Стопанството не гледа спас во мерките или барем ублажување на последиците од глобалната криза
Маја Томиќ Соња Маџовска
По двомесечен молк од Владата за последиците од економската криза врз македонската економија, конечно, завчера спектакуларно призна дека стопанството е погодено, но и дека има подготвено заштитни мерки со кои ќе го спаси. За разлика од Владата, која е сигурна дека донела вистински мерки што ќе дадат ефекти, како и стопанските комори кои ги пофалија, бизнисмените и експертите ги оценија како нејасни и непродуктивни. Тие сметаат дека мерките се насочени најмногу кон фирмите кои со години работат лошо и со загуби.
Компаниите од металскиот комплекс сметаат дека нема да почувствуваат директни ефекти од мерките, иако оваа дејност учествува со 45 отсто во вкупниот извоз и е најмногу погодена од кризата, а фирмите два месеца работат со помалку од 50 отсто капацитет. Од Синдикатот на индустријата, енергетиката и рударството (СИЕР) велат дека единствен ќар од мерките на Владата ќе имаат фирмите кои работат со загуби, со што само се пролонгираат проблемите во нивното работење наместо да се решат.
„Ако сакаше Владата да им помогне на металските компании, требаше да интервенира кај трошоците за струја што влијаат со 60 отсто во цената на готовиот производ. Таа се реши да им помогне на фирмите кои со години работат со блокирани сметки и немаат исплатени плати, придонеси и други давачки кон државата. И со мерките тие ќе бидат во истата ситуација“, вели Пеце Ристевски, претседател на СИЕР. Тој додава дека е добро решението за ослободување од царини за суровини и репроматеријали и од данокот на добивка во случај кога добивката не се распределува за дивиденда и ако остане во земјата. Но, според Ристевски, Владата треба да каже прецизно за кои суровини станува збор.
„Нејасно е, всушност, за кого се однесува ослободувањето од плаќањето на данокот на добивка во случај кога добивката нема да се распредели како дивиденда“, прашува директорот на „ИГМ трејд“, Илија Гечев. Според Владата, на тој начин добивката ќе остане во земјата. Гечев смета дека Владата по се' изгледа оваа мерка ја носи за сто проценти странските компании, не и за домашните, бидејќи добивката на секоја домашна фирма во секој случај останува во земјата. Додека странските компании своите дивиденди ги враќаат во матичните земји.
„Оваа мерка е многу непрецизна. Ако се однесува на сите фирми, тогаш е добар потег. Мое мислење е дека 90 отсто од владините мерки се добри за фирмите што работат со загуба. За помош на економијата треба со мерки да се стимулираат успешните компании, големите извозници, а да се дестимулираат увозниците“, вели Гечев.
И текстилните фирми не очекуваат позитивни ефекти. Како што вели Владо Нетков, претседател на Кластерот за текстил на Македонија, поголем ќар од мерките ќе имаат фирмите што работат со големи долгови. За текстилната индустрија, која е ниско доходовна, ослободувањето од данокот на добивка нема да има бенефити, додека укинувањето на царинските давачки е добро решение, но треба да се прецизира за кои суровини станува збор.
„Сепак, текстилните фирми не зависат многу од увоз, тие повеќе работат по лон-системот, па во принцип и оваа мерка нема големо значење“, вели Нетков, кој додава дека, како последица на глобалната криза, текстилот во земјава веќе работи со 70 отсто од капацитетите, а најголемите последици ќе се почувствуваат напролет, кога 50 отсто од фабриките ќе се затворат.
Сојузот на стопанските комори (ССК) и Стопанската комора на Македонија (СКМ) ги поддржуваат владините пакет-мерки. Според СКМ, мерките генерално се добри за реалниот сектор. Генералниот секретар на Комората, Јелисавета Георгиева, вели дека постојано ќе се следат состојбите и ќе се прават анкети меѓу претпријатијата од разни сектори кои ќе ги покажат нивните евентуални забелешки на мерките.
Од ССК вчера соопштија дека и' даваат целосна поддршка на Владата за справување со глобалната економска криза.
„Владините мерки од 330 милиони евра се поттик на стопанството. Сакаме да ја охрабриме Владата да продолжи со подобрување на деловната клима“, вели во писмената изјава до медиумите Мирче Чекреџи, претседател на ССК. Според ССК, дел од мерките биле предлози што ги испратил ССК до Владата заради поддршка на бизнис-секторот.
Според експертите, бомбастично најавениот пакет повеќе личи на предлог-мерки за рехабилитација на фирмите-загубари отколку за спас за компаниите погодени од светските рецесиски удари. Сепак, тие пофалија дел од мерките за намалување на царините и примената на естонскиот модел за ослободување од данокот на добивка. Останатите мерки што значат отпишување долгови за експертите се враќање назад, кога државата им помагаше на фирмите-загубари.
„Да се отпишат долговите е нешто веќе видено, што се применуваше за рехабилитација на загубарите, но не даде никакви резултати. Владата со овие мерки ги фаворизира фирмите кои лошо работат и праќа порака - бидете лоши, Владата ќе ве награди. Пакетот мерки нема никаква врска со кризата“, вели професорот Мирољуб Шукаров од Универзитетот на ЈИЕ.
И поранешниот министер за финансии Никола Поповски смета дека во целина пакетот повеќе личи на вообичени мерки, а не на пакет кој директно се насочува кон последиците од рецесиските удари врз економијата. „Дел од мерките во повеќе наврати се донесувани, особено во деведесеттите. Станува збор за фирми што имаат редовни проблеми во работењето, а не за компании кои имаат последици од светската рецесија. Мислам дека недостасуваат секторски мерки насочени кон оние индустрии и дејности кои се или допрва ќе бидат погодни од рецесијата“, вели Поповски, додавајќи дека има и добри решенија. За него две мерки од пакетот се добри: намалувањето на даноците за земјоделците и особено мерката што де факто го суспендира данокот на добивка. Со ова Владата практично се откажува од веќе испланиран прилив во буџетот од 100 милиони евра. Оваа мерка ја поддржуваат поголем дел од експертите. Според нив, тоа ќе значи дека парите што ќе останат кај компаниите по оваа основа ќе бидат искористени за инвестиции. Но, од друга страна, го поставуваат прашањето зошто Владата однапред не го проектира ова намалување или зошто веднаш не соопшти дека за 330 милиони евра, колку што тежи пакетот, ќе го намали буџетот.
„Ако мерките се темелат на даночни ослободувања, апсолутно е нонсенс да се тврди дека ќе има даночни олеснувања за фирмите, а буџетот да остане ист. Вкупните даночни оптоварувања за наредната година се на рекордно високо ниво. Владата може да не' увери дека ќе има ослободување ако веднаш го намали буџетот, со што ќе останат повеќе пари за приватниот сектор“, вели Ден Дончев. Тој смета дека нема логика во тврдењата дека мерките нема да отворат нова дупка во буџетот.
„Заедно со овие мерки Владата ќе мора да соопшти дали ќе ги намали буџетските расходи за нивото на намалените приходи. Сметам дека изнесената сума од 330 милиони евра е превисока и повеќе е пресметковна категорија врз основа на досегашните долгови на компаниите, а не врз основа на реалните можности тие да ги платат“, објаснува Никола Поповски.
Експертите и' порачуваат на Владата со поднесување амандмани веднаш да го намали буџетот за сумата од 330 милиони евра, додека е тој во собраниска процедура. Во спротивно, ќе се добие впечаток дека мерките се само маркетинг.
dobro e toa shto imame intelektualci za da ni kazat deka vmro dpmne povtorno manipulira so makedonskite gragani i makedonskoto stopanstvo.
ovoj narod veke treba da razbere deka ovaa vlada opstojuva zaradi populistickite metodi shto gi plasira na makedonskata javnost.
Од: Robert
Датум: 29.11.2008 01:32:52
Neznam zasto ovie golemi kombinati non stop kukaat-strujata e skapa,sakame poevtina struja te ova te ona.Treba dobar menadzment,pred se.So bez pari struja da se konkurentni-ne biva oti taa struja treba da se plati od nekade.Direktorite,menadzerchinja da si zemaat porealna plata a ne po 5-10 000 evra mesecot,namaluvanje na troshocite,zgolemuvanje na efikasnosta itn.I ne tuku kukajte non stop vladata ova vladata ona,prvo taa go vrbuvala narodot so danoci-a sega zasto ne davala konkretni merki.Trebase i SDSM da bidat vnimatelni koga privatiziraa i koga se opljackaa 2-3 milijardi evra ama ne bea ama toa e toa.
Од: gorg
Датум: 29.11.2008 10:25:16
Najdobro e vladata da im prefrli pari na onie fimi na cii gazdi gospodinot Crvenkovski (negovata vlada ) im gi dade firmite gratis, kako sto i denovive na kanal 5 barase eden mlad "biznismen"-naslednik na tatkomu vo eden taka privatiziran (citaj dobien ) znacaen del od Rade Koncar-Skopje
Од: ВМК
Датум: 29.11.2008 13:58:35
Да ги обештетите претпријатијата што ги сотревте,луѓето што ги оставивте на улица и вие и другите од двете славни патриотски партии убијци на Македонскиот народ.Ке ги обештетувате демек олигарсите,оти од нив земате пари....за нив работите за нив некете во ЕУ,заради сиротиот глуп македонски народ кој верува за ИМЕТО, кој го лажете за да не се влезе во ЕУ,оти ке немаат вашите пулени олигарси ефтина работна рака...срамно...обештетего Македонскиот народ што го искрадовте...Се надевам после ова пошто подначув дека и ДОСТОИНСТВО ке одржи МОЛК, и ние ке почнеме да МОЛЧИМЕ,а вие кој и штетите на Македонија,думајте се кога народот ке почне да молчи...Позз. до утрински
Од: Eli
Датум: 30.11.2008 08:27:21
Cestitki na novinarkata za prekrasnata statija koja izobiluva so podatoci i informacii, poradi koi sto ovaa nasa vlada mora ubavo da se zamisli.
Pozdravi