Во Косово се случуваат состојби и настани на кои Македонија треба да им пристапи со сериозна стратегија
Оваа недела зачестија информациите за проблемите на Косово. Како и секогаш, ми се чини дека, прво, не сме доволно информирани и, второ, некако како да не сме заинтересирани. Случувањата како да се некаде далеку и не може да имаат никакви последици врз Македонија.
Пред неколку дена генералниот секретар на ОН претстави план според кој на мисијата во Косово (УНМИК) и' е потребно преструктурирање за да може да одговори на новите предизвици. Се констатира дека ситуацијата е многу променета, што само по себе бара нов пристап. Веќе во средата Советот за безбедност едногласно го одобри планот на Бан Ки Мун, со кој се создаваат услови за распоредување на ЕУЛЕКС во Косово. Во исто време косовските власти жестоко се спротивставија на тој план. Тие сметаат дека ќе го доведе во прашање суверенитетот и интегритетот на државата и може да создаде два паралелни синџира на власт што би ја оневозможило Приштина да воспостави власт на целата територија на државата. Имено, планот на Мун предвидува европската мисија да биде присутна во областите кои се населени претежно со албанско население, додека во областите каде што доминира српското население ОН да ја задржи контролата врз полицијата. Ова двојство им пречи на косовските власти, бидејќи ги оневозможува да ги воспостават државните институции во северните делови на земјата со српско население.
Интересно е да се нотира дека косовскиот премиер во интервју изјавува дека овој план „отвора можност за постојана нестабилност. Кој има интерес за ова? Само остатоците од ’мрачните‘ структури од блиското минато“. Тој смета дека ова гласно противење не е раскинување на партнерството со западните поддржувачи и дека тоа и во иднина ќе продолжи. Меѓутоа, на протестите што се одржаа во Приштина пред десетина дена за првпат не немаше американското знаме, кое дотогаш се појавуваше како редовен декор на сите манифестации. Да се потсетиме дека ниедна одлука не може да биде донесена во Советот за безбедност доколку една од петте ��остојани членки се реши да го искористи своето право на вето. САД се изјаснија за планот на Бан Ки Мун, со што всушност го овозможија неговото усвојување. Дотолку повеќе што САД побараа и Приштина да го поддржи овој план. Во процесот се спомнува Даниел Фрид (познат на нашата јавност) помошникот државен секретар, кој јасно ставил до знаење дека САД, кои безрезервно ја поддржуваа независноста на Косово, во овој случај сметаат на косовска поддршка на овој план.
Останува да се проследи како ќе се канализира сега Косово, кога се знае дека се' до овој план немаше некои поголеми проблеми на релацијата Вашингтон - Приштина. Повеќето набљудувачи на состојбите поврзани со конфликтот во Југославија во 1999 и патот на Косово кон независност се согласуваа дека Косово се третира како милениче на САД и дека се' му е дозволено. Се' уште стојат отворени многу прашања од патот кон независноста на таа држава. На пример, масакрот во Рачак, кој се искористи за почеток на воената интервенција врз Југославија (овој инцидент се случи на 15 јануари 1999, со 45 жртви, а тој е значаен затоа што конечно ја канализира интервенцијата на НАТО во Југославија и Косово). Или, пак, масовната вклученост на медиумите во создавањето подлога за воена интервенција (Клинтон ги споредува настаните на Косово со холокаустот на Евреите во Втората светска војна, истото го прави и Си-Ен-Ен на својата програма. А американскиот Стејт департмент, според „Њујорк тајмс“, заговара дека околу 500.000 Косовци се исчезнати или мртви - но, информацијата никогаш не е потврдена).
Токму поради овие моменти многумина ја сметаа како неправедна интервенцијата, а поддршката на Косово како непринципиелна. Се' до сега. Се чини дека работите драматично во скоро време ќе се менуваат во Косово. Со самото тоа и во неговото поблиско опкружување. Едно е јасно, сега веќе се наѕира нова американска политика кон косовското прашање. Се' она што досега можеше да изгледа како една непринципиелна политика, како навивање за својот сојузник и негово отворено поддржување, добива сосема нова светлина. Изгледа дека (без разлика на генералната непопуларност на примената на воената сила во разрешувањето на конфликтите од последниот претседател на САД), сепак, може да се извлечат некои константи на нивното дејствување. Една од нив е дека не се фаворизираат одредени држави по секоја цена. Косово се чинеше дека е во повластена ситуација и дека може да прави што сака, а зад себе ќе ги има САД. Сега ситуацијата драматично се менува. Може да се заклучи дека САД следат принципи во својата надворешна политика, односно над одредени вредности не ставаат држави. Ако е интересот на овој регион, односно ако нивниот интерес е во регионот да има стабилност, мир, просперитет и етничка толеранција, тогаш веќе може да се распознаат контурите на едно ново дејствување.
Дали е подготвена Приштина да го ризикува своето пријателство со САД, со одбивањето на планот и уште повеќе со енергичното спротивставување на веќе добро познатиот принцип со протести, декорација со знамиња на западните сојузници и порано многу ефикасното инсистирање на човекови права. Сега независноста е освоена и време е за одговорност. Лидерството не е лесна работа. Како ли му е сега на Тачи? Премиер е на Косово. Својата униформа ја замени за комотна позиција. Но, сега е тука одговорноста - да се наоѓа секогаш модус вивенди во една комплицирана состојба... Сигурно повеќе размислува за својата униформа, отколку за фотелјата. Ова го велам затоа што се појавија информации дека тој планира конфликти само за да се задржи на власт. Тие конфликти би можеле да го вовлечат цело Косово за кратко време. И, што е уште поопасно, тие би можеле да се прошират и надвор од границите на државата.
Јас останувам неутрален, но сепак не си дозволувам да поминам преку некои од фактите и сам да се цензурирам. Свесен сум дека ова што го пишувам може да биде искористено за денунцирање, па сепак, слободната мисла мора да биде неприкосновена и ставена на увид на заинтересираната јавност. Реално е да бидеме загрижени, но и целосно подготвени да ги пречекаме предизвиците од тоа што може наскоро да се случи. Ќе потсетам на оружениот напад врз „алфите“кој коинцидираше со развојот на настаните во Косово. Не знам дали е случајност или можеби праќање порака од истите структури дека имаат сила да ја вовлечат (да се обидат) и Македонија во една поширока дестабилизација на регионот, доколку не им се удоволи и овој пат.
Токму ова се моменти и настани на кои треба да се пристапи со сериозна стратегија. На нашите сојузници треба да им се објасни сериозноста на ситуацијата и во Македонија во однос на настаните кај северниот сосед и да се побара заедничко планирање на можната разврска. Македонија е пример на соживот и стабилност, каков што нема на друго место на овој Полуостров. Тука се применети и функционираат мерки и стандарди какви што никогаш нема да има, на пример, во Косово (меѓу Србите и Албанците). Многу пати е тоа констатирано од сите релевантни фактори. Затоа во вакви критични моменти треба јасно да им објасниме на нашите сојузници дека бараме јасно да им укажат на сите - што може да го загрозат мирот и просперитетот на нашата држава дека тоа тие нема да го прифатат.
mislam deka parlamentot i vladata vednas treba da sednat i da razgovaraat i da donesat nekoi odluki vo slucaj ako dojde do nekoi nemili incidenti na kosovo
Од: shemshi
Датум: 29.11.2008 03:04:14
dali sega ili pak podcna site na balkanot treba i mora da razberat, balkanot beshe i ke bide na ILIRI segashnite ALBACI Albanski narod mora da se obedini i togash ke ima mir, do togash samo ke lajete.
Од: marjan-viena
Датум: 29.11.2008 04:37:34
filipe,tekstot ti e dobar,samo imas nekoi mali propusti: 1.zaboravi da kazes deka navodniot masakar vo racak,sto bese povod za agresija vrz sr jugoslavija,bese isceniran.2. deka taci e eden voen zlostornik,koj namesto da bide ,,premier,,treba da bide vo zatvor,i da mu se sudi 3 .go narece kosovo ,,drzava,,.koja e toa drzava? 4.trebase slobodno da kazes deka izvestaite na SNN za slucuvanjata na kosovo pred i vo tekot na bombardiranjeto bea dobro smisleni i izrezirani lagi i insinuacii......
Од: nema dilemi - ke ima vojna
Датум: 29.11.2008 04:46:07
Poleka no sigurno na povidok e nova vojna. Javna tajna e deka Kosovarite se naoruzuvaat. Ne slucaen bese pritisokot na USA da vlezeme vo NATO za da bideme zastiteni. Gruevski ja propusti sansata. Gi barase i se zanimavase so pravata na Egejcite vo Grcija no sega ke ja izgubi CELA Makedonija. Mozebi celta mu bese taa pa zatoa GLUMESE "tvrd orev" za imeto. Narodot ke mu sudi
Од: Apostol
Датум: 29.11.2008 05:25:24
Solidna analiza.
Од: Nikola - Germanija
Датум: 29.11.2008 05:47:21
Jas ne se soglasuvam so avtorot.Vo SAD ke dojde Demokratska administracija na vlast i tie ot sekogash se poalbanski nastroeni od Republikancite.Toa se vide od napadite vo 1999 vrz togasnata SRJ i izjavite na oddelni visoki Demokratski funkcioneri vo kongresot i senatot.Duri i Obama prisustvuvase na izbroren miting organiziran od albanskata imigracija vo SAD;a znaeme site deka albanskoto loby vo SAD e dosta pojako nego Makedonskoto,koe voopsto i ne postoj!Sto i da se slucuva na Kosovo,MK moze samo da zavzeme staticna uloga i postoj orgomen rizik,Drzavata da ne moze da gi izbegava posledicite od mozni i i seriozni komplikacii na KosMet.Spored mene pretstoj period na menuvanje granici:Ke iscesne BiH,KosMet ke se podeli i MK vo najmala raka ke go izgubi severozapadniot del i te ti golema Albanija;ma ostavete gi tie sto velat deka vremeto za golemi drzavi pominaa.Toa vreme doprva pretstoj!Vreme e vlastite vo MK da igrat so otvoreni karti i da ja spremat javnostta na takov terk na nastanite!
Од: mene
Датум: 29.11.2008 08:49:17
Кога помисливме дека со независноста на Косово ќе заврши прекројувањето на бивша YU, повторно немир и оправдано стравување дека се можни немири и поделби.Никој нема ексклузивитет во САД, иако демократите беа сериозно наклонети кон албанците, а Хилари Клинтон ќе биде државен секретар. Тоа што не сме во НАТО е страшен хендикеп.Премногу сме комотни и дефокусирани, како да сме во Скандинавија. Ова е Балкан. Овде полицајци ни гинат среде Скопје. Будноста кон Косово не ни баш јака страна. Албанците коментираат дека ќе се обединеле во ЕУ. А што ќе им е тогаш илирида?
Од: kemba
Датум: 29.11.2008 08:49:28
Многу добра анализа со внимателно одбрани зборови и мислам дека авторот е потполно во право. Сите настани одат во правец дека можно е да имаме жешка пролет,при што 2009 ќе биди клучна за опстанокот на Македонија и мислам дека е време за барање на сојузници во евентуален конфликт.
Од: SSSS
Датум: 29.11.2008 09:27:28
Ma ke ima vojna, i treba da se bide podgotven za sve.Kosovo ima da se deli i severniot del da mu pripadne na SRBIJA koja nema da ja propusti taa sansa.Poleka no sigurno Amerikancite ja gubat apsolutnata mok a Rusite ke go zgolemat svoeto vlijanie. A toa im odgovara na SRBITE.Bosna ke bide sledna kade srpskiot del ima da se deli od taa vestacka tvorevina kakva sto e BiH i da se pripoji kon SRBIJA.Ne treba se uste da se otpisat ideite za golema SRBIJA i Albanija!!!
Од: komentator
Датум: 29.11.2008 10:15:32
добра анализа. македонија треба да има одговор што ке прави ако се подели косово. дали сме потоа на ред ние? власта да се замисли.
Од: Haracina
Датум: 29.11.2008 10:23:55
Замислете, и убиството на алфите се поврзува со Република Косово, а притоа воопшто не се спомнува дека одговорноста за нападот ја презеде Гардата Војводи! ве прашувам кој има корист од ваков изнесен став? Убеден сум дека македонците најмалку, но за вас е патриотизам за се и сешто да се обвинат албанците! Дури и политицки кариери сте граделе борејќи се против правата на албанците( знаеме колку време сте стоеле пред собранието против Педагошкиот факултет)и сега велите дека сте неутрален! бидете во чекор со времето.
Од 40-те приведени ниту еден од нив не е осомницен за случајот.
Од: zabegan
Датум: 29.11.2008 10:27:53
se ova se igri na na golemite sili eve se glea sto se slucuva kako se vrtat rabotite em go priznavat kosovo em i popustat na srbia.samo nasive politicari ne mozat da svatat sto se raboti.ko ne podrzuvase amerika da se resi problemot so grcia GRUJO izigruvase golem patriot a sega kako stojat rabotite mesto SEVERNA.MAKEDONIA ke bide NIKAKVA .MAKEDONIA zar zalno no toa ke ne snajde.
Од: Albanec
Датум: 29.11.2008 10:53:02
Filip ti imas pravo da kazes sto sakas, neli sme demokracija?! Mene kako Albanec preku glava mi od vojni. Grancite isceznuvat, samo nasiot mentalitet (Balkanski) se uste misli na granici! Kazi mi sto ke ni se granicite? Po koja osnova? Ako gi prasuvate Albancite, najodogovrno vi velam deka tia se za sozivot i bez granici. Najdogovrno vi velam deka Albancite ke gi krenat site barieri nareceni granici ako za toa pokazuvat dobra volja Srbite, vie Makedoncite, Grcite, Crnogorcite. Namesto zaednicki da se dogovarat kako da se borat so kriminalot i da pravat zaednicki patroli vo ovoj pravec, nie se uste sonuvame za granici, imame predrasudi, ne znam sto drugo! Kosovo e zavrsena rabota, 52 drzavi veke ja priznaa, megju koji najgolemite zapadni sili. Srbite nikako da se smirat! Ako imat i najmala covecnost, tia prvi bi trebalo da ja priznaat Kosovo i da barat izvinuvanje sto im pravele, moralno visoko, humano da ne zboram. No ne! Tie se uporni deka imale pravo! Koj e problematicniot kazi mi?
Од: Diletanti
Датум: 29.11.2008 11:11:38
Vo potpolnost se soglasuvam so Nikola od Germanija. Demokratite se , verojatno poradi deluvanje na albanskoto lobi, albanofilski raspolozeni, taka da odnosot na SAD prema Makedonija ce se promeni, odnosno ne ce ja ima onaa silna podrska koja ja davase administracijata na Bush.Sekakvi scenarija se mozni , pa i promena na granicite, a tuka nie mozeme da go izvleceme podolgiot kraj.Se soglasuvam i so konstatacijata na Marjan -Viena , vo vrska so Taci ili "Komandant zmija" Toj licno napravi tolku zlocini vrz civilno naselenie , sto zasluzuvase da bide suden za voeni zlocini. No Medgunarodnata Zaednica sekogas e dvolocna i licemerna. Naseto nevleguvanje vo NATO poradi" tvrdiot patriotsko-egejski stav " na Premierot ce ima teski reperkusii po idninata na Makedonija. Vprocem da go pocekame razvojot na nastanite i ce se uverime vo kusogledata tvrdoglavost na nasite lideri.Pametnite odnapred gi predviduvaat nastanite, a budalite otkako kamen ce im padne na glava!
Од: ramadani
Датум: 29.11.2008 12:50:51
offf leleee majko moja - koj najde da pisuva za kosovo.... ajajajaa....
Од: ramadan
Датум: 29.11.2008 13:46:02
Generale,denesnava cesna i vistinska patriotska generacija treba kako lekcii po istorija da gi pameti tvoite kolumni na ovaa tema. Gospod Isus Hristos zakovan na krstot rece:Gospode,prosti im ne znaat sto pravat.Za onoj Ljubco od Bitola(ako navistina e od tamu) ne treba ni zborovi da se trosat.Ima edna izreka: tolku mu dal Gospod.Toj ne mora da se slozuva so Nas istimislenicite.Toj voopsto ne ja poznava istorijata na svojot narod,i zatoa jas ne mu se lutam,jas nego go zalam.Verojatno toj vcera bese na proslavata na Ahmeti vo Skopje,koj pokraj drugoto ni odrza lekcija.Ahmeti pokraj drugoto kaza deka e srecen sto ova se desava vo Skopje glavniot grad na Dardanija.
Starite velat „ribata smrdi od glavata”.Poglednete samo kako se odnesuva aktuelnoto rakovodstvo kon NOV,cesnite komunisti,kon partizanite,kon borcite za nacionalno osloboduvanje i sl. Zarem treba da se zboruva povece,ako se setime samo za nasite borci od 2001 god. I odnosot na ovaa vladeacka garnitura na vlast.Se e jasno ,samo
Од: Makedonce
Датум: 29.11.2008 13:48:06
Albanec, kamo da se site albanci vo MK donekade umereni vo svojte stavovi kako tebe, no problemot ne e vo makedoncite. Toa treba da go znaes.
Makedonija i makedoncite se za urivanje na ‚berlinskite zidovi’ zato sto se mal i obespraven narod vo evropskoto semejstvo.
Makedonija vo geostrateskata Politika ne e nekoj si glaven faktor i vo sostojba da im postavi uslovi ili nekoe si veto na srbite.
Treba vie I nie da go cenime i dogradime postignatoto, zato sto plovime na istiot brod narecen ‚Macedonia’
Од: Златник
Датум: 29.11.2008 16:26:00
Несомнено е дека последните случувања на Косово ќе предизвикаат одредени тензии во регионот и затоа треба да се проследат со големо внимание. Само не ми се разбирливи размислувањата на некои наши сограѓани кои велат дека, од безбедносни причини, ние сме требале да го промениме името на државава и да влеземе во НАТО, додека сеуште Америка ни’ била пријател. Кој ќе гарантира дека тој „пријател“ потоа нема да ни’ го сврти грбот, како што, ете гледаме, во последно време го прави во/со Косово? Сепак мислам дека е подобро да не се „затрчуваме“ многу по американците! Тие некого „сакаат“ се додека во него гледаат некаков интерес. А потоа ... ?
Од: selim
Датум: 29.11.2008 19:08:56
gospodin filip ti si mlad politicar ama so stara indoktrinacija od srbskoto lobi i toa ne me cudi za tvojite komentari i komentarite na nekoi istomislenici. medjutoa od vas ne sakame sugestii i ti si mnogu mal da gi razberesh rabotite poshto nemash shkollo ni znaenje. ako albancite ostanat ti da kazhuvash za republika Kosovo sme znaele shto ke kazhesh i shto mislish. aj gledajsi ja tvojata rabota naj dobro ke ti bide.
Од: arben
Датум: 30.11.2008 05:16:33
ako se odeli del od kosovo o se spoji so srbija jas mislam deka uste pred da se stori toa makedonija ke gubi najveke ,da ne zaboravete deka togas zapadna makedonija ke pobara da se spoji so kosovo , vo tia momenti grcka bugarija ke ja iskoristat prilikata i ke gi maltretirat makedoncite vo nivnite zemji a sto ke pravi makedonija? od kogo da se brani ? selacite ke ja branat dodeka graganite ke begat preku srbija ............. se nadevam deka ova nema da se sluci
Од: ljupco,bitola
Датум: 30.11.2008 07:37:09
Филип,ако остават на тебе, да им кажуваш што да прават,тешко нив.Та не се до толку блесави. Убава анализа на состојбите направи,нема што. Ама прво себеси анализирај се.