Број 2950  вторник, 31 март 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Хроника

Обвинителката жестоко го нападна Васил Тупурковски

Со многу жар во својот настап јавната обвинителка Вилма Русковска вчера го даде својот завршен збор во процесот што подолго време се води против поранешниот прв човек на Агенцијата за обнова и развој, Васил Тупурковски, и неговиот заменик Јован Андонов.

Обвинителката најпрвин се повика на конечниот ревизорски извештај за 2002 година, според кој се' започнало со спогодбата од 23 јули 1999 година за заем од 20 милиони долари, а кој бил склучен помеѓу Република Македонија и Комерцијалната банка на Кина. Русковска рече дека обвинувањат не се само од Обвинителството, туку и од Државниот завод за ревизија, кој кажал дека АОР самата префрлала кредити беа притоа да постојат одредени критериуми. За Обвинителството е неоспорно дека АОР ги поседувала средствата и дека Агенцијата решавала со кого ќе биде потпишан договор и кому ќе му биде доделен кредит. Таа рече дека е невозможно имателот на средствата да дозволи банката да му наложува каде ќе ги насочува тие.

Јавната обвинителка рече дека Владата дала согласност за кредит од 7,5 милиони долари и тоа за откуп на тутун, но дека немало согласност и за живинарски фарми и за откуп на грозје. Русковска во својот завршен збор рече дека поранешните министри Борко Андреев и сегашниот кандидат за градоначалник Марјан Ѓорчев сведочеле како што сведочеле, бидејќи не знаеле што содржела спогодбата за заем од банката во Тајпеј.

„Очигледно дека со овие луѓе не живееме на иста планета, а не, пак, во иста држава“, рече Русковска, посочувајќи ги притоа двајцата обвинети. За неа е несфатливо како може стечаен управник да знае дека фирма во стечај не може да конкурира за кредитна линија, а професор по правни науки тоа да не го знае, алудирајќи притоа на кредитор што АОР и' го одобрил на кочанската фирма ИФВ. Обвинителката рече дека не е точно тоа оти за добиваме на кредит требало да се приложи и развојна ��рограма и се праша како дошло до тоа кредитите за живинарските фарми да завршат кај фирмата „Тикон“, но и дека не е познато што се случило со домашното вино, како и тоа дека Тупурковски и по окончувањето на функцијата директор на АОР, сепак, од Владата ги имал сите овластувања. На крајот од својот завршен збор обвинителката рече дека кредитите не само што не се вратени туку дека државава двапати годишно плаќа за каматите на тајванските кредити.

Судењето продолжува денеска со завршен збор на обвинетите и на нивните бранители. (Љ.С.)


Статијата е прочитана 1671 пати.

Испрати коментар

Од: barbiUsa
Датум: 31.03.2009 06:48:30
Tupirkovski e neprijatel na Makedonskiot narod i treba da se proglasi Persona-nongrata vo Mk,pa neka prodava pufki vo Amerika i onaka nikoj ne go slusa
Од: Davor Kamenko
Датум: 31.03.2009 09:31:07
Kade se sega Vmro da dadat izjava? Neli zaedno bevte kandidati so Tupurko? Sami i vie vikavte kako ke donesete milijarda dolari vo investicii! Zarem vie ne znaevte deka laze covekot? Ova samo pokazuva so kakvi lugje pravite koalicija samo za da dojdete na vlast! Kriminalci, Kvazi politicari, se samo da uspeete da go drzite narodot pod vasha kontrola! Pri kraj vi e vremeto! Ke se svesti narodot od ovaa lazna nacionalnost sto mu ja prodavate! Site dlaboo vo sebe znaeme deka ne sme BUGARI i deka nemame nisto zaednicko so onoj identitet sto go nametnuvate!!! Pa kriva vi e grcija posle! Potomci sme na KIRIL I METODIJ! - zaboravenite graditeli na svetskata kultura i pismenost!!!
Од: realnosta
Датум: 31.03.2009 09:34:23
100 g robija,do krajot na zivotot i neka rmba vo nekoi kamenolomi,ne samo on,site kako nego,koi ja opljackaa MKD.

Најди! во Утрински
Хроника
Со лажни картички празнеле банкомати
Убиство и пет самоубиства за 24 часа
Камионџијата не дојде да сведочи за Тоше
Обвинет за обид за убиство тврди дека е жртва на изнуда
Пожар во гимназија во Скопје
Кривични пријави за тројца ученици во Струга