Во убиството во Охрид учествувал и член на „пинк пантерите“
Весникот „Блиц“ пишува дека осомничениот по кого трага полицијата е дел од познатата група за грабежи на златарници
Драган Ѓорѓевиќ (29) од Лесковац, осомничен за свирепото убиство на 34- годишниот белграѓанец Дејан Новаковиќ во Охрид, е член на криминалната група „Пинк Пантер“, позната во светот по многубројни грабежи на златарници. Ова го пишува српскиот весник „Блиц“, изнесувајќи детали за минатото на Ѓорѓевиќ, по кого трага македонската полиција откако тој избега од Охрид по крвавиот инцидент кога од поголема група насилници до смрт беше претепан белграѓанецот Дејан Новаковиќ.
„Блиц“, повикувајќи се на свои извори, наведува дека Ѓорѓевиќ пред три години бил уапсен во Холандија поради сомневање дека е член на групата, која во април 2007 година од златарницата „Граф“ во трговскиот центар „Вафи“ во Дубаи ограбила накитот вреден повеќе од 11 милиони евра. Балканската криминална банда позната под името „Пинк Пантер“ се зборува дека ја сочинуваат околу 200 професионални криминалци, кои имаат извршено 150 грабежи на скапоцен накит во светот. Процените се дека вредноста на пленот од грабежите достигнува вредност од 250 милиони евра.
Според податоците на Интернет-сајтовите, бандата ја сочинуваат, главно, луѓе од земјите на поранешна Југославија, кои се специјализирани за грабежи во ексклузивни златарници, каде што се продаваат накит, дијаманти и скапи часовници. Јадрото на групата го сочинуваат криминалци од Цетиње, Црна Гора, кои имаат широка мрежа на соработници на Балканот. Името на бандата и' го дадоа лондонските весници пред седум години по грабежот во центарот на Лондон, што беше изведен во стилот што личеше на сцените од филмовите за „Пинк Пантер".
Како што пишува „Блиц“, по убиството во Охрид, Ѓорѓевиќ веднаш заминал во својот хотел, си ги зел работите и побегнал. Веќе во петокот утрото за него е распишана потрага, дури и на границата со Србија бил запрен маж што потсетувал на Ѓорѓевиќ, кој по проверката на идентитетот, бил пуштен. Претпоставките се дека тој побегнал од земјава.
Весникот потсетува дека на убиството на Дејан Новаковиќ му претходела тепачка во локалот „Куба либре Хавана“, која продолжила и пред локалот. „Еден од сопствениците на клубот, Митре Костовски, кој е уапсен поради сомневање дека учествувал во убиството на Новаковиќ, со Ѓорѓевик бил пријател, а се запознале во Холандија. Костовски притрчал и и' се придружил на групата во која бил Ѓорѓевиќ, која веќе била бројно поголема и веќе се тепала со Новаковиќ и со неговиот другар Горан Периќ“, пишува „Блиц“. Тепачката имаше крвав епилог кога поголема група му се нафрлила на Дејан Новаковиќ, бркајќи го низ градот, по што го удирале со тупаници се' додека не починал. (Х.Р.)
Jaki momci se srbite, a i ohriganite..
Neka mi prosti Gospod ako gresam, no da se zaprasame - sto baral i Novakovic sam na odmor vo Ohrid, a doma da gi ostavi 3-te deca i soprugata?Sekako deka ne e toa pricina za da go ubijat ...
Ohriganine - tie se posebna prikazna.
Ohrigani treba da zabranat vlez na turisti vo gradot najmalku 10 godini i za toa vreme da odat na odmor vo Spanija, Turcija, Egipet, Hrvatska,pa i kaj nasiot juzen sosed,za da naucat kako se precekuvaat turisti i kako treba da se odnesuvaat so niv.
Vcera procitav od nekoj ohriganec i za "pasteta" turistite od PP i BT - epa prijatele: 1) i tie trosat pari za spienje i trosat vo marketite vo koi rabotat ohriganki;2) koj normalen bi dal za "klot" pleskavica so cinija 180 - 280 den.?
10 god. ZABRANA ZA TURIZAM (so vladin dekret) i ZADOLZITELNO Oh DA ODAT NA LETUVANJE VO DRUGITE ZEMJI,DA NAUCAT kako se precekuvaat i kako se privlekuvaat turisti, a ne da kukaat po TV.
Од: Niki
Датум: 01.09.2010 08:47:20
За објавената слика немате никакви објаснувања. Има две девојки со прекриени лица и две момчиња на кои им се гледаат лицата. Не пишува кои се тие и зошто е сликата објавена?
Од: Stranec
Датум: 01.09.2010 10:07:33
Ajde ako nekoj gi cita ovie komentari neka ja "zagree" policijata da ispita od kade mu se parite na Митре Костовски, sto rabotel vo Holandija i kakov vid na "panter" e toj? Dali Pink ili kukavica i aramija belosvetska??
Од: Кој да помогне
Датум: 01.09.2010 11:24:33
Кои криминалци се бркале и тепале, не ме интересира, не ме ни загрижува. Ме загрижува што, човек, во центар на град може да вика за помош полиција, а никој да не реагира!
Од: vladimir
Датум: 01.09.2010 12:07:47
sto baral on sam oni si znae toa nema veze ne znaci deka akootisol sam nesto ke smeni deka go opravduva tepanjeto , licno go zapoznav covekot preku dve devojki na plaza gradiste covekot si bil razveden ali ne sudski ,miren povlecen covek dosol da se odmori so drugarmu ! a ova dviljacitve od ohrid da se vo amerika ne im gine dozivotna !
Од: јас
Датум: 01.09.2010 12:44:36
Да се надоврзам на првиот коментатор.Целосно го подржувам и оправдувам ! И мене вчера ми остави впечаток ( НЕГАТИВЕН ) барањето на охриѓанецот да им забрани на „паштета-туристите “ да идат во Охрид.Јас и не одам , па и последен да е Охрид!!!Летово во Саранда сретнав 2 пара од Охрид и не можев а да не ги пецнам.Дека ете им ги изнајмиле становите на „скопјанчиштата“ ,а тие со нивните пари дошле на море.А дека и тие се „паштета-туристи “ докажаа со мрежите кога зедоа да фаќаат риби и да прават вечера.На моето пецкање дека не сакаат и пари да потрошат за јадење, само кисело се насмеаа..На крај , малку се 10 години , јас би им „репнал “ барем 20 !!!Да се смени целава оваа генерација на охриѓани кои сакаат туристите САМО да им ги остават парите пред Охрид, а домаќините ама ни со прст да мрднат и да дадат за возврат..