Број 2950  вторник, 31 март 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Хроника

Обвинет за обид за убиство тврди дека е жртва на изнуда

Дури од трет обид започна судењето на скопјанецот Бобан Ѓуровски, обвинет за обид за убиство на Дејан Пановски-Дешо, инаку познат по тоа што учествуваше во ланската престрелка во кафулето „Инсомнија“ на кејот на Вардар.

„И по четири месеци поминати в притвор јас не можам да најдам одговор: зошто Пановски ме обвинува мене за нешто што не сум го направил. Ние се познаваме повеќе од десет години и никогаш не сме се скарале. Но кога на 25 февруари на посета во затвор ми дојдоа лица коишто ги знае и судот, и кои ми дадоа непристојни предлози, сфатив дека од мене се бараат пари“, изјави обвинетиот Ѓуровски. Тој појасни дека преку посредник, на средба во Велес, од него биле побарани 100.000 евра, а истата сума била побарана и преку неговиот бранител. За возврат, според обвинетиот Ѓуровски, оштетениот Дејан Пановски-Дешо ќе го сменел исказот и тој ќе излезел од притвор.

„Ова е фотографијата на моето дете кое се роди откако ме притворија, рече обвинетиот, покажувајќи ја сликата на неговото прворедено дете, и продолжи: Детето се' уште не сум го видел, а ако лажам никогаш и да не си го видам. Сите знаат дека Пановски се занимава со другите луѓе, а јас сум 100 проценти невин и тоа сакам да го докажам во оваа судска постапка“.

Обвинетиот детално ја опишуваше критичната вечер, пристетувајќи и повикувајќи се на некои луѓе кои биле со него, а кои треба да го потврдат неговото алиби за 28 октомври минатата година кога се случи настанот. Ѓуровски вели дека тој немал никаков мотив за таквото дело за кое се товари, но затоа, пак, кај оштетениот Пановски наоѓа мотив во изнуда на пари. Изнудата тој ја поврзува со купувањето на станот, чиј претходен сопственик му должел пари на пријател на Пановски. Според обвинетиот, оној момент кога Пановски разбрал за купувањето на станот започнале и неговите проблеми.

Сведочењето на оштетениот Пановски се случи о��како обвинетиот Бобан Ѓуровски го потврди неговиот идентитет. Имено, Пановски немаше лична карта, а патната исправа му е земена од судот. Оштетениот пред судот рече дека во него пукал Ѓуровски. Исказот на Пановски е и единствениот доказ на кој се повикува и Јавното обвинителство, но сега се очекува распит на сведоците кои ќе треба да дадат појасна слика за настанот што се случи во зграда во населбата „Јане Сандански“ во Скопје. (Љ.С.)


Статијата е прочитана 789 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Хроника
Со лажни картички празнеле банкомати
Обвинителката жестоко го нападна Васил Тупурковски
Убиство и пет самоубиства за 24 часа
Камионџијата не дојде да сведочи за Тоше
Пожар во гимназија во Скопје
Кривични пријави за тројца ученици во Струга