Број 3369  петок, 27 август 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Магазин

Site Meter
На прво место

Политичарите се вратија, името уште на одмор

Од нашиот дописник Миркица Поповиќ

Атина - Во Грција се случуваат многу работи, но ниту една од нив нема врска со спорот за името. Портпаролот на грчкото МНР, Григорис Делавекурас, ни изјави дека нема никакво ново придвижување околу спорот со Македонија, ниту, пак, дека има каква било најава за средба меѓу премиерите Никола Груевски и Јоргос Папандреу. Негативен беше одговорот на Делавекурас и за шпекулациите дека се очекува есенва на Генералното собрание на Обединетите нации да има нов предлог од медијаторот Метју Нимиц. Од Атина се воздржуваат од реакција и околу вжештената тема за новиот македонски амбасадор на Македонија во НАТО, Мартин Треневски, истакнувајќи дека е тоа наша работа и дека не би сакале да го коментираат неговиот настап и што значи тој за спорот околу името.

Се чини за спорот единствено се придвижуваат и напредуваат шпекулациите. Од наша страна е можно да сме во блага предност со шпекулирање, ако се земе предвид дека во време на главоболки од економската криза успеавме да ги насмееме барем грчките новинари со најавата дека Папандреу ќе дојде на отворањето на новиот супермаркет „Веро“. Во текст на вчерашниот весник „Катимерини“ се забележува дека нешто чудно се случува во грчкото МНР неделава, бидејќи, како што велат, горат телефоните од повици на новинари од ФИРОМ, кои сосема сериозни прашуваат дали ќе дојде Папандреу на отворањето на новиот маркет на „Веро“ во Скопје следната недела.

„Ни категоричните негирањата на Делавекурас и ��а неговите колеги за оваа вест не ги убедија новинарите, па така телефоните продолжуваат да ѕвонат. Веројатно, колегите дознале дека заменик-министерот за надворешни работи, Димитрис Друцас, се врати од 10-дневниот одмор и решиле малку да го нервираат “, пишува „Катимерини“.

Папандреу нема да купува во новиот шопинг-центар во Скопје, а мистерија ќе остане дали веста во македонските медиуми е еден вид индиректна покана од премиерот Никола Груевски, кој, како што се дознава, е поканет на отворањето на шопинг-центарот, за „дружба“ со неговиот грчки колега.

„Се сомневаме дека Папандреу би отишол да присуствува на отворањето во Скопје, бидејќи нема напредок во преговарачкиот процес, освен, секако, ако не сака многу порано да го испрати кај Господ почитуваниот солунскиот митрополит (кој е жесток поборник против користење на името Македонија, дури и во сложена форма како Северна Македонија, н.з.)“, се вели во текстот од „Катимерини“.


#
Статијата е прочитана 917 пати.

Испрати коментар

Од: makedonce
Датум: 27.08.2010 12:06:24
vo atina i podolu ne ni znaat deka postoi ime makedonija a akmoli da znaat deka postoi nekoj problem vo vrska so toa , vo egejska makedonija e samo aktuelno imeto i toa od makedonci grkomani pravite grci ne gi interesira makedonija,sum srekaval mnogu makedonci grkomani kinat zili dokazat deka makedoncite se grci...stop na pregovori

Најди! во Утрински
На прво место
Економски прагматизам или флерт со Москва?
Ќе се учи и од учебници со грешки
Крајно време е да се реши името
Премиерот им верува на министрите