Брoj 2788  вторник, 16 септември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Култура

Во Битола пронајдено копје за пробивање штит од 11 век


Истражувањата под Јени Џамија во Битола ќе продолжат напролет

Стручна екипа од археолози предводени од Гордана Филиповска Лазаровска, за време на истражувањата и ископите на длабочина од 4,5 метри под Јени Џамија во Битола, прв пат на овие простори пронајде копје за пробивање штит, кое датира од 11 или 12 век. „Станува збор за железно копје долго 27 сантиметри со специјална обработка на врвот кое служело за пробивање на штитови. Овој прв пронајдок во Битола, наскоро ќе се конзервира и ќе биде достапен за јавноста“, изјави Филиповска-Лазаровска, кустос во НУ Завод и Музеј-Битола.

Археолозите сметаат дека ова копје е употребено во 11 или 12 век за време на нападот и освојувањето на една од трите цркви кои биле лоцирани во центарот на сегашна Битола. „Oткриeна е и ретка икона која со помош на синџирче или врвца се носи на градите. На едната страна се ликовите на Свети Ѓорѓи и Свети Теодор, а на другата ликовите Свети Никола и Свети Василиј“, посочи Филиповска-Лазаровска.

Археолошките истражувања под Јени Џамија во Битола ќе продолжат напролет. „Со оглед дека неодамна го пронајдовме северниот ѕид од најстарата црква, очекуваме со продолжување на ископите да стигнеме и до олтарот, кој исто така се наоѓа под сегашната Јени Џамија“, појасни Гордана Филиповска-Лазаровска, раководител на проектот „Систематски истражувања во Јени џамија“, поддржан од Министерството за култура. (МИА)


Статијата е прочитана 266 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Култура
Блаже Конески го чуваше зборот како светлина за својот народ
Музички перформанси како предигра за Биеналето на млади уметници
Француско признание за доктор Викторија Чаловска