Број 3372  среда, 01 септември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter

Мислења

Наместо лавови, потребни се лавовски реформи

Ден Дончев

Ако оваа Влада сака да остави белег на своето владеење, многу подобро е да преземе реформи што ќе почнат да ја намалуваат невработеноста наместо да поставува статуи од лавови

Најголемиот неуспех на оваа Влада на економски план несомнено е фактот што по цели четири години, стапката на невработеност во Република Македонија е иста како и кога дојде на власт. Претставници од Владата можат да измислуваат многу причини зошто не успеаја да ја намалат невработеноста, па дури и можат да се враќаат назад дваесет години во обид да образложат зошто Македонија има највисока стапка на невработеност во Европа. Но, останува фактот дека денешната стапка на невработеност од над 33 проценти е речиси идентична како и пред четири години.

Како ниедна влада досега, Владата на Никола Груевски го доби својот мандат пред четири години исклучиво на економските ветувања и очекувања. Првенствено, тоа подразбира дека граѓаните очекуваа значајно намалување на невработеноста во нашата држава. Веќе е повеќе од јасно дека ваквите надежи на граѓаните се целосно уништени. Макроекономската политика, која веќе е длабоко трасирана од страна на оваа Влада, гарантира дека најдоброто што можат да очекуваат граѓаните во наредните две години е дека стапката на невработеност нема значајно да се зголемува. Но, истовремено никако нема да може значајно да се намали. Дури и да почне да презема вистински макроекономски мерки што ќе пренасочат значајни средства од макроекономијата (со значаен инпут преку буџетските расходи) од тековна потрошувачка кон инвестиции, ефектите врз намалувањето на невработеноста ќе почнат да се чувствуваат дури по две години. Бидејќи, без да се трансформира нашата држава од економија во која доминира потрошувачката до економија во која доминираат инвестициите, значајно намалување на невработеноста ни не може да се случи. Ваквата трансформација подразбира преземање многу чекори, некои од кои сигурно ќе бидат исклучиво непопуларни на краткорочен план. Но, за жал, искуствата од четиригодишното владеење на Никола Груевски покажуваат дека оваа Влада со задоволство би трошела пари на лавови, наместо да прави лавовски реформи! Жално е што ќе треба да помина�� уште неколку години пред да им стане кристално јасно и на најмалите деца во нашата држава каква недомаќинска и штетна економска политика се водеше во времето на оваа Влада.

Пред некој ден Канцеларијата за статистика на Европската унија (ЕУ), „Еуростат“, ја класифицираше Македонија во посебна категорија за невработеноста во рамките на Европа. Статистички гледано, невработеноста во Македонија е надвор од какви било споредби со кои било други земји во ЕУ. На прв поглед, се поставува логичното прашање како е можно нашата држава да опстанува со ваква стапка на невработеност. Честопати во мои дискусии со економисти од странство за економската состојба во нашата држава, стапката на невработеност наидува на чудни реакции. Се поставува прашањето како е можно Македонија да задржува социјален ред и мир со толку голема невработеност, што е посебно изразено кај младите луѓе каде што невработеноста е цели 50 проценти? Одговорот, се разбира, лежи во трансферите и девизните дознаки, кои секоја година пристигнуваат во Македонија, претежно од македонската дијаспора во Европа, Австралија, Америка и од Канада. За оваа тема сум пишувал многу често во минатото и нема што да се додаде. Но, треба да сме свесни дека вкупниот прилив од ваквите трансфери и девизни дознаки, кои се над една милијарда евра на годишно ниво и претставуваат над 20 отсто од бруто домашното производство (БДП) на Македонија, е единственото нешто што ја задржува економската стабилност на државата онаква како што е и го одржува социјалниот мир и ред, во услови кога стапката на невработеност е над 33 проценти.

Вкупните трансфери и дознаки што влегуваат во Македонија на годишно ниво не претставува „успех“ што може да се препише на која било влада, иако овие средсва влегуваат во калкулацијата на БДП на државата. Секое зголемување на трансферите дефакто претставува и зголемување на БДП на Македонија, што, пак, политичарите отсекогаш си го препишуваат како успех на своето конто. Но, единствената причина зошто трансферите и девизните дознаки континуирано се зголемуваат во последните петнаесет години е токму како последица на неиздржливата домашна стапка на невработеност. Во отсуство на работа во Македонија, се' поголем број граѓани се принудени да одат на привремена работа во странство, да се иселат од Македонија и да праќаат помош на своите блиски во државата или, пак, да бараат помош од своите роднини, кои одамна се иселени.

Како и да е невработеноста во една држава не е само статистичка категорија. Далеку од тоа! Во нашиот случај, последиците од долгиот период на голема невработеност штотуку ќе се чувствуваат. Како прво, секој поединец што е работно способен, а нема работно место, наместо да биде од корист, станува товар за државата. Секој поединец што работи дефакто придонесува да се зголемува БДП, што подразбира дека колку е поголем бројот на невработеноста, толку е помал БДП, кој инаку би бил доколку невработеноста е помала. Голем број од невработените примат социјална помош што, исто така, ги намалува државните ресурси што би можеле да се искористат за продуктивни намени во услови на помала невработеност.

Невработеноста придонесува кон чуство на општествена исклученост кај секој поединец. Се зголемува стресот, а се намалува слободата, креативноста, мотивацијата и самодовербата кај секој невработен. Долгорочната невработеност може да ја влоши здравствената состојба кај поединецот, а во одредени случаи води и кон депресија. Се намалува кохезијата во семејствата каде што има невработеност, се зголемува разводот на бракови што, пак, ги разнишува моралните и семејните вредности, кои се темел на општеството.

Конечно, колку е подолг периодот на невработеност на одреден поединец, толку потешко станува да се најде ефикасно и продуктивно работно место во иднина. Со тек на време, секој поединец што останал без работа подолг период ги губи своите работни вештини што ги поседувал претходно. Ова значи дека повторното продуктивно вработување на вакви поединци станува се' потешко и поскапо за државата. По извесно време, повторното вработување на одредени поединци едноставно станува невозможно поради фактот што трошокот, кој би бил неопходен да се оспособи поединецот со неопходните работни вештини што би биле потребни за продуктивно вработување, стануваат поголеми од економските бенефиции што можат да се очекуваат од останатиот работен век на тој поединец.

Затоа, ако оваа Влада навистина сака да остави белег од времето на своето владеење, мног�� подобро би било да преземе лавовски реформи, кои ќе почнат да ја намалуваат невработеноста, макар и по нејзиното заминување, наместо да поставува статуи од лавови на кои ќе се радуваат одредени поединци само во времето на нејзиното владеење.

(Авторот е економски аналитичар)


#
Статијата е прочитана 1467 пати.

Испрати коментар

Од: ја
Датум: 01.09.2010 00:12:37
„Наместо лавови потребни се лавовски реформи“ - НО РЕФОРМИ ОД ДРУГА ВЛАСТ легално избрана на избори. Наша најголема грешка беше што на два пати поверувавме на шарените лаги на пастирот за подобро утре со силна економија а што добивме СИРОМАШТИЈА и споменици.Затоа ден побрзо да си заминат ден повеќе подобро ќе живееме.
Од: 33% ?!?!
Датум: 01.09.2010 00:16:33
Velite 33 % nevrabotenost !?!?! A, da go dodadete na ovoj procent i procentot na srednoskolci koi po nitu eden kriterium ne mozea da se zapisat na fakultet, ama sepak, blagodarenie na populizmot na vladata, se tamu, a ne vo zavodite za vrabotuvanje !?!?!?!
Од: goce bitola
Датум: 01.09.2010 01:01:56
Tazno ama vistinito.Uste kolku vreme ka mu treba na ovoj narod da go vidi ambisot vo koj propagame.
Од: sebastian
Датум: 01.09.2010 01:32:47
авторот заборави да каже дека невработеноста „јаде“ цели генерации на граѓани и енергијата која тие би можеле да ја донесат и да ја дадат во служба на општеството... а за тоа време некои ќе држат по две-три работни места.... тоа е реалноста...
Од: Ljubotan -Trade Name!
Датум: 01.09.2010 05:23:45
Naj ;naiiven narod, na balkanot se Makedonci! Za Oligarhite najarno i najprofitabilno e golema bezrabotnica,;Ponuda i Potrazna. Evtina Rabotna Snaga. Prviot Oligarhiski i Big Capital Formula. Amerikanskiot Big Capital, ja dade rabotata na Kinezite;,, Napravimi Nesto ,za Nisto" .Amerikanskite Bogatasi postanaa super prebogati,ama ja unistija amerikanskata Sredna Rabotnicka Klasa! Ova vi e, istiot slucaj i so Makedonija! Seto ova dobro e ;Blue Printirano,so cel, Kapitalot da se Koncentrisa vo mal broj na Oligarsi. E togas ima ,da pocne Teror na Kapitalot. Noviot svetski poredok ne e Nisto Drugo ,nego ;TEROR NA KAPITALOT!
Од: Господ да чува
Датум: 01.09.2010 07:43:20
Ниту лавови, ниту реформи ќе има ако, не дај Боже, на власт се вратат тие (СДСМ) што ги подржуваш, г-не Дончев.
Од: jordan
Датум: 01.09.2010 08:14:22
Ti li najde da zboruvas za nevrabotenost!!Kolku pari ukrade vladata na Ljubco Bugarot!!! Predavnici!!!
Од: Uko
Датум: 01.09.2010 09:08:06
Nazalost, lavovite se posleden dokaz deka na ovie prostori nema nedostatok na pari tuku na idei. Toa sto nema stranski investicii go tolkuvame so realen nedostatok na povolna pocva za niv, no nedostatokot na idei akumuliranite sredstvata ( na razni nacini) namesto vo proizvdni investicii koi ke otvorat novi rabotni mesta, gi transformira vo mrtov kapital- crkvi, spomenici, neprofitni zgradi, trgovskli centri...
Од: AA
Датум: 01.09.2010 09:13:24
Треба да се додаде дека социјалниот мир во Македонија покрај стапка на невработеност од над 33% го чува и сивата економија околу 50% која сите влади досега па и оваа ја толерираат. Реалната неангажираност на работноспособното население е околу 120 000. Со сивата економија може да се справи влада која прво ќе обезбеди Правна сигурност и Независност на институциите на системот, двете најважни работи за да функционира една држава во секаков поглед. Сите проблеми на Македонија (инвестициите, невработеноста, сивата економија, криминалот, меѓуетничките односи, партискиот антагонизам, моралните и секакви други вредности и др.) доаѓаат од невоспоставување на Правна сигурност(правна држава) и независност на инститции. Кој политичар ќе се покаже маж да го направи ова ќе биде најголемиот патриот. За оваа работа треба луѓе со сериозен BackGround во својата професија а не како досегашниве.
Од: Ајван Доктор®
Датум: 01.09.2010 09:13:45
Наместо лавови,имаме „врапчиња и вампирчиња“,па оттука општопознато е дека не може да стане збор за „Лавовски Реформи“!Ланчаниот систем што следува и што звучи уште позастрашу��ачки од бројот на невработени е што во моментов „произведуваме“ дипломирани незнајковци,кои во моментот кога ќе се вработат ќе продуцираат Апсолутна Нула во Стопанството-Застој од кој нема да може да се извлечеме за поголем временски период!Стопанството ќе трпи најмногу и од Масовната Мастодонтска и целосно Неспособна Администрација која живее на негова сметка!
Од: George
Датум: 01.09.2010 10:09:23
Авторот до некаде е во право, но не потполно. За некои работи, како на пример реалната невработеност, начинот на кој се мери, итн., имаше и коментари, а има и недоречености. Дали во ЕУ како невработени се сметаат оние кои примаат социјална помош и оние кои примаат инвалидска помош? Одговоорт е не, бидејќи во тој случај во земји како Холандија, невработеноста би била и преку 20%. Но тоа е долга дискусија, па да се вратиме на Македонија. Тоа што го прават политичарите и олигарсите, го прават и обичните луѓе, очи си копаат, кој кого да 'зезне'. А сето ова мислам дека е под влијание на разни медиуми за новите вредности на модерното време. Покрај тоа што навистина е потребна правна држава, како и ефикасна администрација, потребни се и други зафати од страна на владата за поддршка на вредностите на едно општество. Со ова и во ЕУ и без неа ќе биде многу подобро. Кога одиме на избори?
Од: mnogu belezi
Датум: 01.09.2010 10:23:09
Sto ostavi i sto ke ostava ovaa vlada otvorite gi ocite i realno kazete: zgolemeni plati na drzavnata administracija za 40% zgolemeni penzii za 40% namaleni pridonesi za vrabotenite subvencii za zemjodelcite kompjuteri za ucenicite rekonstruirani patista rekonstruirani ucilista rekonstruirani bolnici sportski sali(Boris Trajkoski i stadionot Filip vtori) poniski ceni na mobilnite operatori spomenici i zgradi za drzavnite institucii,a za niv ke sudat generaciite i istorijata i uste mnogu,mnogu belezi Sto donesoa i sto napravija prethodnite vladi????
Од: А,без очила
Датум: 01.09.2010 13:11:42
“Без белези“ ај пробај без портокалови очила и напиши што гледаш!
Од: Lavovi
Датум: 01.09.2010 13:39:37
Lavovskite reformi ne nosat provizija ., dodeka lavovovite se povekekratno "dohodovni".Steta sto Den Doncev toa "ne go znae".I den denes nikoj oficijalno ne kazuva kolku kje ne cini vakvata glupost.Predlagam nova izmena na DUP za Centar. Vardar da se pokrie, za da moze da se postavat povekje spomenici. Da ostane samo mostot "Oko" so 39 skulpturi. Of lele majko!!!!!!!!!!!
Од: Силвестер, Сиднеј
Датум: 01.09.2010 14:05:35
Се согласувам Дончо дека треба реформи како што пишуваш, но и читателот подолу А.А. Кој ќе ги направи. Не верувам дека опозицијава сегашна ќе биде таа што ќе ги направи. Ти и самиот знаеш дека во Австралија ако еден економист или обичен работник не даде резултати во првото шестмесечје, тој е аут. А камо ли премиер кој треба да ја води дрзавата. Бранко беше премиер долги години, лугето се крстеа на него, но каде е резултатот? Комплетно руинирано стопанство. Иселени села со плодни ниви, преполовени градови...гробишти до бескрај, а она што останало во депресија и омраза спрема најближниот. Не е само Груевски неспособниот....дрвото е садено накриво.

Најди! во Утрински
Насловна
Советничките функции во ВМРО-ДПМНЕ помили од директорските
Тиквешански
Фалшлив оптимизам за Евроскептицизмот
Заложничка драма во Битола
Остварен сонот да пее пред папата
Пиши ми СМС
Новаци заробено во прав и чад од РЕК „Битола“
Дарен Аронофски ја отвора 67. Мостра
Лозарите од Тиквешијата во паника
Татко и син изрешетени со пиштол во Струга
„Веро“ ги отвора вратите
Во убиството во Охрид учествувал и член на „пинк пантерите“
Карикатура
Вечните „маки“ на првиот училиштен ден
Магазин