Со лажни картички празнеле банкомати
Двајца бугарски државјани биле фатени на дело додека се обидувале со лажни кредитни картички да подигнат пари од банкомати во Скопје. Во МВР велат дека двајцата Бугари на возраст од 25 години, овој криминал го практикувале подолго време, во кое успеале да подигнат поголемо количество пари.
„Фалсификатот на платежните картички се состои во тоа што на разни пластични картички (гифт картички, картички за гориво и сл.) им е вметнат магнетен дел со оригинални податоци од германски и австриски државјани, за кои имале сознанија дека имаат поголем кредитен лимит“, тврдат во МВР. При претрес во возилото со кое патувале и во хотелската соба каде што престојувале, биле пронајдени 37 фалсификувани платежни картички, 153.510 денари и 3.205 евра, соопшти МВР. (Г.А.)
|