|
|
|
|
|
|
Едиторијал
Боздоганот од вмровскиот штаб
Љупчо Поповски
ВМРО-ДПМНЕ со невидена леснотија поминува уште еден Рубикон. Неговиот водач не фрла коцка за да му го покаже патот ниту, пак, од другата страна го чекаат силно мотивирани трупи (како што војниците на Помпеј ги чекаа легионите на Цезар). Со еден потег на четката треба да се избрише она што остана од независноста на Советот за радиодифузија за потоа да се направи конечната пресметка со телевизиските куќи и радиостаниците што ќе скршнат о�� курсот на партијата. Со новите државни членови над нив ќе виси судбината да бидат укинати. Тие можат да си ги платат и сите даноци кон државата, но со мнозинството што ќе го направат новите членови се во опасност да ја загубат лиценцата под различни изговори.
Во овие тешки невремиња за новинарството кога целата професија што треба да биде совест на општеството е пред исчезнување, овој владин удар треба да го исцрта кругот, и тоа 20 години откако ја прогласивме независноста. Силвана Бонева во Собранието чита од други подготвени говори дека Владата се обѕрнала низ Европа и оттаму добила инспирација за упадот во Советот за радиодифузија. И ќе набројува примери, но нема да каже каква е структурата на тие тела што ги контролираат телевизиите и радијата. А нема да го спомене примерот во кој вмровците се крстат како пред икона – унгарскиот премиер Виктор Орбан и неговите механизми на владеење.
Ова што сега владата набрзина го операционализира низ парламентот е македонска копија на упадот во медиумите што го направи кабинетот на Орбан првиот ден откако ја презеде власта во Будимпешта. Земјата е членка на Европската унија, па таков автократски упад не помина. Неговите овдешни ученици се покажуваат поербап. Тие сакаат да го направат тоа уште пред новата влада да ги преземе дизгините. Силвана Бонева ќе објаснува, ама не знае да објасни како тоа со уште шест члена именувани од институциите на државата ќе се подобрела работата на Советот. Ако предложеа нови 25, веројатно, уште повеќе ќе се подобрела работата на Советот за радиодифузија.
Во оваа валкана, подземна, интригантска и авторитарна пресметка судот на партијата како копје падна и во срцето на Здружението на новинарите. Здружението чекори со тешка мака – ќе падне, па ќе се исправи, ќе се сопне, па ќе се крене, но кога завчера објави дека со новиот предлог „Владата сака да оствари комплетна контрола врз Советот за радиодифузија“, замавна боздоганот од вмровскиот штаб.
„Во досегашниот период ЗНМ декларираше одредена неутралност, но сега во целост, со своето ставање на страна на опозиција, сериозно го става под прашалник својот кредибилитет. Жалиме за улогата во која се става ЗНМ и се надеваме дека прогресивните сили во ова здружение ќе најдат начин како да останат доследни на неутралноста, демократијата и правната држава“. Ваквите реакции на ВМРО-ДПМНЕ се целосно пресликани од најмрачните денови на идеолошките комисии на комунистичката партија. Нема потреба од дискусија, од јавна расправа, од различни мислења – судот на партијата е најважен. Ако некој мисли поинаку од вмровците, мора веднаш да биде направена диференцијација – онака како што се правеше по Втората светска војна кога на референдум со куглици се гласаше за Тито или за монархијата.
Во целава оваа ујдурма со ждановистичка инспирација молчат сите. Првиот човек на ЗНМ, Насер Селмани, и две дами имаа храброст да излезат во јавноста и да кажат дека е несфатлива вселенската брзина со која владата сака да го донесе овој закон. Другите, изморени од сонцето и жештината, скислено гледаат сеир. Ако неволјата не тропнала на мојата врата, значи и нема неволја, таа не постои. Општествово се претвора во илјадници бригади на зомби посматрачи. Целата слика ја расипува само опозицијата во Собранието, тој клет непријател на секоја македонска влада. Мораше ли неа да ја има.
|
#
|
Статијата е прочитана 2861 пати.
|
|
|
|
|
|
Од: citatel |
Датум: 20.07.2011 00:25:22 |
|
Bravo
dodeka ima vakvi novinari i tekstovi sum citatel na utrinski i moze da recam u[te ne e napolno potonat.Site paraleli i sporedbi se tocni. E sega : dali zgresi narodot???? i sto zasluzuva ??? zombi |
|
|
|
|
|
|
Од: Petar |
Датум: 20.07.2011 00:52:22 |
|
Diktaturata vo Makedonija vleguva vo sekoja pora. Dobredojde za komunizmot.
Ako. Za makedonceto treba samo taka. Grujo treba sea i da tepa i da ne ni dava da placeme.
Za kratko, kako sto trgnaa rabotite ke nema nisto od ovaa t.n drzava ili ke stane privatna sopstvenost. |
|
|
|
|
|
|
Од: Serafim |
Датум: 20.07.2011 06:19:25 |
|
Uste edna ,od nizata "dlabinski reformi" koi
sekojdnevno ja zapliskuvaat-nasata em mila,
em draga tatkovina?!!! |
|
|
|
|
|
|
Од: bale |
Датум: 20.07.2011 06:22:40 |
|
Sekoj narod si ima rakovodstvo kakvo zasluzuva........Sto nadrobivme ke si srkame........ |
|
|
|
|
|
|
Од: sime |
Датум: 20.07.2011 07:38:32 |
|
|
|
|
|
|
|
Од: Станко |
Датум: 20.07.2011 07:50:47 |
|
Ајде големите аналитичари нека ми одговорат - која е алтернативата? Пак да одиме на предвремени избори? Така е кога Македонците гласаа поделено. Да немаше избори немаше да дојде до ова. Да имаше ВМРО 62 пратеника, пак немаше да дојде до ова. Ние војната во 2001 ја изгубивме. Не победија Албанците и меѓународната заењдница. Македонија и сите жртви во неа се колатерална штета од симнувањето на Милошевиќ. За жал, тоа е вистината. |
|
|
|
|
|
|
Од: Чича Мите |
Датум: 20.07.2011 08:08:27 |
|
Ги читам сеирџиските коментари на Serafim и bale, па заклучувам дека се додека не се случи „вартоломејската ноќ“ на нас нема да ни дојде памет. ОК, што е најпаметно да се направи во моментот. Да ги пуштиме да си тераат како што почнале. Тие секако ќе се „удават во сопствените го.на“ со тек на време (мошне неопределен период). Или да се организираме сите напредни сили на ова општество во едно движење на отпор. Потребна е храброст и организираност преку социјалните мрежи, тоа движење да заживее. Остајте партии, овде се работи за една најмрачна диктатура на неколку психопатски личности (примиер, шеф на тајна полиција и др.) Ама тоа не ги амнестира нивните соработници и поддржувачи. Треба да им кажеме гласно : Ќе дојде време за плаќање на сметките ! |
|
|
|
|
|
|
Од: Bossko |
Датум: 20.07.2011 08:11:43 |
|
Вистинска слика за мигот во македоскиот информативен простор. Со него, последниве месеци завладеаја мрачни сили. Ако ми дозволите, мој впечаток е дека со неколку нови партиски обоени новинарски ,, асови,, се протура застрашувашка Ванчомихајловистичка идеилигија во македонското новинарство. Отстрел на секој што не мисли како нив. најбрутален, највулгарен, со јазик на краен примитивизам. Медиокритети стануваа уводничари, колумнисти, кои место новинарското перо, држат во десниците долги ножови... Застражувачко време за слободата на зборот и мислата. Јас само 40 години бев новинар и оттаму правото да ги напижам овие зборови, како поддржка на ставовите од авторот на коментарот на Утрински. Издржете господо вистински професионалци во битката со новинарските медиокритети, инкубиран во барата на партијата на власт. |
|
|
|
|
|
|
Од: steve |
Датум: 20.07.2011 08:55:38 |
|
Kade ste vmr-ovcina,kade ste patrioti,loso nise pisuva,najlosoto za Makedonija namesto da se obedinuva Makedonija odi vo losi vodi kako ke isplivame? |
|
|
|
|
|
|
Од: bitola troa skolovan |
Датум: 20.07.2011 09:17:18 |
|
Za zal ovaj narod go izgubi kuburot sto go imase za zolcas,a Boneva moze da vidi vo drugite drzavi i drugi raboti na primer kako narodot zivee i stapkite na nevrabotenost pa nesto da predlozi,no mislam deka i da vidi ne prepoznava a i nema potreba si ja vraboti celata familija i po majka i po tatko pa ne i treba znaenje sega si stampaat pari. |
|
|
|
|
|
|
Од: diktatura |
Датум: 20.07.2011 10:42:01 |
|
SO KUPENI IZBORI DO DIKTATURA. Ako ima vistinski novinarski zdruzenija i vistinska inteligencija , ke moraat mnogu poradikalno da se organiziraat i sprotistavat na ovaa komunisticka diktatura i unistuvanje na mediumskata fela.So siromasen i isplasen narod lesno se manipulira . Ke mora da mu se pomogne da ja osoznae greskata sto ja napravi so izborot na ovaa vlast |
|
|
|
|
|
|
Од: Alek® |
Датум: 20.07.2011 10:55:40 |
|
Си гласаше стадото за ребрендирање на фашизмот во сталинизам, а урлавме на сет глас да се вразумат. Дајте сега некој предлог да помогнеме за зачувување на медиумската слобода во Македонија (или она што остана од неа), белким не се сите зомбирани и лоботомизирани. |
|
|
|
|
|
|
Од: kiki makedonski |
Датум: 20.07.2011 12:58:18 |
|
Убаво кажано. Но за кого. Власта нема слух. Денес дефинитивно ги нема на коментарите нити нејзините бранители. Или чекаат да им напишат нешто. СРД во овие улови не е потребен. Еве а1 се затвара дефинитивно ( Латас кажа за 7 дена ) а друго се е под владаа сакаат и СРД де е под влада, па тогаш улогата на СРД нека си ја земе владата. Не се само медиумите. Идентитетот го браниме пред европа светот и грација а го продаваме во парламентот. Зошто? За власт ( читај пари ). Но до каде. До бестрага. Дури и македонскиот херој Јохан омекнал. Го превоспитале ( читај уцениле). Е таоа тие народе. Дозволи да те направат овца сега ќе те молзат и колат.Бц е крив што ги нервираше толку за време на изборите и сега вака и враќаат на опозицијата. А кде се тие што ги излажаа да гласаат. Нормално се продадоа или ги купија за малку пари сега ги продаваат да ги врата парите. Каде еМљакедонија никој не го интересира. Тие што ги интересира се опозиција. На здравје крчма |
|
|
|
|
|
|
Од: MAAK |
Датум: 20.07.2011 13:44:26 |
|
Gospodine novinar toa e samo Vase mislenje i gledanje na rabotite od vas agol, sto ne znaci deka e vistina.Do toj cica Mite ili Mitre kako bese - Ne se zakanivaj!- ti vo opozicija se zakanuvas za poddrzuvacite na VMRO-DPMNE, a sto ke bide koga ti ke dojdes na vlast???Poraka:Neka si ima sekoj svoe mislenje , treba da ima borba na mislenja demokratski sredstva za doaganje do vistinata za dobroto na site Makedonci bez razlika na partija i vera.Za zaplasuvanje pomina vremeto , ZAPAMTI- VMRO E VECNO!!! |
|
|
|
|
|
|
Од: Lazo Stefanov |
Датум: 20.07.2011 15:27:54 |
|
Protiv predlagacite na ova zakonsko resenie ke podnesam krivicna prijava, se razbira,po smenuvanjeto na vlasta, po 4, 5 ili poveke godini. |
|
|
|
|
|
|
|
|