Број 3449  сабота, 04 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил








Site Meter
Економија

Деловното опкружување се подобрува, но не се завршени реформите

„Македонија го подобрила деловното опкружување, приватниот сектор може да дејствува на поефикасен начин и државата да ги постигне своите цели за побрз економски раст, но реформите се' уште не се завршени“, оцени вчера шефот на Мисијата на УСАИД во Македонија, Мајкл Фриц, сумирајќи ги резултатите од Проектот за деловно опкружување што официјално заврши вчера.

Во тек на четиригодишниот проект, во кој УСАИД вложи 8 милиони евра, беа спроведени низа активности за поддршка на трговијата, промоција на извозот, добро корпоративно управување, развивање небанкарски финансиски продукти...

Според Фриц, проектот за деловно опкружување беше пионер во јавно-приватните партнерства и помогна во намалување на регулаторниот товар и на другите ограничувања во вршењето на бизнисот. „Таквите интервенции го зголемиле влијанието на приватниот сектор кај Владата и придонеле за зајакнување на улогата на стопанските здруженија во креирањето на економската политика“, додаде шефот на мисијата на УСАИД.

Според Фриц, и покрај постигнувањата, процесот на реформи не е завршен и неопходни се уште активности за поголем прилив на директни странски инвестиции, поголем извоз и зголемен економски раст.

Рамката на политики е во основа соодветно поставена, но, посочи Фриц, проблемот е во имплементацијата што треба да биде фокус на нашите идни проекти. „И покрај силното притискање од страна на Владата за привлекување странски директни инвестиции тие се' уште се ограничени и има нивен пад во изминатите две години. Многу потенцијални инвеститори и понатаму известуваат за фрустрации, поради недостиг од координација, најразлични неефикасности и бирократски пречки и доцнења, особено во однос на земјиштето и добивањето дозволи“, оцени Фриц и додаде дека уште постои итна потреба за насочување и подобра координација на процесот на привлекување инвестиции, но и да се разјаснат улогите во јавниот сектор и одговорностите во таа насока.

Проектот за деловно опкружување, оцени министерот за економија, Фатмир Бесими, бил директна интервенција во срцето на македонските економски реформи. Влијаел на подобрување на деловната клима и на конкурентноста на економијата кои, според Бесими, се очекува да резултираат со доаѓање нови инвестиции, намалување на невработеноста и создавање подобра трговска позиција на Македонија.

„Не завршуваме тука со реформите за подобрување на деловното опкружување иако досега покажавме многу резултати.“, рече Бесими. (Ек.Р.)


#
Статијата е прочитана 198 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Економија
Нема веќе кола на жими мајка
Брендот е препознатливост што се гради и надградув�� со години
„Порше Македонија“ го прослави петтиот роденден
Комерцијална - банка на годината
Новите членки ќе го достигнат економското ниво на ЕУ подоцна
 

Hungarian activists in line for a state shake up
EU reacts frostily to Serbia's Nobel boycott
Former Croatian Prime Minister flees from justice