Број 2850  сабота, 29 ноември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter

Поглед

Наместени прашања

Оливера Воjновска

Првата седница за пратенички прашања на овој собраниски состав повеќе личеше на нов рекламен спот на Владата за економскиот, финансискиот и инвестицискиот бум на тимот на премиерот Никола Груевски. Се разбира, со акцент на стопати надградената и проширена „Преродба во 100 чекори“. Министрите зборуваа колку што сакаа. Надолго и нашироко одговараа на наместени прашања од своите пратеници. Потоа со невидена сервилност се делеа комплименти за маестрални, импресионирачки настапи на преставниците на Владата!

Сликата во собраниската сала целосно се вклопи во нашиот политички амбиент, полн со суети и пренагласена ароганција. Така, во оваа по малку тажна македонска прикаска се сфаќа демократијата: премиерот и министрите зборуваат, пратениците слушаат и молчат. Не мора да се согласуваат. Нема ни потреба за такво нешто. Но, никако не смеат да кажат што мислат, да прашуваат. Зашто можеби ќе постават и некое незгодно прашање, на кое премиерот може да остане без текст.

Оваа специјална седница на парламентот е замислена Владата еднаш месечно да реферира пред пратениците. Тие без комплекси да прашуваат, а министрите и премиерот да даваат отчет. Соочувањето на владиниот кабинет со парламентарците треба да има динамика. Смислата е да се постават што повеќе прашања. Се разбира, прашањата треба да бидат поконцизни, сосема се непотребни екстензивни експликации, какви што имаше на седницата. Впрочем, од министрите се очекува да дадат одговор и соодветна аргументација. Но, тоа во никој случај не треба да биде маратонски говор. Уште помалку доликува премиерот и министрите да им држат предавања и лекции на пратениците. Како што се случи на првото соочување на оваа Влада во парламентот.


Статијата е прочитана 1419 пати.

Испрати коментар

Од: dejan
Датум: 29.11.2008 00:07:52
ja gledav sednicata ama duri na krajot slusnav deka toa bila sednica nameneta za postavuvanje na prasanja kon vladata
Од: sss
Датум: 29.11.2008 00:20:08
pratenicite molcat,a sto da prasaat ,mozebi nemaa t ,dovolno usovrsen recnik ,neznaat da se izrazat ili pak ne go razbiraat megusebniot jazik ,zalosno no vistinito
Од: наставник
Датум: 29.11.2008 02:05:47
Јас како граѓанин со свои уставни права не сум задоволен од одговорот на владата за штрајкот на СОНК. Зошто министерот за образование ја замајува јавноста и ја хушка против нас наставниците дека сме барале премногу, не сме биле совесни кон нашите ученици? Колку стаж има во образование 1-2 год.?Ја одбрав оваа благородна професија токму затоа што ги сакам децата и за ништо не би ја менувал, па дури ни за (партиска) министерска фотелја. Но сигурно би ја менувал својата плата и хранарина со онаа на министерот (сигурно могупати повисои од моите) и со неговите баснословни хонорари од 30-тина илјади евра заработени само за едно лето во матурската комисија (јас моите 800 денари као чувар на матура се уште ги немам добиено - велат немало пари). Додека него го возат во службено возило, ние немаме ни за градски. И да престане веќе еднаш со притисоците и заканите, да седне со СОНК сериозно да го реши нашиот проблем, барем малку да ја оправда платата што ја добива од народните пари
Од: ljupco,bitola
Датум: 29.11.2008 02:30:17
Одлична седница,помина во најдобар ред. Па преку нос ни дојдоа едни те исти дискутанти од опозицијата,како само за нив да е резервиран собранискиот микрофон.Не случајно рејтингот на институцијата`` Собрание на РМ`` беше паднал на најниски гранки.Со ваквите мерки и дисциплинирањето на опозицијата,тој нагло ќе порасне.На народот веќе му скисна од една те иста опозициска какофонија.
Од: vmrovska detska gradinka
Датум: 29.11.2008 04:57:08
A sto drugo da se ocekuva od vladinata detska gradinka???!!!!! Zarem nekoj ocekuvase poinaku???? Nacinot na koj sto se odrza sednicata voobicaena e vo site detski gradinki. Ucitelkite zboruvaat a decinjata slusaat i potvrduvaat "DA, UCITELKE". Toa se slucuvase i vo Parlamentot. Zarem VMRO-DPMNE ima kapacitet za poinaku???? NEEEEEEMAAAAA......
Од: Petar
Датум: 29.11.2008 06:09:42
„Денот на дрвото„ (2 пати во годината) - а имаме толку многу, многу „дрва„....
Од: Trpe 2
Датум: 29.11.2008 06:53:28
A ,toa e nasata slika.Gledate kako ministerkata ja naucila domasnata zadaca . Ne ja biva rabotata luge !
Од: citatel
Датум: 29.11.2008 07:15:39
Nerazbiram kako moze vozrasni luge so familli,kako bozem pratenici pa i uste pretstavnici na narodot se narekuvaat,imaat tolku malku dostoinstvo,namus,obraz i da ne redam uste sto ne.Mora da imaat golema korist i privilegii za da mozat da se pretstavat javno kako tolkavi poltroni.Ako se tie pretstavnici na narodot t.s.partijata kakvi li se pa tie clenovi nesakam ni da pomislam.Da ne bese tazno ke bese mnogu smesno.
Од: katerina
Датум: 29.11.2008 08:23:10
znaci samoreklamiranjeto od sekojdnevno na tv se preseli ednas mesecno vo parlament! besplatno.vlasta prasuva,vlasta odgovara.zamislete si go kvizot"milioner",trendo sam si postavuva prasanja,si odgovara i kesira milionce,mozno li e? sekako ne.no,vo ovaa vlada se e mozno.se si mislev deka sednicata za pratenicki prasanja e nameneta poveke za opozicijata,zatoa sto vlasta znae sto srabotila,no vidovme deka ne mozea da dojdat do zbor od veke nauceni prasanja i odgovori na vlasta.
Од: Iko
Датум: 29.11.2008 08:27:46
Za toa se vinovni pratenicite od opozicijata. Institutot pratenicki prasanja e namenet glavno za pratenicite od opozicijata, zatoa sto pratenicite od vladeackite partii mozat vo sekoe vreme po telefon da si gi prasaat nivnite ministri za bilo sto. Problemot e sto vo momentov opozicijata i nivnite pratenici ne gi biva za nisto, pa duri ni za postavuivanje prasanja.
Од: gv
Датум: 29.11.2008 10:02:51
Често ја гледам ТВ ХТВ-2 која ја пренесува седниците на Хрватското собрание како се поставува пратенички прашања од страна на опозицијата и мњозинството и како се одговара а кај нас тоа е циркус.
Од: citatel
Датум: 29.11.2008 11:27:40
Imase odna replika od eden legendaren srpski film- Ko to tamo peva..replikata vazi za ljupco,bitola..glasi vaka: ovaj covek je neunistliv.
Од: Makedonec vo EU
Датум: 29.11.2008 12:51:07
Sto e ova kritikuvanje na vladata? Pa neli narodot ja izbra so ogromno mnozinstvo? Pustete gi lugjeto sega neka uzivaat vo blagodetite od nivnata vlada.
Од: Niko
Датум: 29.11.2008 13:27:52
Ako Baravte gledajte , sega naprolet SITE NA IZBORI I NA NIKOILCE DA MU SE DADE dupal mantada pa da placete posle . Narodot ima vlast takva kakva sto zasluzuva. bravo Makedonce ke te bide mos a mozebi ne
Од: ДимоАго
Датум: 29.11.2008 13:41:45
За жал ова е стил на владеење кој што оваа влада изгледа нема намера да го напушти.Нека се потсетат малку што е тоа парламентарна демократија.На овие седници прашања треба да поставуваат исклучиво пратениците од опозицијата, во спротивно не ја гледам смислата на потоење вакви седници.
Од: PADOT NA VIZANTIJA
Датум: 29.11.2008 13:48:27
Јустинијан најповеке се плашел кога народот МОЛЧЕЛ,е па видете сега,тие имаат византиски принцип на владеење,па оддатму доста е говорење време е за МОЛК!
Од: Ноно
Датум: 29.11.2008 14:41:21
Љупчо-тупчо или имаш температура секој ден па бладаш или сигурно твоето знаење го имаш усовршено со „читање на литература „сигурно последна книга што си ја прочитал е Црвенкапа ,затоа што тресеш глупости кои ни забаваче нема да ги напише.Начинот на практикување на пратенички прашања СПОРЕД ДЕЛОВНИКОТ е ДВАЈЦА ПРАТЕНИЦИ ОД ОПОЗИЦИЈА И ЕДЕН ОД ПОЗИЦИЈА наизменично да поставуваат прашања прашања и министрите на кои им е поставено прашањето да одговараат ,така било и така е според деловникот.Не треси зелени и почни да ја користиш сивата маса затоа што ке ти се разлее низ главата а тоа е многу опасно!
Од: bitolcanec
Датум: 29.11.2008 15:18:12
Za Ljupco i Iko:Zastramete se,salabajzeri edni.Veke vrapcinjata peat deka za sekoj komentar vo Utrinski mu se javuvate na svojot vmrovski sef i pokorno mavtajki so opaskite,cekate da vi se potfrli nekoja koska od bogatata gruevska trpeza.Ni sram,ni perdr,lugje bez dostoinstvo i namuz.
Од: Mакедонија
Датум: 29.11.2008 17:42:29
Грујо енд компани ако сте решиле да ја растурите те молам што побргу вака повеке не се живее.
Од: ROMPLUS
Датум: 29.11.2008 22:07:35
Грозота. Само не се криви пратениците на ДПМНЕ, јас повеке ги кривам пратениците од мојата опозициска партија. А уШте повеке ги кривам членовите на опозициските партии, кои во овакви моменти не би смееле да молчат. трба да пишуваат и да пишуваат, да не им дозволат на членовите на ДПМНЕ да дојдат до збор. Инаку ке бидеме вечни опозиционери
Од: prof.
Датум: 30.11.2008 03:04:21
dali konecno na nastavnicite ke im se pridruzat i ucenicite i roditelite koga ke doznaat deka tie ne strajkuvaat samo za pokacuvanje na hranarinata i prevozot, tuku najmnogu za kolektivniot dogovor vo koj ke bidat imenuvani site obvrski i prava na nastavnicite, a so samoto toa i EKSTERNOTO OCENUVANJE, od sto najmnogu se plasat (posebno tie sto mislat deka se visokoobrazovani i mozat da gi zamenat!!!).....

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Насловна
Романија ве чека во европското семејство
Зденко
СОНК од понеделник во штрајк и со глад
Мерки со доцно палење
Европското првенство во „илегала“
Немажени и неженети ќе плаќаат данок на државата?!
Вербатим
Владините мерки - рехабилитација на загубарите
АВНОЈ - АСНОМ - 8 Септември
Битка од соба во соба во хотелот во Мумбаи
Косово пред раскрсница