Број 2850  сабота, 29 ноември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter

Европското првенство во „илегала“

Македонија не оддава впечаток дека од вторник ќе ги нагости најдобрите ракометарки на континентот

Роберт Димитриевски

Осмото Европско првенство за ракометарки чука на врата, а домаќинот Македонија ѕирка низ прозорецот и како да се мисли дали да го пушти внатре. Од 2 до 14 декември Скопје и Охрид ќе нагостат 16. најдобри сениорски селекции на стариот континент, но место вообичаената еуфорија што ги следи спортските натпреварувања од највисок ранг, во земјата-организатор никој посебно не се потресува околу тоа. Една од причините е, веројатно, (не)конкурентноста на домашната репрезентација, на што наведува скромната цел да се биде трет во групата со Германија, со Хрватска и со Србија и така да се влезе во вториот круг, но добар дел отпаѓа и на бледата пропаганда. Упадливо е отсуството на билборди, плакати на позначајните објекти, огласи и пригодни содржини во (електронските) медиуми, а никој жив не знае ни каде да купи пригодни сувенири со симболите на првенството.

Засега се' се сведува на неколкуте промотивни активности во последната седмица пред шампионатот. Официјалниот партнер ВИП“ на Ракометната федерација на Македонија во вторникот во пицеријата „Дал мет фу“ во центарот на Скопје, организира дружење со репрезентативките и со нивните машки колеги. Неколку дена претходно беше презентиран официјалниот постер на првенството, а завчера беше промовирана навивачката химна „Европа е Македонија“, напишана од Огнен Неделковски на музика на Григор Копров, а ја испеаја Дани, Боби Андонов, Биба Додева, Бојана, Дејана Николовска, Влатко Илиевски, Игор Митровиќ и Ѓоко Ѓорчев.

Продажбата на влезниците на Интернет „сега за сега оди добро“, тврди Саша Гавриловиќ, директор на „Експлоринг Маседониа“, национален туристички портал надлежен за овој сегмент од организацијата.

„Најголема побарувачка има од Норвешка и од Данска“, вели првиот човек на субјектот што е во приватно-јавно партнерство со Министерството за економија од 2005 година.

Билетите за ЕП во Македонија на Интернет почнаа да се продаваат во септември, а тие за македонските љубители на ракометот од понеделникот наваму. Цените за он-лајн купувачите се движат од 25 евра, колку што во претпродажба е најевтината карта за два м��ча од прелиминарната фаза по групи во Скопје, до 500 евра, колку што е регуларната цена на влезницата за сите натпревари на првенството. За домашните навивачи, пак, цените на влезниците за средбите на македонската репрезентација се 200, 300 и 500 денари и можат да се купат во објектите „Југотон“ во Скопје, „Кукузел“ во Охрид, „Хозелито“ во Битола и на билетарницата на салата „Борис Трајковски“ од 12 до 18 ч. секој работен ден.

Најоптимистичката прогноза за вкупниот број на гостите од странство што ќе дојдат заради ЕП за ракометарки е 10.000.

„Секоја репрезентација има резервирано сместување за околу 150 луѓе, вклучувајќи ги и официјалните делегации. Меѓу туристите најголем интерес пројавиле тие од нордиските земји, а процените на агенциите се движат меѓу 8.000 и 10.000 посетители, колку што вкупно се очекуваат за време на првенството. Поради близината, тој број може да се зголеми ако имаат успех Хрватска и Србија“, вели Игор Симјановски, директор на Бирото за туризам и информации на град Скопје.

За разлика од Македонија, која дефинитивно не се прослави со промоцијата, Хрватска реши да го одврзе ќесето за 21. Светско првенство за ракометари што ќе се одржи од 16 јануари до 1 февруари 2009 година во Загреб, Вараждин, Осиек, Задар, Сплит, Пореч и Пула. Хрватската туристичка заедница и амбасадорите одржаа или допрва ќе организираат промоција во 13 од 24 земји-учеснички на мундијалот. Една од нив во вторникот беше и Македонија, кога во хотелот „Александар палас“ во Скопје беше претставено се' што ќе им понудат Хрватите на посетителите на СП, а сето тоа „филувано“ со специјалитети на тамошната кујна и „залиено“ со првокласно хрватско вино. За пропаганден материјал од типот на ДВД, туристички брошури, маички со логото на шампионатот, приврзоци за клучеви итн. и да не зборуваме. На Скопје му беше укажана чест во истиот ден кога и на Мадрид, а ваква манифестација е планирана и за во Јужна Кореја!

Швеѓаните, пак, сопствената кандидатура за организација на СП 2011 за мажи ја промовираа уште минатиот декември за време на СП за жени во Франција. Наградата стигна на 18 октомври годинава, кога Советот на Интернационалната ракометна федерација на гласањето во германското гратче Херцогенаурах ја избра токму Шведска во конкуренција на Данска, Шпанија и Унгарија.

Европските првенства во ракомет одамна веќе не се само обично натпреварување на најдобрите национални тимови од континентот, туку и голем бизнис, за што најдобро зборуваат бројките од ЕП за мажи што во јануари годинава се одржа во Норвешка. Според „Инфронт“, кој е ексклузивен комерцијален партнер на Европската ракометна федерација за медиумските и за рекламните права за европските првенства и кој има договор со ЕХФ до 2014 година, норвешкиот ракометен самит беше пренесуван од повеќе од 70 телевизии и од рекорден број радиостаници. Кумулативната гледаност на настанот достигна аудиториум од дури 1,2 милијарди луѓе, а официјалниот веб-сајт на првенството имаше над 380.000 поединечни посети од 165 земји.

Во Македонија се очекуваат над 500 новинари, фоторепортери и сниматели, кои побараа акредитација од организаторот.


Статијата е прочитана 1049 пати.

Испрати коментар

Од: jas
Датум: 29.11.2008 00:12:07
potpolno se soglasuvam so toa deka voopsto nema reklama za prvenstvoto i voopsto nema nekoja euforija a kako za primer odrzuvanje na svetsko prvenstvo vo fudbal sto a nas e samo son da se ucestvuva pa kamo li da s e bide domakin e 100 dena unapred bombasticno najavuvan tokmu kaj nas po sportskite radioa i TV, a sega na TV i radiata za ova EP i sport sto e najznacaen vo MAkedonija i koj najuspesno ja prezentira t.e. No.1 sport nema nisto, duri i edvaj se spomnuva po sportskive radia, alal da im e samo na MRTV sto napravile edna oskudna, banalna reklama so Kastratovic, katastrofa sme, blagodaram
Од: dejan
Датум: 29.11.2008 00:41:57
kaj e sega agencijata za mladi i sport
Од: nn
Датум: 29.11.2008 00:43:19
Mene bi mi bilo stram da pokanam stranec da go poseti Skopje. Izgleda kako vreme to da zastanalo pred 20 godini.
Од: goran b. skopje
Датум: 29.11.2008 01:24:54
mnogu interesno,preku norveska doznav za prvenstvoton,``alal da vi e`` ! se znae na kog ,na organizatorot,reklamirajte brkanje od rabota,drugo sto e vazno !!!!!!!!!!!
Од: igor-bt
Датум: 29.11.2008 02:04:03
zalno e so edinstveniot vistinski makedonski rakometen centar, nema i vo bliska idnina nema da bidi domakin na oficijalen natprevar na makedonskara reprezentacija vo rakomet za mazi i zeni...nekoj treba da se zamisli za ova !
Од: Дарко
Датум: 29.11.2008 04:16:59
Никогаш веќе (барем не во догледно време) нема да добиеме шанса да организираме големо натпреварување (СП или ЕП) во сениорска конкуренција. Жално е што ќе ја пропуштиме шансата за промоција. За вакви првенства секаде во светот се смета дека е организатор државата (читај: владата), а ние чекаме цела работа да ја завршат во РФМ. А Агенцијата за млади и спорт е зафатена со градење скокалници.
Од: zoran
Датум: 29.11.2008 05:28:46
vladata ima pari za da preku dnevnite mediumi se reglamira ili da gi ocrnuva(site drugi) sto ne mislat kako nea a ne moze da najde pari za reklama na prvestvoto ostalom vazno e da se ucestvuva veruvam deka nekoj drzavi i pari bi dale da ucesvuvat napred nasi...
Од: Atanasija
Датум: 29.11.2008 10:48:16
Kako nemalo reklama!? Pa neli se zboruvase deka na otvoranjeto na Prvenstvoto ke zboruva Premierot. Za Ministerstvoto za sport i mladina najvazno e,ocigledno,kade ke dojde Premierot.Samo ne kazaa koj ke mu go napise tekstot sto treba da go izgovori na "svoj nacin". Ne mislite i deka i sportistite treba da go kazat svojot zbor? Ne mislite li deka najuspesniot rakometar na Makedonija treba da go otvori Prvenstvoto.Do koga kreativcite ke bidat zasenuvani od vladatelite?Vladatelite,spored mene,mozat da bidat samo na tribinite,i da se raduvaat na uspesite na sportistite. Kaj nas pltronstvoto prodolzuva, i seirgjilakot isto taka.

Најди! во Утрински
Бар��ј со НАБУ
Насловна
Романија ве чека во европското семејство
Зденко
СОНК од понеделник во штрајк и со глад
Мерки со доцно палење
Наместени прашања
Немажени и неженети ќе плаќаат данок на државата?!
Вербатим
Владините мерки - рехабилитација на загубарите
АВНОЈ - АСНОМ - 8 Септември
Битка од соба во соба во хотелот во Мумбаи
Косово пред раскрсница