Доналд Трамп
Внуката е прекрасна и се вика Арабела Роуз

Градежниот магнат Доналд Трамп им го открил на медиумите името на својата нова внука, нагласувајќи дека е прекрасна. Иванка Трамп на своето бебе му го дала името Арабела Роуз.
Изгледа дека Иванка Трамп го испратила трендот на давање чудни имиња на бебињата, присутен меѓу познатите личности во Америка. Таа на својата ќерка и' го дала името Арабела Роуз, што мора да се признае дека не е толку екстарвагнтно, како што се имињата Оушн, Бланкет и Харпер Севен...
Името на девојчето, кое е родено во понеделникот, го открил нејзиниот дедо Доналд Трамп при гостувањето на каналот Фокс њуз. „Само што доаѓам од болница и бебето е прекрасно. Се вика Арабела Роуз“- рекол Трамп.
Иванка ја потврдила информацијата преку својот профил на „Твитер“. „Толку се забавувам, играјќи си со ќерка ми. Арабела Роуз е преслатка и е вистински благослов“- напишала гордата мајка. |