Број 3635  среда, 20 јули 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести

Насловна








Site Meter

Живот

Топењето на Арктикот ќе ги забрза климатските промени

„Точката на вриење“ ќе се појави меѓу 2020 и 2030 година. Арктикот ќе се претвори од „одводна цевка“ за јаглеродeн диоксид во извор што ќе го забрза глобалното затоплување

Незапирливата климатска „точка на вриење“ би можела да се случи во следните 20 години како резултат на ослободување големи количини органски јаглерод заглавен во замрзнатите растенија во пространиот вечно замрзнат регион на Арктикот, откриваат научниците. Милијарди тони замрзнати лисја и корења што лежат со илјадници години непопречени во вечно замрзнатата почва на северната хемисфера се одмрзнуваат, со потенцијално катастрофални импликации за климатските промени, откриваат истражувачите.

Студијата во врска со брзината со која вечно замрзната почва се топи сугерира дека „точката на вриење“ ќе се појави меѓу 2020 и 2030 година и ќе ја одбележи точката од која Арктикот ќе се претвори од „одводна цевка“ за јаглероден диоксид во извор што ќе го забрза глобалното затоплување, велат тие.

Студијата е прва глобална истрага за тоа што ќе се случи во еден потопол свет со огромното количество замрзнати растенија што останале нераспаднати во почвата откако биле претворени во вечна замрзната почва пред околу 30.000 години. Таа, исто така, открива дека до 2200 година околу две третини од вечно замрзната почва на Земјата ќе биде стопена, ослободувајќи, како што се проценува, 190 милијарди тони јаглероден диоксид и метан во воздухот - околу половина на сите емисии на гасови со ефект на стаклена градина од фосилно гориво од почетокот на индустриската револуција.

„Нашите резултати индицираат дека, како што се затоплува Арктикот, овој замрзнат јаглерод ќе се растопува, овозможувајќи да продолжи микробиолошкото распаѓање и ослободувајќи јаглерод во атмосферата“, вели Кевин Шејфер од американскиот Национален центар за снег и мраз во Боулдер, Колорадо. „Нашето истражување откри дека ослободувањето на јаглерод од вечно замрзната почва ќе резултира во незапирлива климаска ’точка на вриење‘ за само 20 години... Откако замрзнатиот јаглерод ќе се стопи и распадне, нема начин да се врати во вечно замрзната состојба“, вели д-р Шејфер.

Арктикот во последните неколку децении ги доживува едни од најголемите климатски промени во светот. На летно морски мраз се стопи на рекордно минимални нивоа, просечните температури драматично се зголемија, а научниците документираа забележително топење на подземната вечно замрзната почва, од Алјаска до источен Сибир.

„Зголемувањето на температурите ја продолжи се' подолготрајното арктичко лето, што го зголеми, пак, растот на растенијата и како резултат на тоа консумирање јаглероден диоксид. Меѓутоа, до околу 2025 година, ова ќе се влоши и топењето на вечно замрзнатата почва ќе ослободи повеќе јаглерод отколку што се апсорбира од тундрата што расте над него“, вели д-р Шејфер. „Од ова истражување произлегуваат две важни пораки. Првата е дека топењето на замрзната почва може да ослободи огромни количини јаглерод и, втората, процесот е неповратен во човечкиот век, и ќе влијае врз нашите цели за намалување на емисиите од фосилни горива“, рече тој.

„Сите наши стратегии за намалување на емисиите се дизајнирани да ја достигнат целта од концентрација на јаглероден диоксид во атмосферата што ќе одговара на одбрана клима. Ако не го вброиме тука и јаглеродот ослободен од топењето на вечно замрзнатата почва, ние ќе ја надминеме оваа целна концентрација и ќе завршиме со потопла клима отколку што сакаме“, вели д-р Шејфер.

Вечно замрзнатата почва покрива околу четвртина од северната хемисфера и почнува на околу еден метар под површината, продолжувајќи до 500 метри во висина. Најгорните три метри содржат најмногу замрзнати растенија, главно, корења од трева фатени во последната ледена доба.


#
Статијата е прочитана 1084 пати.

Испрати коментар

Од: zoki
Датум: 20.07.2011 03:34:34
Frontalniot napad na ekonacistite ne zapira. Otkako poslednite 6-7 godini sme vo globalno zaladuvanje a neee zatopluvanje tie go promenija zhargonot od "global warming " vo "climate changes ". Ziveam vo America I nesto ne slusam mnogu za global warming vo posledno vreme... A bese tolku popularno... Ova se prikaski za mali deca. Niz mileniumute imalo mnogu zatopluvanja I ladenja pa bez nikakov udel na chovekot, pa sepak zemjata preiveala I bez ovie "pseudonaucnici " Pozdrav, I, ne verubajte na se so ke procitate.
Од: Tina
Датум: 20.07.2011 09:18:18
Globvalno zatopkluvanje, eh sto nesto ke se zakaci vo novata tema na politika. Taka da, ke ne svrtat od toa sto e po vazno. Nasata zemja, naseto nasledstvo, i se istorijsko, okupirano. I taka, ke ni go zemat umot so promena na vremeto. A jas velam, vremeto neka se menuva, a nie ke odime po pat na promeni, belki ke dojdeme do taa tocka, kade se nase Makedonsko ke ni se vraka, po miren pat na razbiranje. Eh, belki,

Најди! во Утрински
Насловна
Тарчуловски го охрабри премиерот
Зошто мораа да заминат Милошоски и Наумовски
Цената на златото расте, изгубивме ли многу?
Кон кои дестинации може да летаме
Чарши-Џамија ќе се обнови
Боздоганот од вмровскиот штаб
Уставeн суд ќе свети во сите бои
Роднините на киднапираните на протест пред Владата
Ем газди ем без работа!
Внуката е прекрасна и се вика Арабела Роуз
Манчевски претседател на жирито на Сараевскиот фестивал
Летната манџа на Грујо и Али
Ранко Петровиќ - Бубамара - војвода од „Крушево етноград“
Арсенал се согласи да преговара за Фабрегас
Хари Потер го одбележа 21 век
Европа го поздрави апсењето на Хаџиќ
Украдените деца на Шпанија
Тендерот за Чебрен и Галиште се одлага до ноември
Новините ја забиберија Формула 1
Македонија ја презема старата југословенска амбасада во Канбера
Карикатура
Меркел - Ништо не ја вади Грција од финансиската криза
Фатени напаѓачите на рускиот дипломат
Онлајн вести

"""