Неизвесноста е голема, бидејќи ниедна визба не кажува дали ќе откупува грозје и по колкава цена
Ангел Данов
КАВАДАРЦИ, НЕГОТИНО - Лозарите од Тиквешијата го бараат спасот во советниците. Нерешениот пласман на годинашнава реколта, како и наталожените проблеми од минатото, од кои најжежок е нецелосната исплата од винарските визби, беа предмет на жестоки распр��вии во советите на општините Кавадарци и Неготино, каде што не изостанаа и предлози за радикални мерки. Сепак, конкретни решенија за проблемите на лозарите, изостанаа.
Така, во Кавадарци, советниците од советничката група на СДСМ ја напуштија 23. седница на Советот на Општината откако не се постигна согласност како прва точка на дневен ред да се најде актуелната состојба со бербата, пласманот и цените за грозјето. По кратката пауза за координација, советниците од мнозинството составено од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и останатите советници од опозицијата од независната група на Панчо Минов и еден советник од НСДП се договорија Советот да одржи посебна седница на која ќе се расправа за грозјето, но откако деновиве ќе се одржи средба меѓу Владата и винарските визби.
Советникот Панчо Минов предложи Советот да биде во постојано заседание се' до решавање на проблемот на лозарите, но го изнесе и својот став - да се излезе на протест пред „Тиквеш“ и Владата за да се изврши притисок и да се надмине проблемот.
Пред да ја напуштат седницата, советникот од СДСМ, Ташо Радњански, запраша и побара да се дискутира за тоа кој и зошто го крши Законот за вино и за земјоделска дејност. Радњански побара државните инспекциски служби да го спроведат законот и да ги казни визбите што го кршат Законот.
Лозарите во Кавадарци се во голема неизвесност, бидејќи ниедна визба не кажува дали ќе откупува грозје и по колкава цена. Производителите на грозје стравуваат дека грозјето ќе им остане на нивите бидејќи само тактизирања доаѓаат од сите страни, а не се кажува ништо конкретно. Велат дека подобро да им се дозволи родот да го истурат на градската депонија „Мелци“ отколку да им го дадат на визбите кои профитираат на нивната мака. Се' уште големи суми визбите им должат на лозарите и за ланското грозје.
За актуелните состојби во лозарството на седница расправаше и Советот на Општина Неготино. На седницата беа присутни и лозари од регионот кои дојдоа да слушнат од општинската власт дали има новини околу пласманот на грозје и цените за откуп. Советниците едногласно заклучија на лозарите да им се исплати во целост лани предаденото грозје заклучно со 5 септември оваа година, потоа формирање пазарна цена на винското грозје, дефинирање минимална цена на чинење на винското грозје по сорти, а во рок од 15 дена откупувачите да им исплатат на лозарите 30 отсто од парите за родот кој ќе им го предадат од оваа реколта.
Советот усвои и предлог-заклучок Владата наместо субвенција од 2 денара за килограм откупено грозје да им дава на винарите, тие пари да им ги даде на лозарите по претходно изготвен список од страна на откупувачите како и ВВ „Повардарие“ за време на откупот приоритет да им даде на лозарите од Неготинско, кои гравитираат овде, а потоа да зема грозје од други региони.
Кавгите и недоразбирањата беа белег и на завчерашната седница, која се одржа по повеќе од пет месеци. Мнозинството советници, составено од советниците на СДСМ и независната група советници, го разрешија претседателот на Советот, Ванчо Апостолов, и на негово место седна новоизбраниот Сашко Николов. Досегашниот претседател смета дека советничката Маја Митрова од независните советници нема право да одлучува, туку само да биде присутна на седница, поради што и немало легитимитет неговото разрешување. Побара асистенција од полицијата за да го отстрани новиот претседател, но тоа не се случи, бидејќи без да има физички пресметки, полицијата немала право да интервенира.
Неготинци се прашуваат до кога ќе трае циркусот во нивниот Совет и до кога градот ќе биде во заложништво на лични и партиски интереси на советниците.
Posle mlekarite, panika gi fati lozarite, a vo kakva panika ke bidat tutunarite, ke se vidi naskoro. Ama dali panika gi fakja Gruevski i drustvoto? Dosega mnogu uspesno gi kriea problemite pod tepih, kako nekoja mrzeliva domakjinka, ama od nasobranoto gjubre vekje ne moze da se zatvori vratata, a pocna i da smrdi na kilometar. Ocigledno e vreme da se izlie Vardar i da gi odnese so se gjubreto.
Од: lozar
Датум: 01.09.2010 00:18:51
Zemjodelcite mu veruvaa na Arizanov i DPMNE DEKA KE IM GO RESAT PROBLEMOT. No namesto toa DEMEK pregovaraa i lani vo skopje pa gi prelazaa, a isto im se sprema i ovaa godina samo GOSPOD DA IM E NAPOMOS NA KAVADARCANI OD OVAA NAPAST.
Од: negotino
Датум: 01.09.2010 01:28:14
se dodeka vo sovetnickite klupi sedat takvi licnosti kako posocenite vo tekstot a i ne posoceni koi gi ima kako sovetnici sovetotna opstinata voopsto i ne treba da postoi i onaka se samo za lapanje na pari....dali nekoj se zaprasal koe e nivnoto minato i kakvo e....prosto se cudam koi se luge ne se tamu,ednostavno partiite pocnuvaat da nalikuvaat na zdruzenija...edna od najrazvienite opstini nekogas sega samo toni od takvite luge sto bukvalno opstinata ja dovedoa do bezdna....
Од: Rade.Hollandia
Датум: 01.09.2010 02:31:42
e za pari ke pocekate malku ako se bunete i vo vasite lozja ke vi najdat marahoana i ze znae pravo u zatvor ako se mnogu bunete videteli ja poparata na mlekaro dusko sega se mirni kako buba mara nemoda panicete i vas isto ke ve snajde da li znaete koj je na vlast ????????
Од: Винарии/лозари = СДСМ/ВМРО
Датум: 01.09.2010 07:28:24
Досега лозарите добиле субвенции само кога на власт била ВМРО-ДПМНЕ! Винариите во Македонија се во рацете на најголемите апаши од СДСМ! Дали сега ви е јасно што се случува?
Од: petre
Датум: 01.09.2010 08:04:39
za da zeme drzavata pari od akcizi i danoci ne dozvoluva sloboden izvoz na grozje vo stranstvo.Ako saka da pomogne drzavata na lozarite togas neka dozvoli sloboden izvoz a ne samo da racuna na profit za nea i vizbite.Neka ni e gospod na pomos so vakva vlast.Ako misli drzavata deka ke zeme vaka pari da i poracame deka se izlagala.Grozjeto sto nema da se prodade ke se svari rakija za koja nema da se platat nikakvi davacki na drzavata.Tesko na lugeto vo Tikvesijata neka im e gospod na pomos.
Од: Goran Vojdinoski
Датум: 01.09.2010 09:40:31
Vinarite vo Makedonija se nevidena mafija. Lozarite treba so niv da se obracunaat samite bidejki niv drzavata gi podrzuva. Sram da im bide , ziveat na smetka na crncite-lozari.
Од: ФЕЛИКС
Датум: 01.09.2010 10:23:27
Моја препорака до виножитните кавадаречки советници кој многу се грижат за лозарите нека одат едно 531м од нивното седиште каде сопственикот на Тиквеш,инаку човекот е докажан симпатизер или нивни член сеедно,плус е близок пријател на лидерот повратник.Нека му постават едноставно прашање ,,ШО ПРАИМЕ СО ЛОЗАРИВЕ;КАКВИ ТИ СЕ НАМЕРИТЕ;;Потоа некаја известат јавноста што одговор добиле.
Од: Тони
Датум: 01.09.2010 11:44:58
Со чија поддршка и со чии гласови во Македонија е воведен политичко-економски систем, кој го ПОДДРЖУВА угнетувањето на народот? Со гласовите на Узбеците, Киргизите...? Кој ги избира советниците во Неготино и во другите градови/села и селендри? Кој ја бира власта во општините и државата? Кој му дава легитимитет на политичкиот систем? Не сум сигурен, ама мислам дека е тоа народот. Тоа сме сите ние, кои 20 години плачеме и пиштиме под товарот кој сами на себе си го натоваруваме. Дваесет години по ред, секоја година, иста приказна. За работниците кои на свој грб ја носат целата држава, пари има само кога ќе се побунат и кога состојбата ќе дојде до момент на експлозија. САМО ТОГАШ!!! А, во меѓувреме, тие што му го јадат лебот, ќе празнуваат годишнини на секакви предавници, окупатори, џелати на истиот тој народ!
Од: b
Датум: 01.09.2010 13:04:09
Секој кој има вакви проблеми, програмата за преродба во 100 чекори, (се разбира, онаа, проширената и надоградената), во раце и пред новите споменици на нашиот омилен водач и трипати на глас да се прочита !