„На мобилниот телефон ми стигна порака: Ако сакаш да ме запознаеш пиши ми СМС. Се прашував што е ова. Се двоумев дали да пишам или не. Пишав, ама не добив одговор“- вакво или барем слично искуство доживеал речиси секој корисник на мобилен телефон.
Со напредокот на технологијата комуникацијата меѓу луѓето доби поинакви димензии. Се се сведува на СМС-пораки, електронска пошта „Фејсбук“ итн.
Добрите стари љубовни писма напишани рачно и испратени по пошта делуваат патетично и за нив денеска во услови кога постои електронска пошта и СМС-пораки, се зборува со потсмев. Но, може ли воопшто нешто што за себе го врзува епитет��т „електронско“ да биде романтично?
Пренесува ли хартијата поавтентични и посилни емоции во кои се втиснати и отисоците од прстите на испраќачот, но и отисоците од емоциите?
Групата „Фолтин“ има и албум инспириран од љубовни СМС пораки по мобилен телефон. „Оваа трансплантирана машина за чукање досега не типкала љубовно писмо“ е насловот на албумот на битолската група „Фолтин“, а материјалот е инспириран од СМС љубовните пораки кои се праќаат по мобилни телефони.
Овој начин на комуникација ја намалува инвентивноста и се почесто се користат т.н. „готови пораки“ кои едноставно „може да завршат работа“-што е уште пострашно.
„За мене пораката што е напишана со свои зборови е онаа вистинската. Тој што сака да ти прати порака треба да биде искрен и да ја пишува од срце и од тоа ќе заклучам што навистина тој чувствува. Лично не би се израдувала да добијам порака што веќе ја знам или ја имам видено, бидејќи сметам дека вистинската порака доаѓа од срцето“, вели Елена.
Navistina ,super :Obzervacija,Analiza,Nabljuduvane, Posmtranje! Navistina Denesnive Postari ,Cel mesec ni nosat neprijatni posti na zakani; Smetki .za toa ,smetki za ona,smetki za ova,smetki za poarceno,smetki za nepoarceno,smetki,za usluzeno,smetki za neusluzeno, Ve molam pomognitemi mozebi Vie imate povece Smetki,sto Postarot Vi gi nosi! Nekogas Postarot bese ; Nositel na Ljubovta.So Srce i race Ispisano od; Ljubljenata il Ljubeniot! Postarite ni bea ,,Ljubovta e Zakon!