Пожар во гимназија во Скопје
Запалена електрична инсталација предизвика пожар во подрумот на гимназијата „Панче Арсовски“ во скопската населба Автокоманда. Густиот чад што се ширеше од пожарот, кој избувнал вчера околу 15 часот, предизвика голема паника меѓу учениците и персоналот на гимназијата, кои го напуштаа објектот. По брзата интервенција на пожарникарите, огнената стихија беше ставена под контрола. (Г.А.) |