Никој не соопштува што содржи договорот за соработка што треба да го потпишат Медведев и Иванов
Слободанка Јовановска
Дали е економски прагматизам македонската офанзива кон Русија или нашиот државен врв политички и' намигнува на Москва, барајќи си излез од блокадата околу евроинтеграцијата? Што стои зад нудењето договор за пријателство и соработка на Русија, нешто што било иницирано одамна, но досега немало политичка клима да се реализира? Флертува ли Македонија со Кремљ за да го замисли Брисел околу желбата за евроинтеграција?
Има ли идеја државниот врв како да воспостави здрава соработка со Русија или ќе демонстрира патетичен популизам за заедничките вредности меѓу нашата земја и Русија, за духовна блискост, исти етнички корени и слични нешта? Има ли намера, на крај, нашата политичка елита да го следи идеолошкиот и политичкиот модел на Русија, по импресионираноста што претседателот Ѓорге Иванов, како главен промотор на новата политика кон Москва, години наназад јавно ја презентираше во јавноста и чиј амблем стана колумната „Читај за Русија, пишувај за Македонија“.
Вакви дилеми се наметнаа веднаш по отворената и без резерви понуда од претседателот Иванов за потпишување договор за пријателство и соработка со оваа земја и по агресивната покана до претседателот Дмитри Медведев, како прв руски лидер, да ја посети нашата држава. Од кабинетот на Иванов деновиве преку ��нтервју за Итар ТАСС јасно порачаа дека во Македонија сега има политичка волја за поголема соработка, а од Москва пред неколку недели пристигна истата понуда - дека македонско-руските односи имаат голема перспектива и оти Москва чека нашиот државен врв да се реши што сака, и да прифати ново ниво на односите со нашата земја. Што содржи договорот за соработка кој Медведев и Иванов треба да го потпишат во Македонија, никој не
соопштува, но очигледно се форсира неговата финализација, иако еден таков обид во минатото пропаднал поради некои неприфатливи барања од Русија. Експерти од Македонија без резерви ја поддржуваат намерата за поинтензивна соработка со Русија, но некои од нив се сомневаат во целите, во мотивите и во капацитетот на власта руско-македонските односи да ги постави на моде��на основа.
Добар познавач на односите со Русија главните мотиви, сепак, ги лоцира во интересите. Според него, Русија е геополитичка судбина што ја признаваат сите во Европа, бидејќи најголемите и најевтините енергенси во иднина ќе доаѓаат од таа земја. Економскиот аспект, според него, секогаш оди со безбедносниот, но потенцира дека НАТО и ЕУ прават напори во некоја форма да ја интегрираат и Русија во системот на евроатлантската безбедност, така што односите со Москва од тој аспект не се во контрадикција со нашата желба за членство во ЕУ и во НАТО. Дека соработката со Русија не треба да се врзува само со некаква интенција за христијанска или словенска алијанса, тој го посочува примерот со Турција, која само од руските туристи собрала пет милијарди долари профит, а има 30 милијарди долари економска размена со Русија, иако нема ни христијанство ни кирилица. Затоа, пак, Македонија има само една милијарда остварена заемна трговска размена, со огромен дефицит на наша страна.Сепак, тој посочува на практиката на Москва да им дава насоки на руските компании каде да инвестираат и дека, всушност, без политичка дозвола на раководствата не инвестираат во некоја земја што, пак, зависи од процената на геополитичките интереси. „Геополитички Москва се интересира за Балканот најмногу како илустрација на она што може да се примени во бившите советски републики, во смисла како може да има Рамковен договор за нашите малцинства, а да нема за нивните. Неспорно е, сепак, дека во Русија има симпатии кон Македонија како кон мала држава но реално, со сегашниот економски потенцијал, таа не може да нахрани ни една московска улица“, смета овој експерт.
Според Ристо Никовски, советник на Иванов, глупост е да правиме црвена линија до каде треба да одиме во соработката со Москва, кога од неа не се воздржуваат САД, Германија и други земји. „Погрешно е да се толкува дека развивањето на односите со Русија е некакво политичко флертување. Наша голема потреба е да имаме развиени односи со Русија, Кина, Индија и со други значајни земји. Тоа во никој случај ниту може ниту треба да биде на сметка на нашите евроатлантски интеграции. Напротив“, смета тој. Станува збор, според него, за огромен пазар што е запоставен од наша страна, а не треба да се отфрли ниту политичкото значење што го има Русија како земја- членка на Советот за безбедност на ОН.
Стево Пендаровски смета дека, според последното интервју зад кое стои Иванов, во тој нов концепт или стратегија нема само економска компонента, туку се зборува за наш Ерусалим, за духовна блискост, христијанство... Според него, веќе 20 години Скопје и Москва имаат билатерални односи со акцент на културни и духовни врски, а на дното секогаш беа економските. „Последните седум или осум години се правеа обиди да се засили економската компонента на соработката, но не се успеа, а најдобар доказ е што Македонија се' уште не е гасифицирана. Македонија не ја искористи таа димензија на Русија како енергетска суперсила, па реално најголем дострел во односите беа поетските читања во Струга“, вели Пендаровски. Сега, смета тој, претседателот Иванов ни за милиметар не отстапува од тоа, па неговата политика не само што не се потпира на економски прагматизам, туку навестува следење на идеолошкиот и на политичкиот модел во Русија. Тоа, пак, е во контрадикција со концептот на Рамковниот договор во Македонија, која не е само христијанска. Затоа, вели Пендаровски, македонската политика во однос на Русија се' уште е закопана во минатото и зборува за историски врски, традиционални пријателства, а од тоа до православна алијанса патот не е долг. „Македонија треба да гледа во Москва економски партнер, а не да кокетира со политичкиот и идеолошкиот модел на руското општество и државата, зашто не се компатибилни со она каде што одиме ние. Москва досега, колку што знам, нема инсистирано ниту условувано поблиски политички односи со Македонија“, вели тој.
Професорот Денко Малевски, исто така, мотивите на Иванов ги гледа во идеолошкиот модел, а не во економијата. „Кокетирањето се гледа во доживувањето блискост со Русија кај некои политичари во Македонија. Заеднички именител и на двете земји е дека имаат проблем со демократијата. Можно е нашата политичка елита сега да е импресионирана од редот што се воведе во Русија со доаѓањето на Владимир Путин. Редот и одговорноста се составни елементи на демократијата, но подеднакво е важна и слободата. Бидејќи ние сме општество кое нема искуство со демократијата, како и Русија, одиме од еден екстре�� кон друг“, оценува Малевски. Тој, исто така, не ја спори потребата од поголема соработка со Русија и не смета дека партнерството со САД, ЕУ и со НАТО не е во корелација со тоа. Но, го плаши можното свртување на политиката во друга насока или, како што вели, власта да се откаже лесно од тешкиот приоритет, НАТО, САД и ЕУ. „Власта структура ќе мора да се откаже од национализмот ако сака да влезе во НАТО и во ЕУ, а за неа во моментов тоа е преголема цена. Тоа на некој начин станува услов за прием“, вели Малевски. Инаку, камен на сопнување околу договорот за пријателство и соработка во минатото било инсистирањето на Москва во областа на МВР да стои дека двете земји ќе си помагаат во вонредни околности, што нашата страна тогаш не била подготвена да го проголта. Сега Иванов испраќа, сигнали дека пречки нема за договорот. Во колумна во јули 2006 година Иванов му се восхитува на начинот на кој Путин ја средил Русија по Елцин, нарекувајќи го тоа „контролирана демократија“, со оцена дека треба да има онолку демократија колку дозволува нивото на развојот на општеството, а тоа што не може да се решава низ демократските институции и демократските процедури да не смее да се отфрла. „Сето тоа да се решава авторитарно, но со максимален хуманизам и либерализам“, пишува Иванов.
Mali sme nie za Rusija, ne se plasete!!! Pa dali znaete deka na vremeto Gazela i Cik (sega za zal na narodot i radost na tranzicionite bogatasi ne postojat) ziveeja od izvozot vo SSSR, i drugi firmi koj na evropski pazar tesko bise probile znaci nema steta samo ekonomska dobivka ako znaeme da odigrame!
Од: Tante za kukuriku
Датум: 27.08.2010 01:20:06
Za poddrska vo zacuvuvanje na imeto i identitetot i pomosta va ekonomskiot razvoj na Makedonija da im se dade Solunska glava na 99 g koristenje za odredena suma pari godisno.
Од: Coci
Датум: 27.08.2010 04:43:06
Makedonija moze da e mala, no e centar na svetot i kopcata na civilizacijata! POMNI vo svojata Programa uste pred 9 godini ima jasno zacrtano DIREKTNA sorabotka so Rusija, Ukraina i SAD kako i so site koi ni pomagaat, a so sosedite vzaemno i reciprocno sorabotuvanje i sorabotka okolu cuvanje na granicite.
Од: kole
Датум: 27.08.2010 07:31:19
Нити едното нити другото, нашиот Хорхе може само да ја оплеска работата ако дојде Медведев...............
Од: Rusija ne cheka
Датум: 27.08.2010 08:06:50
Sofija, 2006g., Sergej Lavrov-nadvoreshen minister ns Rusija: "Mora da se turi kraj na ova prostitutska drzava Makedonija!"......
Од: aleksandar sv.nikole
Датум: 27.08.2010 09:53:35
sekoja cest-konecno odlicen poteg!zijan od prijatelstvo so rusija nema!
Од: загрижен
Датум: 27.08.2010 10:27:01
сите ја знаеме поговорката со волкот и крзното...
кој дал амин за распарчување на македонија во букурешт, нее за верување !
Од: jane
Датум: 27.08.2010 11:26:54
Moram da priznam, dva pati go procitav napisot, pa se resiv da napisam nesto.Od avtorot moze da se zakluci ednostavno deka Rusija e "baba roga", temelite na makedonija ce se potkopaat ako se gradat pobliski odnosi so nea.Mnogu smesno, primitivno i neprifatlivo.A, koi se temelite na makedonskata politika, kukanje po NATO, na koe i onaka ne mu se znae krajot, a i sto ce se dobie so clenuvanjeto vo nego?Mojot odgovor e NISTO.Makedonija treba nasiroko da gradi odnosi so site zemji, a pogotovo so pogolemite, vo koi sekako Rusija denes zazema se podominantno mesto.Sto ako se malku glorificiraat slovenstvoto, slicnosta na kulturata, jazikot i sl., sto ima loso vo toa?Od napisov, demek pretsedatelot so simpatii gledal na ......Sto ako pretsedatelot gledase so simpatii kon Germanija, Turcija i sl, napisov nemase vaka da izgleda.Rusofobicnosta na Makedonija moze da i odi samo na nejzina steta.Vremeto ce go pokaze toa.
Од: valdez
Датум: 27.08.2010 12:38:54
Nekoi raboti sega pocnuvaat da se rascistuvaat so nadvoresnata politika na Makedonija , i so ,,clenstvoto,, vo NATO.
Samo pametni luge ,pazete da ne ja zaebite rabotata. Za potezite, dijametralno sprotivni na dosegasnite treba da imate strateski institut za politicki nauki ,a ne koj kako ke stani od spienje da kreira nadvoresna politika za Makedonija. Sovetnicite na pretsedatelot ke imaat najgolema odgovornost za uspehot ( neuspehot ) na nadvoresnata politika na Makedonija.
Од: Makedonka
Датум: 27.08.2010 12:44:09
Trebase posle Bukurest vednas da go dadema Krivolak na Rusite. Do koga ke igrame kako zapadot saka, a nisto od toa, naprotiv, ja izgubivme Makedonija posle Aracinovo.
Од: Тони
Датум: 27.08.2010 12:51:27
Што има погрешно во тоа што го напишал Иванов: „`контролирана демократија`, со оцена дека треба да има онолку демократија колку дозволува нивото на развојот на општеството“? Ако еден човек во група од илјада не може да го разбере напишаното, тое е негов проблем! Баш би сакал противниците на оваа теза да објаснат каква треба да биде демократијата. Како „демократијата “во САД?! Не постои ПОКОНТРОЛИРАНА „демократија“ во историјата на човештвото, од онаа во САД. Па не се сите слепи! Има по некој и со едно здраво око. Политичкиот и идеолошкиот модел на Русија бил во спротивност со рамковниот договор. БРЕ!!! Добро, чиј политички и идеолошки модел е во согласност со рамковниот договор, господине Пендаровски? На САД, Франција, Германија...? Од кога е Рус��ја само христијанска? Глупости на квадрат!!! На кој му смета здружувањето на сесловенска основа? На Митре, Трајко, Драги..., или на Љатиф, Нусрет, Мурат...??????? Па, што сме ние, арнаути, вонземјани, или што? Каде ни е местото?
Од: Dragan
Датум: 27.08.2010 13:33:23
Flert e termin za tajna ljubovna vrska. Na nas ni treba vrska so Rusite i toa sto po transparentna.Rusite ni se bliski po vera,po duhovnost,antropoloski i prerasnuvaat vo respektabilna sila.Ako ni se posteni namerite toa e za sekoja pofalba,ako ne ne dobro da se igrame so Ruskata mecka!
Од: Kristijan
Датум: 27.08.2010 15:29:22
Do koga, po gjavolite, kje go prasuvate Denko Maleski, za "ekspertsko" mislenje? Pa, so sekoj negov sovet, a od negovata sopruga Mirjana Maleska uste povkje, stanuva pobliska realizacijata na idejata za golema (ili vo ponovo vreme - prirodna) Albanija.
Од: Makedonski maki
Датум: 27.08.2010 18:00:29
za vreme na bugarskta okupacija vo makedonija bugarite vrsele popis i baral narodot da se izjasni sto e.
Srbinot odgovoril deka e srbin i dobil kotek bidejki ne rekol deka bugar.
Albanecot odgovoril deka e bugar, no i toj dobil kotek zatoa sto laze.
Makedonecot se uplasil od kotekot i se rasprasal za praviot odgovor kaj dvajcata. Na postavenoto prasanje odgovoril deka e .... e pa gospodine nacalnice, as sum vrtikapa, kako koj vlade vo makedonija toa sum as.
Од: devicanecot
Датум: 27.08.2010 23:35:47
Од каде сега Стевче Пендаровски експерт, па да изнесува глупости. Зарем подобро е да бидеме блиски со тие што прават војни и што цел свет ги мрази?
Што излезе од Ирак и ОМУ?
Па Русија по логиката на Америка, третиот ден дојде до Тбилиси, при војната во Абхазија. И што требаше, да го фати и да го суди по преки суд Саакашвили,кој уби 57 руски мировници?
И да чува 150 000 војници во Грузија, како Америте во ИРАК?
Русија сака економска соработка, коректна и рамноправна. Зошто сите наши ресурси да ги продаваме на Западот? Нели може руска компанија да ја купи Окта, телеком...но на Бранко тоа не му одговараше..тука нема крадење. 20 години што заостануваме во односите со Русија, како велесила, крив е државникот, а секако и неговиот советник, Стевче.
Од: venco Ohrid
Датум: 28.08.2010 09:46:58
Dali se uste treba da se molime pred portite na evropska unija . Dali se uste treba da gi ubeduvame deka ovaa zemja e MAKEDONIJA . Dali se uste treba da bideme ponizuvani . Prav poteg prav moment RUSIJA na Balkanot Da se zamisli malku EU i NATO.
Од: Stojko
Датум: 28.08.2010 11:00:17
@devicanecot> Citiram: "...Нели може руска компанија да ја купи Окта, телеком...но на Бранко тоа не му одговараше..тука нема крадење..." Pa ne gi prodade Branko , tuku Ljubco zaedno so ministerot za finansii Gruevski.