Број 3449  сабота, 04 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил








Site Meter
Економија

Нема веќе кола на жими мајка

Министерството за финансии, кое досега не правело контроли на лизинг-друштвата, ќе го менува законот и ќе го зголеми основачкиот влог

Соња Маџовска

Нема веќе да се даваат коли на лизинг на жими мајка и да се отвораат лизинг-компании со почетен капитал од само 5.000 евра.

Министерството за финансии, кое досега нема направено ниту една контрола, конкретно, во најстарата и најголема компанија за лизинг во земјава, сега ќе ги зајакнува критериумите за основање и контролата врз работењето на овие друштва.

И првите луѓе на лизинг-компаниите сметаат дека е слабо регулиран овој пазар и дека е потребна построга контрола за да се воспостави ред во работењето. „Од Министерството за финансии, кое е наш регулатор, не ни дошла контрола. Еднаш годишно само ни праќаат писмо дека треба да им испратиме податоци за тоа колку договори сме склучиле во текот на изминатата година. Добро е тоа што ќе се менува Законот, и, конечно, ќе се воведе ред. Не може за лизинг-компаниите што се занимаваат со финансиска дејност, да нема утврдено осоновачки влог, па сега можат да се регистрираат како најобично трговско друштво со 5 илјади евра почетен капитал, што не е соодветно за финансиска институција што презема ризици“, велат од НЛБ „Лизинг’, компанија што деновиве прослави 10 години од работењето на македонскиот пазар. Таа не прецизира колкав треба да биде почетниот капитал за основање лизинг-компанијата, но вели дека треба да има соодветен сооднос меѓу капиталот и пласманите на фирмата. „Зависно од тоа колку работи и колкав е пласманот, толкаво покритие треба да има фирмата. НЛБ „Лизинг“ моментно располага со капитал од 4,5 милиони евра, а започнавме со 150.000 евра“, објаснуваат од оваа компанија. Според нив, ако се бара од фирмите повисок основачки влог и адекватност на капиталот, тогаш нема толку лесно да се одобруваат автомобили на лизинг, туку построго ќе се цени ризикот. Ќе се бараат и поголеми резервации за лошите пласмани, кои сега не ги прават фирмите оти не им се признаваат.

Од Министерството за финансии се' уште не обелоденуваат кој ќе биде минимумот за основање лизинг-друштвата.

„Според препораките во извештајот на Европската комисија, во 2011 година се планираат измени во регулативата за лизинг-компаниите, со која ќе се зајакнат критериумите за лиценцирање на акционерите на лизинг-друштвата. Исто така, се планира воведување основна главнина. Имено, за да се развие пазарот на лизинг во земјава, беше укината основната главнина, но сега, бидејќи се создадени услови, се размислува таа да се утврди. Измените се во насока на обезбедување поголема сигурност на пазарот на лизинг во Македонија“, велат од Министерството за финансии.

Дали ова значи дека заврши времето на лесно отворање лизинг-компании и уште полесно одобрување на автомобили, кои поради неплаќање, завршуваат на паркинзите на лизинг-компаниите, се' ќе зависи од тоа колку Министерството за финансии ќе им го стегне ременот. Познато е дека лизинг-компаниите во изминативе години пласираа автомобили без учества или со ниски учества, па откако тие ќе се запленат, не можат да ги продадат.

Досега во Македонија има издадено 10 лиценци за работа на лизинг-компании. Тие најмногу финансираат возила или 60 отсто, 13 отсто отпаѓаат на финансирање товарни возила, а 22 на опрема.




#
Статијата е прочитана 2049 пати.

Испрати коментар


Најди! во Утрински
Економија
Брендот е препознатливост што се гради и надградува со години
„Порше Македонија“ го прослави петтиот роденден
Деловното опкружување се подобрува, но не се завршени реформите
Комерцијална - банка на годината
Новите членки ќе го достигнат економското ниво на ЕУ подоцна
 


Bosnia struggles to form state and entity governments
Bulgarian politicians caught in luxury phone trap
Thousands still missing from Yugoslavian wars