Денеска се очекува да бидат формирани експертските тимови што ќе вршат суперревизија на учебниците од основното образование, но учениците ќе ја започнат наставата со старите учебници, соопшти вчера Националната комисија за учебници.
„Учебниците ќе се ревидираат, но нема да ги оставиме учениците без настава. Претпоставуваме дека грешките се минорни, имајќи ја предвид големината на учебниците. Отпечативме 200 учебници за една и пол година, а се најдоа грешки во еден или во два, што значи дека такво нешто може да се случи и во најдобро осмислена реформа“, истакна Веселинка Лабровска, член на Националната комисија.Најголемиот број рецензенти, според нив, совесно и одговорно си ја завршиле својата задача. (П.Р.)
А ова беше некој преку ред да се опари? А не да се застане на пат на глупостите?
Од: Трпе
Датум: 27.08.2010 08:19:08
Ова ич не е страшно.Па во Македонија веќе се се работи по грешка.Некој сватил дека грешката е ова правилното.
Од: Ајван Доктор®
Датум: 27.08.2010 09:32:59
Секако, „минорни“се грешките во учебниците,кои треба да ги изградат идните генерации!Тие ќе учат „ситни“грешкички од типот „Татковината е наследство,а и Состојба на поседување земја...“,„Жолтата боја на знамето е симбол на слободата“„Историјата на македонскиот народ датира со пронаоѓање на најстариот човечки скелет на оваа територија“„Македонија-господарка на светот“„секој цар ја наследува круната од својот татко“„Античките Македонци биле храбри и вредни“„првиот претседател бил политичар и патриот“„Во изградбата на МК учествувале сите граѓани преку работни акции“„значаен настан за македонските граѓани е визната либерализација“„култура се Театар,Опера и балет“„Знаеше ли дека Македонија се смета за света земја“се извадоци од учебникот за Vодд.,кој не е прогласен за„бисерен“,во оној „бисерниот“го има и ова:„СФРЈ беше сојуз од држави кои живееа под паролата „Братство и единство“!Очигледно постои натпревар по Учебникарска Бисеријада!Што ли уште може да научат децата од ваквите „учебници“?!?
Од: каква колатерална штета
Датум: 27.08.2010 11:40:26
Дали се свесни релевантните институции,кои дозволија толкава прашина да се крене и сеуште се крева околу учебникот, па потоа и со учебниците.Исто так��, дали се свесни и граѓаните кои со своите коментари,заедно со првиве,што можат да направат со неодмерените и ептен недискретните реакции.Како ќе го гледаат учениците тој учебник па било да е тоа и друг.Како ќе ги гледаат и другите учебници.И онака имавме проблем со учењето,сега уште повеќе се девалвира " четивото" пред нив,во време кога конзумираат се ,само не наука и образование.