Комерцијална - банка на годината
Комерцијална банка е прогласена за банка на годината за 2010 во Македонија од економскиот магазин „The Banker“.
„Ова е петти пат Комерцијална да се прогласува за Банка на годината за Македонија од страна на професионалниот светски банкарски и финансиски магазин, издание на групацијата ’Фајненшел тајмс‘, читан во 150 земји во светот“, соопштуваат од Комерцијална банка. Таа претходно беше избирана за банка на годината во 2001, 2002, 2004 и 2005.
Критериуми за избирање на победниците вклучуваат поврат на средства на акционери, стратегиски предности во однос на конкуренти, проценти на пораст на капитал, актива и нето-добивка. (Ек.Р.) |