фестивал
Летната манџа на Грујо и Али
Ранко Петровиќ - Бубамара - војвода од „Крушево етноград“
Арсенал се согласи да преговара за Фабрегас
Хари Потер го одбележа 21 век
Европа го поздрави апсењето на Хаџиќ
Тендерот за Чебрен и Галиште се одлага до ноември
Новините ја забиберија Формула 1
Македонија ја презема старата југословенска амбасада во Канбера
Карикатура
Меркел - Ништо не ја вади Грција од финансиската криза
Фатени напаѓачите на рускиот дипломат
Онлајн вести

"""