Број 3635  среда, 20 јули 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести

Насловна








Site Meter

Поглед

Ем газди ем без работа!

Маjа Томиќ

Ако не може со економска оправданост, преку отворање нови работни места да паѓа бројот на невработените, кај нас отсекогаш можело и поинаку. Со чистење на списоците по разни основи. Агенцијата за вработување детално ги чешла листите, копа по податоците на невработените од пред 10 и повеќе години и така си наоѓа и причина за бришење. Потоа не треба да се чудиме што од јануари до мај годинава невработени имаме за околу 10.000 помалку, при горе-долу непроменета еконо��ска ситуација. Дел од нив се избришани затоа што не се пријавиле навреме, а дел затоа што се открило дека се газди на фирми. Тоа ги снајде илјадници невработени, кои се зачудија кога дојдоа да се пријават во Агенцијата, а им беше кажано дека се избришани бидејќи имале фирма.

Па, ако многумина и заборавиле дека одамна некогаш кога регистрацијата на фирмите беше за ич пари, си отвориле фирмиче, за не дај Боже, сега е тука Агенцијата да ги потсети. Помошта доаѓа од Централниот регистар. Таму си има точна евиденција за сите сегашни и некогашни фирми и дуќани. За Агенцијата нема никаква врска фактот дека многу фирми не се активни 10-тина години, дека немале никаков приход, ниту вработени, какви било давачки... едноставно, никогаш не профункционирале.

Агенцијата се правда дека постапува исклучиво законски. А, според прописите, секој за кого ќе се открие дека има(л) фирма, дуќан или некакво здружение, автоматски се брише од листата невработени. Ако сака да биде на неа, нека ја ликвидира фирмата. Ако сака пак да ја ликвидира, нека плати за тоа. И нема воопшто потреба таа да се правда некому. Во законските прописи не стои дека Агенцијата е должна да ги информира што да направат за да останат на списокот на невработени. Кој им е виновен што немаат навика да читаат закони.


#
Статијата е прочитана 2472 пати.

Испрати коментар

Од: Трпе
Датум: 20.07.2011 00:25:11
Ем газди,ем без работа и запишани на факултет.Па дали има потреба од агенција за бришење на невработени.Која е нејзината задача,дали некому му има помогнато при вработување.Во нашата земја како сакаш ке се именуваш,дали си вработен или невработен.Дали си партиски определен или не.Дали си предавник или патриот.Ова наликува повеке на луда куќа а не на некоја суверена државичка во која има некои луге кои си играт власт.Вистинската власт е некаде во позадина и раководи со конците за управување.Закони носат како да ги истурат од некој кош.Зборот калибрација за нив е непознат.
Од: Lazo Stefanov
Датум: 20.07.2011 01:32:39
Se sekavate na g. Stojce Tapanxioski, direktor vo Agencijata za vrabotuvanje, koga izjavi deka po naredba na ministerot za trud i socijalna politika izbrisal 30.000 lica od Spisokot na nevrabotenite? A imase izjava na prof.d-r A. Bexeti: ,,So tapanite na Tapanxioski ne odime vo Evropa ..,, Vo RM lesno i eftino se otvara firma, ama tesko i skapo se zatvora. Da znaete kolku pari treba da se dade ...
Од: илегалец
Датум: 20.07.2011 02:01:33
Вчера имаше и коментари за подршка на оваа акција од АВР, демек не е битна моменталната фактичка состојба на невработеност туку некој правен, (според мене небулозен) факт. Тврдам дека тие што го коментираа тоа се административци. 1.Сите знаеме дека нема веќе клима за мал бизнис, освен за некои супер богати газди, најчесто кафанџии. Груевски го лажеше народот дека за мали пари може да се регистрира фирма, а не кажа дека не е евтино да затвориш фирма(дури и техничката помош во ЦР не е баш услужлива ни со информации за процедурата, па човек мора да бара адвокати).2. АВР има начин да види дали и кога тие фирми профитно профункционирале. 3.Еден коментатор укажа на кршење на закон од АВР што не реагирала кога тие лица се пријавиле т.е отвориле фирми? 4. Јас се запрашав зошто АВР се повикува на вака нелогичен закон, а досега не повела иницијатива за негова промена. Има начин за откривање на измамници со приход, а со овој потег огромна група голтари се отпишани од секаква милост од државата.
Од: Ако не се невработени, трба да се избришат
Датум: 20.07.2011 08:49:58
Во се барате политика. Само да му се додворите на најмладиот пензионер во Македонија. Ако не се невработени, трба да се избришат од списокот и толку. Што има пак тука проблематично? Да се остават ли таквите? Па тоа е постапка според законот. Ви се допаѓало вам или не.
Од: samo da se kritikuva
Датум: 20.07.2011 13:28:46
Maja...ve molam da odgovorite na ovaa prasanje..... A kade vo svetot postoi drzava kade sto da receme covek raboti kako zemjodelec a se prijavuva kako nevraboten.....Kade postoi drzava kade nekoj se resava da otvori firma ama saka sini kartoni od drzavata (ako biznisot ne raboti) imame back-up plan.....Zasto e potrebno da nekoj registrira firma ako voopsto ne go biva za biznis.......Ednostavno pred da se pocne nesto treba da se napravi domasna rabota.......Problemot e sto mnogu od ovie luge ne mislat so glavata tuku vazno e da "ima firma".......Namaluvanjeto na nevrabotenosta e relativna rabota zasto fakt e deka vo Makedonija nema 311000 nevraboteni tuku taa reano e 20% ....toa drzavata ja cini milioni evra po raznorazni osnovi.......Vreme e da se iscisti ovoj nacin na razmisluvanje.... P.S. Potpolno se soglasuvam deka Agencijata za vrabotuvanje treba da se ukine zasto i Zavodot za Statistika moze da vodi evidencija na nevrabotenite..
Од: eu
Датум: 20.07.2011 14:57:59
vmro igra majtap so vas samo da pokazuva lazni rezultati...tuka na zapad i student i penzioner ima pravo da se prijavi nevraboten da bara rabota a ako precekri zarabotuvacka togas mu se odbiva od penzija,stipendija...a ako zadocnis eden den da se prijavis od ist koment koga se javuvas pak si nevraboten...znavci ako saka vmro eu mora da gi izednaci ovie zakoni........

Најди! во Утрински
Насловна
Тарчуловски го охрабри премиерот
Зошто мораа да заминат Милошоски и Наумовски
Цената на златото расте, изгубивме ли многу?
Кон кои дестинации може да летаме
Чарши-Џамија ќе се обнови
Боздоганот од вмровскиот штаб
Уставeн суд ќе свети во сите бои
Топењето на Арктикот ќе ги забрза климатските промени
Роднините на киднапираните на протест пред Владата
Внуката е прекрасна и се вика Арабела Роуз
Манчевски претседател на жирито на Сараевскиот фестивал
Летната манџа на Грујо и Али
Ранко Петровиќ - Бубамара - војвода од „Крушево етноград“
Арсенал се согласи да преговара за Фабрегас
Хари Потер го одбележа 21 век
Европа го поздрави апсењето на Хаџиќ
Украдените деца на Шпанија
Тендерот за Чебрен и Галиште се одлага до ноември
Новините ја забиберија Формула 1
Македонија ја презема старата југословенска амбасада во Канбера
Карикатура
Меркел - Ништо не ја вади Грција од финансиската криза
Фатени напаѓачите на рускиот дипломат
Онлајн вести

"""